Црква „Вознесение Христово“ - Чеган
Вознесение Христово (грчки: Αναλήψεως) — црква во селото Чеган, Воденско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Воденско-постолско-мегленската епархија на Цариградската патријаршија.[1]
Вознесение Христово | |
---|---|
Αναλήψεως | |
40°50′34.92″N 21°46′8.76″E / 40.8430333° СГШ; 21.7691000° ИГД | |
Место | Чеган, Воденско |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Културнонаследна категорија | споменик на културата |
Архит. тип | трикорабна базилика |
Завршена | 1700 |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Воденско |
Епархија | Воденско-постолско-мегленска |
Црквата е гробишен храм, сместен во северниот дел на селото. Изградена е во 1700 г.[2] Претставува трикорабна базилика со дрвен покрив и полукружна апсида, нартекс, женска црква, трем на југ и камбанарија на југозапад. Внатре е зачуван резбан и насликан владички престол во стилот рококо, амвон и иконостас од 1833 г.[1][3] Зачувани се и некои фрески од XIX век во средишниот кораб.[1] Во парохиската црква на Нов Чеган се чувааат икони од оваа црква од XVIII и XIX век, како и евангелие од 1737 г.[1]
Храмот е прогласен за историски споменик на 23 октомври 1995 г.[3]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 „11η Εφορεία Βυζαντινών Αρχαιοτήτων“ (PDF). Αρχαιολογικόν Δελτίον. Αθήνα: Υπουργείο Πολιτισμού. Τόμος 49 (1994), Χρονικά Β'2: 574. 1999. ISSN 0570-622Χ. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-05-10.
- ↑ „ΧΡΙΣΤΟΥΓΕΝΝΑ - ΕΛΛΑΔΑ“. Το Βήμα Online. 5 декември 2010.
- ↑ 3,0 3,1 „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ36/58106/1334/5-1-1995 - ΦΕΚ 117/Β/23-10-1995“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2014-10-24. Посетено на 18 октомври 2014.