Нов Чеган

село во Егејска Македонија

Нов Чеган (грчки: Νέος Άγιος Αθανάσιος, Неос Агиос Атанасиос) — новоизградено село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Воден на Постолскиот округ во Централна Македонија, Грција. Населението е македонско, преселено од старото село Чеган.[2]

Нов Чеган
Νέος Άγιος Αθανάσιος
Нов Чеган is located in Грција
Нов Чеган
Нов Чеган
Местоположба во областа
Нов Чеган во рамките на Воден (општина)
Нов Чеган
Местоположба на Нов Чеган во општината Воден и областа Централна Македонија
Координати: 40°49.96′N 21°47.78′E / 40.83267° СГШ; 21.79633° ИГД / 40.83267; 21.79633
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостол
ОпштинаВоден
Општ. единицаОстровско Езеро
Надм. вис.&10000000000000706000000706 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно451
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото е сместено 4 км источно од Чеган и 8 км северозападно од Острово.[2] Лежи на надморска височина од 706 м.

Историја

уреди

Населбата е подигната во 1980-тите, според властите, поради наводната „геолошката нестабилност“ на старото село и населението на Чеган во голема мера е преселено во него.[2]

Старото село Чеган значително настрадало Втората светска и Граѓанската војна, во кои многу жители загинале како активни борци во борбата против постоечкиот режим.[3] Бројни семејства биле принудени да се иселат во Р Македонија и источноевропските земји, а самото село останало напуштено.[3] Жителите биле преселени нешто пониско, во новосоздадениот Нов Чеган. По нормализацијата на состојбите, дел од жителите се вратиле и го обновиле Чеган,[3] но населението веќе било значајно намалено и понатаму опаѓало, за што сведочи фактот што денес тоа има само 67 жители. Присилното иселување на селаните се смета за политичко-стратешка одлука, со цел да се олесни нивната асимилација поради блискоста на новото место со сообраќајниците, наместо понуденото официјално образложение.

Население

уреди

Како нова населба, Нов Чеган за првпат се јавува во пописот од 1991 г.[2]

Година 1991 2001 2011
Население 342 460 451

Самоуправа и политика

уреди

Селото припаѓа на општинската единица Островско Езеро со седиште во Острово, која припаѓа на поголемата општина Воден, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Чеган, каде спаѓа и селото Чеган.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 52.
  3. 3,0 3,1 3,2 Симовски, стр. 59-60