Петит Невис (англиски: Petit Nevis, „Мал Невис“) е мал остров во Карипското Море, дел од групата на острови Гренадини, во независната островска држава Свети Винцент и Гренадини. Островот не е населен. Во близина на северниот брег има мала издигната карпа.

Петит Невис
Географија
МестоКарипско Море
Координати12°58′27″N 61°14′37″W / 12.974031° СГШ; 61.243522° ЗГД / 12.974031; -61.243522 (Petite Nevis)
Држава
Дополнителни податоци
приватен [1]

Географија

уреди

Островот e со вкупна големина од 0,28 км2. Петит Невис се наоѓа јужно од островот Бекија. Помеѓу Бекија и Петит Невис се наоѓаат малите карпи Семплерс Ки и Сент Елерс Ки.[2] Овој остров не е населен, но се користи од ловци на китови. Сепак ловењето на китови сега е ограничено со закон.

Последниот сопственик на островот била Ејлин Корија, која умрела во јули 2011. Денес островот е под управа на потомците од претходните сопственици.

Наводи

уреди
  1. Petit Nevis - Private Island St. Vincent and the Grenadines Sotheby's International Realty
  2. Mapcarta, 2018. Petit Nevis, St Vincent. Accessed 2018-03-30.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди