Список на цареви од династијата Чјинг
список на статии на Викимедија
(Пренасочено од Список на цареви од династијата Ќинг)
Династијата Чјинг била основана како „Подоцнежна династија Џин“ во 1616 г. од страна на Нурхачи, Манџурец од кланот Ајсин-Гјоро, додека пак неговиот син Хунг Тајџи ја преименувал династијата во „Чјинг“ во 1636 г. Династијата владеела сè до 1912 г. Во самата Кина, дианстијата Чјинг ја наследила династијата Минг во 1644, за време на царот Шунџе. Затоа, политички земено, царот Шунџе е првиот цар од оваа династија кому правилно му следува титулата Цар на кина. Династијата брои вкупно 12 владетели започнувајќи од Нурхачи, од кои 10 биле владетели на самата Кина. Династијата Чјинг била оборена во Синхајската револуција во 1911, иако последниот цар не абдицирал во полза на Република Кина сè до зимата 1912 и си ја задржал титулата сè до 1924 г.
Список на цареви
уредиРодено име1 | Посмртно име2 (кратка форма) Кинески, Манџурски |
Храмно име2 | Владетелско име Кинески, Манџурски |
Владеел | Најпозат по името |
Слика |
---|---|---|---|---|---|---|
Нурхачи 努爾哈赤 пинјин: Nǔ'ěrhāchì |
Гаоди 高帝 Dergi hūwangdi |
Тајцу 太祖 |
Тиенминг 天命 (1616-1626) |
1616-1626 | Нурхачи | |
Хуанг Тајџи 皇太極 |
Венди 文帝 Genggiyen su hūwangdi |
Тајцунг 太宗 |
Тиенцун 天聰 Abkai sure 1627-1636; Чунгде 崇德 Wesihun erdemungge 1636-1643 |
1626-1643 | Хуанг Тајџи | |
Фулин 福臨 |
Џангди 章帝 Eldembure hūwangdi |
Шицу 世祖 |
Шунџе 順治 Ijishūn dasan |
1643-16615 | Шунџе | |
Сјуенје 玄燁 |
Женди 仁帝 Gosin hūwangdi |
Шенгцу 聖祖 |
Кансји 康熙 Elhe taifin |
1661-1722 | Кансји | |
Јинџен 胤禛 |
Сјенди 憲帝 Temgetulehe hūwangdi |
Шицунг 世宗 |
Јунгџенг 雍正 Hūwaliyasun tob |
1722-1735 | Јунгџенг | |
Хунгли 弘曆 |
Чунди 純帝 Yongkiyangga hūwangdi |
Гаоцунг 高宗 |
Чиенлунг 乾隆 Abkai wehiyehe |
1735-1796 (died 1799)6 |
Чиенлунг | |
Јунгјан 顒琰 |
Жујди 睿帝 Sunggiyen hūwangdi |
Жензцунг 仁宗 |
Џјачјинг 嘉慶 Saicungga fengšen |
1796-1820 | Џјачјинг | |
Мининг 旻寧 |
Ченгди 成帝 Šanggan hūwangdi |
Сјуенцунг 宣宗 |
Даогуанг 道光 Doro eldengge |
1820-1850 | Даогуанг | |
Јиџу 奕詝 |
Сјенди 顯帝 Iletu hūwangdi |
Венцунг 文宗 |
Сјенфенг 咸豐 Gubci elgiyengge |
1850-1861 | Сјенфенг | |
Цајчун 載淳 |
Јиди 毅帝 Filingga hūwangdi |
Муцунг 穆宗 |
Тунгџе 同治 Yooningga dasan |
1861-18757 | Тунгџе | |
Цајтјен 載湉 |
Џингди 景帝 Ambalinggū hūwangdi |
Децунг 德宗 |
Гуангси 光緒 Badarangga doro |
1875-19087 | Гуангси | |
Пуји 溥儀 познат и како Хенри |
Синди 8 遜帝 |
9 | Сјуентунг 宣統 Gehungge yoso |
1908-192410 († 1967) |
Сјуентунг | |
1 Презимето на династијата Чјинг Ајсин-Гјоро (愛新覺羅 aixin jueluo), но кај Манџурците не било вообичаено да се наведува презимето или кланот заедно со личното име на поединецот. | ||||||
2 Бидејќи честопати се случувало повеќе цареви од различни династии да делат посметни и храмни имиња, пред нив се наведува династијата, (во случајов Чјинг) за да не дојде до забуна. На пример, царот Чиенлунг честопати се среќава споменат како Чјинг Гаоцунг. | ||||||
3 Нурхачи ја основал династијата Џин (金) т.е. Подоцнежната дијастија Џин (後金) во 1616 г, но дури неговиот син Хунг Тајџи го променил името на династијата во Чјинг во 1636 г. Нурхачи го зел владетелското име Тиенминг но неговите титули како владетел од династијата Чјинг му се дадени посмртно. | ||||||
4 Хунг Тајџи во некои историски книги погрешно се наведува како Абахај (阿巴海). | ||||||
5 Царот Шунџе бил првиот цар од династијата Чјинг, кој владеел со самата Кина по окупацијата на Пекинг во 1644 г. | ||||||
6 Царот Чиенлунг се повлекол од функцијата во 1796, и ја зел титулата Почесен цар (太上皇帝). Ова го сторил од почит кон неговиот славен дедо Канси, за да не владее подолго од него. Меѓутоа тој сепак имал врховна власт сè до смртта во 1799. Тогаш него го наследил синот Џјачјинг, кој бил крунисан три години пред тоа. | ||||||
7 Царицата-вдовица Цеси, конкубина на царот Сјенфенг, мајка на царот Тунгџе, и маќеа на царот Гуангси, ги применувала своите големи политички способности за да владее зад престолот или на него од 1861 до смртта во 1908 г. Била намесник за време на малолетствата на двата млади цара и го притворила царот Гуангси во Летниот дворец откога се обидел да воведе реформи во 1898 г. Смртта на царот Гуангси била објавена еден ден пред нејзината. | ||||||
8 Синди („абдицираниот цар“) е посмртно име на Пуји кое се употребува историската литература во Кина и тајван. | ||||||
9 Во 2004 потомците на царското семејство Чјинг му доделиле посмртно име и храмно име на Пуји. Посмртно име: Минди (愍帝). Храмно име: Гунгцунг (恭宗). Преостанува да се види дали кинеската јавност ќе ги прифати овие имиња. | ||||||
10 Династијата Чјинг била оборена во 1911, а последниот цар Сјуентунг официјално абдицирал на 12 февруари 1912. Меѓутоа на истиот ден Република Кина донела „Одредби за благонаклонет третман на Царот на големата династија Чјинг по неговата абдикација“ (清帝退位優待條件) со што му се дозволувало да ја задржи титулата и дека републичката влада ќе го третира со протокол како оној наменет за странски владетели. Овие одредби биле преработени на 5 ноември 1924, по извршениот пуч на генералот Фенг Јисјанг: сега новите одредби налагале дека Сјуентунг повеќе нема право на титула и со тоа станува обичен граѓанин на Република Кина. Истиот ден Сјуентунг бил изнесен од Забранетиот град. Така, Сјуентунг бил на власт сè до 12 февруари 1912 (и накратко помеѓу 1 јули и 12 јули 1917), и цар без власт од 12 февраури 1912 до 5 ноември 1924. Сјуентунг подоцна станал водач на марионетската држава Манџукуо (Манџурија) под јапонска контрола, со владетелското име Датунг (大同) (1932-1934), а потоа и марионетски цар на истата држава под владетелското име Канде (康德) (1934-1945). |