Ранофламанско сликарство
Историја на холандското и фламанското сликарство | |
Ранофламанско (1400 – 1500) | |
Ренесансно сликарство (1500 – 1584) | |
Златно време (1584 – 1702) | |
Листа на холандски сликари | |
Листа на фламански сликари |
Ранофламанско сликарство или фламанска примитива (употр. во холандски и шпански) — израз кој означува група на сликари активни главно во Ниските Земји во XV и раниот XVI век. Периодот започнува околу времето на Хуберт ван Ејк и завршува со Герард Давид. Овие сликари биле олицетворение истовремено на средниот век и преодот кон ренесансата.
Овој период е паралелен на Италијанската ренесанса, но стилски е различен. Обично се вели дека ова е раноренесансно или доцноготско сликарство.
Поврзаност со италијанската рененсанса
уредиОвој нов стил се јавил во Фландрија речиси истовремено со италијанската ренесанса. Мјасторите на овој стил биле многу почитувани во Италија, и веројатно имале поголемо влијание врз италијанската уметност отколку обратно. Ренесансата не вршела некакво значајно влијание на северот пред 1500. Меѓутоа, додека во Италија гледаме радикални промени во архитектурата, скулптурата и фиолсофијата, револуцијата во Фландрија била ограничена само на сликарството. За сликарството во периодот помеѓу 1500 и пред Осумдесетгодишната војна, видете Холандско-фламанско ренесансно сликарство
Список на сликари
уреди- Алберт ван Ауватер (1444-1515)
- Дирк Баутс (~ 1400/1415-1475)
- Јероним Бос (~ 1450 - 1516) - современик на ранофламанската школа, чиј стил е радикално различен и уникатен.
- Јос ван Васенхове наречен и Јустус Гентски (~ 1410-1480)
- Рогир ван дер Вејден (~ 1400-1464)
- Хуго ван дер Гус (1440-1482)
- Герард Давид (~ 1455-1523)
- Жак Даре (~ 1404-1470)
- Јан ван Ејк (~ 1385–1441)
- Хуберт ван Ејк (~ 1366–1426)
- Јан Јуст ван Калкар (~ 1450 - 1519)
- Робер Кампен, наречен и Флемалски мајстор (1378–1444)
- Петрус Кристус (~ 1410/1420-1475/1476)
- Браќа Лимбург (1385-1416)
- Мајстор на легендата за Св. Луција (1480-1510)
- Мајстор на извезените лисја (активен ~ 1480-1510)
- Симон Маримион (~ 1425-1489)
- Ханс Мелминг (~ 1430-1494)
- Муленски мајстор (активен 1480-1500) - некаде именуван Жан Хеј
- Гертген тот Синт Јанс (~ 1460–1490)
- Хуан де Фландес (~ 1460-~ 1519) - роден во Фландрија, активен во Шпанија
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Ранофламански олтари - виртуелна тура (англиски)
- Фламански уметници во Италија Архивирано на 5 јули 2010 г. - Ранофламански дела по порачка на италијански патрони. (англиски)
- Северна ренесанса - Уметниците и нивните дела - XV и XVI век. (англиски)