Ѓупско Кале (Слепче)
археолошко наоѓалиште во Македонија
„Ѓупско Кале“
| |
Местоположба | 41°30′2″N 21°27′6″E / 41.50056° СГШ; 21.45167° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Слепче |
Општина | Долнени |
Тип |
|
Период | хеленистичко време |
Портал „Археологија“ |
Ѓупско Кале — археолошко наоѓалиште во прилепското село Слепче. Претставува тврдина од доцно хеленистичко време. Се наоѓа на височинка, која e на 1,2 км југоисточно од селото и источно од врвот Соколички Камен. Тука се видливи остатоци од мала тврдина. Просторот, голем околу 1 хектар, е опколен со одбранбен бедем граден од кршен камен без варов малтер. Во неговата внатрешност, по површината се гледаат грамади од градежен материјал и голем број фрагменти од керамички садови, питоси, тегули и покривни ќерамиди. Кај Милан Бошкоски од селото се чуваат повеќе антички монети најдени во ова наоѓалиште, меѓу кои една од македонскиот крал Персеј (178-168) и една со портрет на Јанус на аверсот, искована во Тесалоника.[1]
Поврзано
уреди- Бара — некропола од римско време;
- Два Даба — населба од римско време;
- Крст — некропола од римско време;
- Манастириште — населба од римско време;
- Селиште — населба од римско време;
- Селска Црква — осамени наоди од римско време;
- Стара Река — осамен наод од римско време;
- Старо Гумно — некропола од римско време;
- Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско;
Наводи
уреди- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. ISBN 9989649286.
Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |