Бегна
Бегна, Бајна или Бања (грчки: Άγιος Σπυρίδωνας, Агиос Спиридонас; до 1926 г. Μπέγνα, Бегна[1]) — поранешно село во Воденско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Воден на Постолскиот округ во Централна Македонија, Грција.
Бегна Άγιος Αθανάσιος | |
---|---|
Координати: 40°47.48′N 21°46.58′E / 40.79133° СГШ; 21.77633° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Постол |
Општина | Воден |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиОстатоците од селото се сместени на северозападниот брег на Островското Езеро, јужно од Чеган, во чиј атар се наоѓало.[2]
Историја
уредиСелото се распаднало на почетокот на XIX век поради зулумите на разбојничките банди, а населеието пребегнало да живее претежно во Острово, Чеган и Пателе.[2] Доста подоцна, жителите на Чеган тука изградиле колиби за да можат да ги користат имотите.
Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович го опишал Баината како македонско село.[3][4] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Бегна (Bégna) имало 28 домаќинства и 103 жители Македонци-муслимани.[5][6] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Бања (Бајна) живееле 84 Македонци.[7][8]
Во 1913 г. се споменува дека местото има 48 жители. Во 1920 г. не се води како населено место, но во 1928 г. се заведени 25 жители, кои всушност се жители на Чеган.[2] Подоцна селото конечно престанало да се води како населено место, иако жителите на Чеган и понатаму ги користеле колибите за земјоделски активности.[2]
Во 1926 г. местото е преименувано во Агиос Спиридон[9] по старата селска црква „Св. Спиридон“
Наводи
уреди- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπέγνα - Άγιος Σπυρίδων
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 43–47.
- ↑ нарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската политика
- ↑ Григоровичъ, Викторъ. Очеркъ путешествія по Европейской Турціи, Москва, 1877, стр. 92.
- ↑ означувајќи ги како „Помаци“ согласно бугарското гледиште
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 158 - 159.
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1902, стр. 149.
- ↑ „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.