Чеган (грчки: Άγιος Αθανάσιος, Агиос Атанасиос, до 1926 г. Τσέγανη, Цегани[2]) — село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Воден на Постолскиот округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 67 жители (2011) и до денес е целосно населено со Македонци.[3] Традиционална селска слава е Спасовден. Поновото село Нов Чеган (грчки: Νέος Άγιος Αθανάσιος, Неос Агиос Атанасиос), 4 км северозападно од Чеган има 451 жител (2011).

Чеган
Άγιος Αθανάσιος
Поглед на Чеган
Поглед на Чеган
Чеган is located in Грција
Чеган
Чеган
Местоположба во областа
Чеган во рамките на Воден (општина)
Чеган
Местоположба на Чеган во општината Воден и областа Централна Македонија
Координати: 40°51.31′N 21°46.06′E / 40.85517° СГШ; 21.76767° ИГД / 40.85517; 21.76767
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостол
ОпштинаВоден
Општ. единицаОстровско Езеро
Надм. вис.&100000000000012200000001,220 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно67
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба уреди

Селото се наоѓа во југозападните падини на планината Ниџе, 30 км западно од Воден и надморска височина од 1.220 м.[3] Селото е изградено на висорамнина високо на составната планина Мала Ниџе, во борови шуми под врвот Пиперица (1.998 м). Во атарот влегува и некогашното село Бегна, каде жителите на Чеган имаат имоти останати од времето кога било посебна населба.

Историја уреди

Османлиско време уреди

Познато е дека црквата „Вознесение Христово“ во Чеган датира од 1700 г.[4] Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович го опишал Чегано како македонско[5] село.[6] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Чеганче (Tchegantche) имало 124 домаќинства со вкупно 547 жители Македонци[7].[8]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Чеган живееле 750 Македонци[7].[9]

По Илинденското востание целото село потпаднало под црковно владеење на Бугарската егзархија.[10] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Чеган има 1 200 Македонци[7] под егзархијата.[11]

Во 1902 г. Христо Силјанов запишал за Чеган:

Од Жерве се кинисавме за Чеган, самотно сточарско село, живописно сместено на висока падина на Ниџе. Патот не е долг, но главоломно стрмен и исцрпувачки.

Веќе навикнат на тешки походи, не се обесхрабрив од предупредувањето на другарите дека одиме во највисокото село во нашето подрачје. Но тие имаа право. Добро го запомнив Чеган по бревтањето по стрмнината, по првобитноста на неговите жители, со густото кисело млеко што ни го донесоа и со онаа особена тешка миризба на овчи кожи и добиток која се впила и во луѓето и во сите нивни работи.[12]


През 1908 г. в селото се открива народно училиште. Според просветниот деец Георги Трајчев, ова било четиригодишно основно училиште, а имало и едно забавиште.[13]

Припојување кон Грција уреди

 
Куќа во Чеган

Со Букурешкиот договор во 1913 г. е припоен кон грчката држава, кога имал 1.043 жители.[3] При акцијата за собирање на оружје, грчките единици на чело со грчкиот свештеник претепале шестмина жители на селото.[14]

За време на Првата светска војна во август 1916 г. на подрачјето на Чеган се развивала големата Чеганска офанзива (Леринска битка) меѓу Бугарите и Антантата, по што за кратко Бугарите успеваат да го заземат селото. Во 1920 г. во Чеган се евидентирани 948 жители. Во 1926 г. селото е преименувано во Агиос Атанасиос,[15] но името „Цегани“ се употребува и денес.[16]

Втора светска, Граѓанска војна и преселување уреди

Чеган значително настрадал Втората светска и Граѓанската војна, во кои многу жители загинале како активни борци во борбата против фашизмот.[3] Бројни семејства биле принудени да се иселат во Р Македонија и источноевропските земји, а самото село останало напуштено.[3] Жителите биле преселени нешто пониско, во новосоздаденото село Нов Чеган (Неос Агиос Атанасиос), 8 км северозападно од старото. По нормализацијата на состојбите, дел од жителите се вратиле и го обновиле селото,[3] но населението веќе било значајно намалено и понатаму опаѓало, за што сведочи фактот што денес тоа има само 67 жители. Присилното иселување на селаните се смета за политичко-стратешка одлука, со цел да се олесни нивната асимилација поради блискоста на новото место со сообраќајниците.[3] Старото село на почетокот на XXI век во голема мера станало туристичка атракција во се изградени десетици нови куќи во традицонален стил со камени и современи ќерамидни покриви, сепак губејќи го автентичниот изглед.

