Список на фудбалски ривалства во Македонија
Ова е список на главните фудбалски ривалства во Македонија.
Вечно дерби
уредиВечно дерби, познато и како Македонско дерби или Дерби на Македонија, е името дадено на натпреварите помеѓу двата најпопуларни клуба од Македонија, скопскиот ФК Вардар и битолскиот ФК Пелистер,[1] поддржани од Комити Запад и Чкембари соодветно, при што навивачите на моменти неславно се занимаваат со хулиганство за време на дербито.[2][3]
Ривалството меѓу овие два клуба потекнува од сезоната 1990/91 кога за време на натпревар од Втората југословенска лига се случил инцидент. Од тој ден, започнало големото ривалство меѓу Комити и Чкембари со тоа што натпреварот Вардар-Пелистер станал вечното дерби на Македонија.[4][5][6]
Градски дерби натпревари
уредиСкопски дерби натпревари
уреди- Скопско дерби (или Старо скопско дерби): ФК Вардар — ФК Работнички[6][7]
Тоа е едно од најстарите познати дерби натпревари во Македонија. Овие два клуба за првпат се сретнале во 1951 година во југословенската втора лига со победа од 2:1 на Работнички. Комедија наречена „2:1“ ја напишал писателот Васил Иљоски за да го запамети настанот. Двете екипи го делат истиот стадион, Националната арена „Тоше Проески“.
Дерби само поради навивачите на клубовите. Навивачите на Вардар се етнички Македонци, додека навивачите на Шкупи се етнички Албанци. Ова дерби се родило по создавањето на Првата македонска фудбалска лига бидејќи претходно Шкупи настапувал во помалите југословенски лиги. До 2012 година дербито било со клубот Слога Југомагнат.
- Дерби на Автокоманда: ФК Скопје — ФК Металург[6]
Двата клуба играат на истиот стадион, Стадион Железарница.
- Дерби на Драчево: ССК Младинец — ФК Драчево[6]
Дерби помеѓу два клуба од скопската приградска населба Драчево
- Дерби на Лисиче: ФК Горно Лисиче — ФК Победа Долно Лисиче[6]
Дерби помеѓу два селски клуба во близина на Скопје, сместени на брегот на реката Вардар.
Други градови
уреди- Кичевско дерби: ФК Напредок — ФК Влазрими[6]
- Прилепско дерби: ФК Победа — ФК 11 Октомври[6]
- Струмичко дерби: ФК Беласица — ФК Тиверија и ФК Беласица — ФК Академија Пандев[6]
- Тетовско дерби: ФК Тетекс — ФК Шкендија[6][9][10]
Битката за градот Тетово е етнички поделена. Со оглед на тоа што навивачите на Тетекс се етнички Македонци и оние на Шкендија етнички Албанци, јасно е зошто ова е големо дерби.
Има многу други клубови кои се од ист град, но бидејќи тие се сретнале само неколку пати, тие натпревари не можеме да ги наречеме вистински дерби натпревари.
Регионални дерби натпревари
уредиДерби помеѓу двата најдобри клуба од два града со жестоко ривалство, Битола и Прилеп, двата сместени во античката македонска провинција Пелагонија.
Тиквеш од Кавадарци и Вардар од Неготино го формираат ова дерби меѓу двата града за производство на вино кои имаат жестоко ривалство. Ривалството не е застапено само во фудбалот, туку и меѓу граѓаните на двата града.
Дуел на двата најголеми клуба од источниот дел на државата, Брегалница од Штип и Беласица од Струмица.
Дерби на две екипи со иста идеологија, всушност навивачи кои се сметаат себеси за македонски патриоти и православни христијани. Навивачките групи Комити Запад на Вардар и Војводи на Тетекс се официјално збратимени.
Двата клуба се наоѓаат во двата града кои лежат на брегот на Охридското Езеро, Охрид и Струга. Оттаму доаѓа и името на дербито.
Дерби помеѓу двата најголеми етнички албански клубови во Македонија.
Најголемо етничко дерби во Македонија. Навивачите на Вардар се етнички Македонци, додека навивачите на Шкендија се етнички Албанци.
Навивачките групи Чкембари на Пелистер и Лозари на Тиквеш се официјално збратимени.
Дерби настанато по осамостојувањето на Македонија, кога газдата на Силекс, Љубисав Иванов - Ѕинго, станал претседател на Фудбалската федерација на Македонија.
Дерби помеѓу клубовите од градовите Делчево и Македонска Каменица сместени во регионот на Пијанец.
Осогово од Кочани и Слога 1934 од Виница го формираат ова дерби помеѓу двата оризопроизводители града.
Рудар од Пробиштип и Саса од Македонска Каменица, два града значајни по своите рудници.
Дерби помеѓу клубовите од градовите Берово и Пехчево сместени на Малешевските Планини.
Дерби меѓу два мали клуба од две блиски села поврзани со жестоко ривалство.
Поранешни дерби натпревари
уреди- Дерби на Чаир: ФК Балкан — ФК Шкупи[6]
- Дерби на Карпош: ФК Алумина — ФК Локомотива[6]
Во летото 2008 година, Алумина била преземена од управата на Брегалница од Штип. Оттогаш името на клубот било сменето во Брегалница 2008, а клубот натпреварите почнал да ги игра во Штип, па дербито престанало да постои.
Наводи
уреди- ↑ „Пелистер е преслаб и за комбинираниот тим на Вардар“. web.archive.org. 2015-10-23. Архивирано од изворникот на 2015-10-23. Посетено на 2024-01-29.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Wayback Machine“. web.archive.org. 2018-10-03. Архивирано од изворникот на 2018-10-03. Посетено на 2024-01-29.
- ↑ „Прекин во Прилеп: Пресметка Чкембари - Комити, фрчeа камења и столчиња на сите страни! (ФОТО)“. web.archive.org. 2015-10-28. Архивирано од изворникот на 2015-10-28. Посетено на 2024-01-29.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Wayback Machine“. web.archive.org. 2018-10-03. Архивирано од изворникот на 2018-10-03. Посетено на 2024-01-29.
- ↑ „Interview with Komiti Zapad (Vardar Skopje, Macedonia)“. Ultras-Tifo (англиски). Посетено на 2024-01-29.
- ↑ 6,00 6,01 6,02 6,03 6,04 6,05 6,06 6,07 6,08 6,09 6,10 6,11 6,12 6,13 6,14 6,15 6,16 6,17 6,18 6,19 6,20 6,21 6,22 6,23 6,24 6,25 „Macedonian Football | MACEDONIAN DERBIES“ (англиски). Посетено на 2024-01-29.
- ↑ „Vardar Skopje - Rabotnicki Skopje 30.11.2014“. Ultras-Tifo (англиски). Посетено на 2024-01-29.
- ↑ „Shkupi - Vardar 03.04.2016“. Ultras-Tifo (англиски). Посетено на 2024-01-29.
- ↑ „2015/03/01 – FK Teteks Tetovo vs KF Shkëndija Tetovo | sportandtravel.de“. www.sportandtravel.de. Посетено на 2024-01-29.
- ↑ „In de Wandelgangen - Oost, west, thuis best: KF Shkëndija'79 - FK Teteks“. web.archive.org. 2016-08-27. Архивирано од изворникот на 2016-08-27. Посетено на 2024-01-29.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Фудбалско лудило во Кавадарци: Тиквеш и Вардар Неготино собраа 5.000 навивачи - Екипа - Екипа“. web.archive.org. 2016-09-16. Архивирано од изворникот на 2016-09-16. Посетено на 2024-01-29.