Мала Ниџе

планина во Егејска Македонија

Мала Ниџепланина во Леринско[1], Егејска Македонија, недалеку од границата со Р Македонија. Сртот се протега од југоисток кон северозапад, одделувајќи ги Петерското и Островското Езеро од котлината Пелагонија. Највисок врв е Пиперица со 1.998 м. На север реката Брод ја дели планината од сртот Старков Гроб, а на североисток истата преминува во Ниџе.

Мала Ниџе
Корбец is located in Грција
Корбец
Корбец
Местоположба на Мала Ниџе во Грција
Највисока точка
ВрвПиперица
Надм. височина1.998 м
Координати40°55′51.2″N 21°43′9.4″E / 40.930889° СГШ; 21.719278° ИГД / 40.930889; 21.719278
Географија
МестоЛеринско, Егејска Македонија

Населени места

уреди

На западното подножје на планината се сместени големите села Сетина, Забрдени, Баница и Церово, а на источното се Чеган, Горничево и Петерско.

Во Грција, Мала Ниџе не се поимува како посебна планина, туку како дел од Ниџе.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Планината е сместена во најголем дел во Леринско, но во помали делови навлегува и во општините Воден и Суровичево