Бекешчаба
Бекешчаба (унгарски: Békéscsaba, словачки: Békešská Čaba) — град кој се наоѓа во Унгарија, смештен во југоисточниот дел на земјата. Бекешчаба е административен центар на округот Бекеш.
Békéscsaba Бекешчаба | |||
---|---|---|---|
Воздушен поглед на градот. | |||
Координати: 46°40′44″N 21°05′28″E / 46.679° СГШ; 21.091° ИГД | |||
Држава | Унгарија | ||
Округ | Бекеш | ||
Површина | |||
• Вкупна | 193,94 км2 (7,488 ми2) | ||
Население (2001) | |||
• Вкупно | 66.377 | ||
• Густина | 342/км2 (890/ми2) | ||
Час. појас | CET (UTC+1) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
Поштенски код | 5600 | ||
Повик. бр. | 66 |
Градот има население од 64.852 луѓе според пописот од 2008 година. Бекешчаба е главен центар на националното словачко малцинство во Унгарија.
Градот Бекешчаба од главниот град на државата, Будимпешта е оддалечен околу 220 километри југоисточно.
Градот се наоѓа во источниот дел на Панонската низинa. Градот нема река која што поминува низ него, но реката Кереш се наоѓа блиску до него - на само 10 км северно. Климата во градот е умерено континентална.
Население
уредиЕтнички групи
уредиБекешчаба денеска има околу 64.000 луѓе, а бројот на населението опаѓа веќе 20 години. Некогашното бројно еврејско население целосно исчезнало во Втората светска војна.
Најголем дел од населението денеска го сочинуваат Унгарците (92%), но во градот се присутни и Словаците (6%).
Религија
уредиСпоред религијата Бекешчаба е доста хетерогена:
- Римокатолици - 24,2%
- Протестанти - лутеранци - 20,5%
- Протестанти - калвинисти - 10,9%
- други - 2,1% (најмногу Христијани)
- Атеисти - 30,5%
Галерија
уреди-
Градската гимназија.
-
Католичка катедрала.
-
Лутеранска црква.
-
Градскиот театар.
Надворешни врски
уреди„Бекешчаба“ на Ризницата ? |
- Официјална страна Бекешчаба на унгарски и англиски јазик
- Слика на градот Архивирано на 8 февруари 2005 г.
- Панорама на градот