Цреша
Научна класификација
Царство: Растенија
Оддел: Скриеносеменици
Ред: Розовидни
Семејство: Рози
Род: Слива
Вид: Цреша
Научен назив
Prunus avium
Linneus
Синоними

Cerasus avium

Цреша (научPrunus avium) — листопадно дрвенесто растение од родот на сливите (Prunus), чии истоимени плодови се користат во исхраната на човекот како овошје. Најчесто расте до височина од околу 20 м. Во Европа сè поретко може да се најде во природата, па затоа овој вид дрво денес е загрозен. Црешата е припитомена и има големо значење во овоштарското производство.

Изглед и градба

уреди
 
Лист, цвет и плод на цреша

Црешата може да достигне височина од 30 до 32 метри, а пречникот на стеблото може да биде 50 или повеќе сантиметри. Кората ѝ е светло до темнокафеава со карактеристични хоризонтални линии, кои со текот на времето сè повеќе се здебелуваат и на тие места се појавуваат пукнатини. Од почеток, додека дрвото е уште младо, линиите скоро и да не се забележуваат, а со тек на времето и кората се задебелува, а линиите поминуваат во пукнатини. Кората може и да се лупи во хоризонтални ленти. Листовите се елипсовидни, односно повеќе со јајчест облик, на рабовите се во вид на пила, долги околу 10, а широки околу 5 см. Имаат карактеристични црвенкасто-кафеави жлезди на дршката. Цветот е со бела боја и се наоѓа на втората дршка. Пупките се елипсовидни и зашилени, со темнокафеава боја и прекриени со повеќе лушпи. Цветовите се јавуваат во голем број и се распоредени и групирани густо.

Одлика на целата потсемејство, па и на црешата, е градбата на цветот, кој има едно оплодно ливче. Во плодникот има два семени зачетоци, од кои често само едниот се развива во семе[1]. Плодот е типичнo монокарпнo коскесто овошје, со топчеста форма и има темноцрвена, розеникава или жолта боја. Пречникот му е околу 1 см, а кај одгледуваните сорти може да биде и покрупен. Плодот на црешата е исклучително месест и има сладок вкус.

Животни услови

уреди

На Балканот се јавува во мезофилните шуми во природата. Црешата е хелиофитен вид и бара многу светлина. Успева на суво, сончево земјиште, но повеќе ѝ одговара богато и умерено влажно земјиште.

Распространетост и значење

уреди
 
Плодови на цреша

Црешата е широко распространета во средниот и западниот дел на Европа, на Балканот, Апенинскиот и северниот дел на Пиринејскиот Полуостров. Ја има и на Средоземјето, но се сретнува поретко. Во најјужните делови на Европа расте на нешто поголеми надморски височини. Во Азија може да се најде на Кавказ, Крим и во делови на Мала Азија.

Црешата има големо значење како земјоделско растение, затоа што е припитомена и е едно од најзастапените растенија во овоштарството поради своите вкусни плодови, што се користат во свежа и преработена состојба. Денес со вештачка селекција и облагородување е создаден голем број сорти кои се многу чести овоштарски култури во целиот свет. Бројни се причините за тоа: не бара посебна конструкција во текот на одгледувањето, не бара многу при кроењето, а отпорна е на многу болести и штетници[2].

 
Плодови на цреша

Историја

уреди

Црешата е позната уште од праисторијата, кога за неа знаеле луѓето од бронзеното време, поточно 2000 години п.н.е. Во VIII век п.н.е. црешата веќе била припитомена и луѓето ги користеле нејзините плодови. Се смета дека првите цреши биле огледувани на територијата на Мала Азија и Грција. Покрај тоа што се користи во човековата исхрана, плодовите ги јадат и животните и на тој начин придонесуваат за размножувањето на црешата во природата.

Црешата како лек

уреди

Црешата е особено корисна против болестите на бубрезите и другите уринарни органи, снажен борец е против хипертензијата, а се користи и како моќен диуретик. Според познавачите на народната медицина, црешата е одлична за концентрација, помнење, како и физичка и ментална исцрпеност. Оосбено е делотворна кај лицата што патат од ревма, па затоа лекарите препорачуваат луѓето кој имаат проблеми со ревма и други болести на зглобовите секојдневно да пијат по три чаши свежо исцеден сок од цреша.

Црешата според истражувањата го намалува количеството на мочна киселина и ги смирува воспаленијата. Антицијанидите кој ги има кај црешата се одличен извор за козметички ефект кај жените. Тие ги уништуваат штетните ензими кои се наоѓаат во кожата и со тоа го спречуваат настанувањето на целулитот, го затегнуваат сврзното ткиво, а и штитат од карцином[3].

Производство на цреши во Македонија

уреди

Во Македонија производството во последните години обично се движи помеѓу 5 и 6 илјади тони. Според Заводот за статистика, производството на цреши во Македонија од 2003 до 2022 година, во тони, е следното:[4]


Произведени цреши во Македонија (во тони) (2003-2022)

Црешата како тема во уметноста и во популарната култура

уреди

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Којић М. 2003. Ботаника. Бард-фин: Београд.
  2. Брзица К. 1978. Практично воћарство за свакога. НИРО „Глас": Бања Лука.
  3. „Цреша за здрави зглобови и витка става“. doktori.mk. Архивирано од изворникот на 2017-07-04. Посетено на 2017-09-13.
  4. „МакСтат база на податоци: Земјоделство, Растително производство, Производство на одделни житни, индустриски и градинарски посеви, овошје и грозје, по години“. Посетено на 2024-03-05.
  5. „Оливера Николова, Зоки Поки. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 84-87.
  6. YouTube, 10,000 MANIACS CHERRY TREE (1987) (пристапено на 22.9.2017)
  7. DISCOGS, Tindersticks – Tindersticks (пристапено на 11.5.2024)
  8. „Черешна“Дигитален речник на македонскиот јазик