Новак Ивановски
Новак Ивановски (познат и како Новак Велјанов Ивановски; р. 24 декември 1941 во Слепче, Прилепско) — македонски математичар и универзитетски професор од 1988 година.
Новак Ивановски | ||
Роден | Новак Велјанов Ивановски 24 декември 1941 Слепче, Кралство Бугарија | |
---|---|---|
Националност | Македонец | |
Занимање | математичар |
Животопис
уредиДипломирал во 1964 година на Природно-математичкиот факултет во Скопје во 1964 година, каде бил редовен професор од 1988 година. Магистрирал на Природно-математичкиот факултет во Загреб во 1969 година, а докторирал во 1973 година на Индијана Универзитетот во Блумингтон, САД, со темата „Субнормалност на операторско-тежински шифтови“. Објавил научни трудови во теоријата на оператори и универзитетски учебници. Бил ментор на еден докторант и на 10 магистранти, продекан на Математичкиот факултет (1981-82) и шеф на Институтот за математика на ПМФ (1987-91 и 1999-01).[1]
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Ивановски-Планински“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 589. Text "series " ignored (help)