Стопанство уреди

 
Поглед кон (Стар) Чеган (горе десно) и Нов Чеган (долу лево) од Ниџе.

Жителите на Чеган се занимаваат претежно со сточарство, но произведуваат и многу ореви, костени, цреши како и ограничени количества пченица и пченка.[3]

Население уреди

Намалувањето на жителите се должи принудната преселба на жителите во Нов Чеган, но и на преселувањето на неколку десетини семејства во градовите во земјата и во странство.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 1395 722 997 703 483 94 184 67
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика уреди

Селото припаѓа на општинската единица Островско Езеро со седиште во Острово, која припаѓа на поголемата општина Воден, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Чеган, каде спаѓа и селото Нов Чеган.

Цркви уреди

Иселеништво уреди

На 26 декември 2008 г. во Скопје е регистрирано „Здружението „Чеган“, со полно име Здружение на бегалците и нивните потомци од Егејскиот дел на Македонија „Чеган“. На 23 мај 2009 г. во организација на здружението во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ е одржана панихида за борците од Чеган загинати во периодот од 1922 до 1949 г. На 28 мај истата година во кругот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, во чест на селската слава Спасовден, претставници од здружението „Чеган“ положиле цвеќе на гробот на Гоце Делчев.

Личности уреди

Родени во Чеган
  • Атанас Поплазаров (1867-?) — војвода на ВМРО
  • Атанас Попов — револуционер на ВМРО, војвода на селската чета од Чеган во Илинденското востание[17]
  • Мара Капитанчева — комунистички деец[18]
  • Мите Чичеков — деец на ВМОРО, убиен од младотурците[19]
  • Мице Чегански (Димитар Христов, 1875 - 1970) — војвода на ВМОРО и ВМРО
  • Пецо Стојанов (? - 1903) — револуционер загинат во Баница
  • Ташо Лаков — револуционер на ВМОРО
  • Христо Василев Колчев — деец на ВМОРО, војвода на четата од родното село, подоцна нелегален четник кај Тане Стојчев, загинал заедно со војводата на 28 јуни 1907 г. кај Чеганските колиби[20]
  • Христо Пандели Колчев (1926-?) — јатак на ЕЛАС (1944-1945), борец на ДАГ (1947-1949), во 1949 г. заминат во Бугарија на лечење и останал да живее во Варна[21]
  • Прим. д-р Јане Димулковски — невропсихијатар[22]
По потекло од Чеган

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Τσεγάνη -- Άγιος Αθανάσιος
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 59–60.
  4. Δήμος Βεγορίτιδας. Ιστορικά & Θρησκευτικά Μνημεία[мртва врска]
  5. нарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската политика
  6. Григоровичъ, Викторъ. Очеркъ путешествія по Европейской Турціи, Москва, 1877, стр. 92.
  7. 7,0 7,1 7,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  8. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 158 - 159.
  9. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1902, стр. 149.
  10. Христо Силянов. Освободителните борби на Македония, том II, София, 1993, стр. 126.
  11. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 190-191.
  12. Силлјнов, Христо. Писма и исповеди на един четник, Македонски научен институт, Софија, 1927.
  13. Етнография на Македония. Извори и материали в два тома, София 1992, т. II, стр. 95, 258.
  14. Генов, Георги. Беломорска Македония 1908 - 1916, Торонто, 2006, стр. 183
  15. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  16. Αγιος Αθανάσιος (Τσέγανη)
  17. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 135.
  18. „Elizabeth Kolupacev Stewart, For Sacred National Freedom: Portraits Of Fallen Freedom Fighters, Politecon Publications, 2009“. Архивирано од изворникот на 2012-03-21. Посетено на 2016-03-04.
  19. Пърличев, Кирил (2005). VІ конгрес на ВМРО (1925). София: Веда МЖ. стр. 127.
  20. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, С. 2001
  21. Пътеводител по мемоарните документи за БКП, съхранявани в Централния държавен архив. Архивни справочници, том 6 (PDF). София: Главно управление на архивите при Министерския съвет. Централен държавен архив. 2003. стр. 223. ISBN 954-9800-36-9. Посетено на 2015-09-02.
  22. „прим. д-р Јане Димулковски“. Македонско научно друштво - Битола. Посетено на 3 април 2016.

Надворешни врски уреди