Гентскиот олтар или Поклонение на Таинствениот Агнец (холандски: Het Lam Gods или Агнецот) (завршен во 1432) е многу голема и сложена полиптична слика на дрвени табли во капелата Joost Vijdt во катедралата Св. Баво, Гент, Белгија. Била нарачана од богатиот трговец Јос Вијдт, а изработена од Хуберт и Јан ван Ејк.

Отворен поглед на полиптихот
Затворен поглед

Олтарната табла се состои од дванаесет табли во два реда, од кои осум се насликани од двете страни. На горниот ред од напред е претставен Христос Кралот опкружен од Дева Марија и Јован Крстителот. Внатрешноста на крилата содржи ангели кои пеат и прават музика, а надворешноста ги содржи Адам и Ева. На долниот дел на предната табла пак, прикажано е Поклонението на Агнецот, со ток на луѓе кои чекаат да се поклонат, кои се надгледувани од страна на гулабот кој го претставува Светиот Дух. Во делниците вратничките биле затворени, прикажувајќи го Благовештението на Марија и портретите на Јос Вијдт и неговата сопруга Лизбета Борлут.

Постоела и белешка на олтарот која кажувала дека Хуберт ван Ејк „maior quo nemo repertus“ (поголем од сите) ја започнал олтарната табла, но дека Јан ван Ејк - нарекувајќи се „arte secundus“ (втор најдобар во уметноста) - ја завршил во 1432.

Оригиналната долна лева табла која носи име Праведните судии била украдена во 1934. Таа никогаш не била најдена и затоа била заменета со копија од 1945 насликана од Јеф Вандервекен.

Горни предни табли

уреди

Три средишни ликови

уреди

Трите средишни горни табли ја прикажуваат Дева Марија на лево и Јован Крстител на десно, но идентитетот на средишниот лик е двосмислен и претставува предмет на расправа. Јасно е дека истиот содржи елементи кои традиционално се однесуваат на Исус, но други елементи пак се однесуваат на Бога. Веројатно е дека Ван Ејк имал за цел да наслика лик кој едновремено ќе го претставува и Исус и Господ, нешто што воопшто не било практикувано во средновековното и готското сликарство.

Ангелскиот хор

уреди

Околу трите лика по средината насликани се ангели кои прават музика и пејат. Одеждите, инструментите и подот се прикажани во неверојатен детал. Од лицата на ангелите можеме да бидиме кој пее со низок, а кој со висок глас.

Адам и Ева, Каин и Авел

уреди

Горните предни табли по страните ги прикажуваат Адам и Ева (на лево и на десно) кои се свртени кон ликовите во средината. Тие се покриваат со лист и Ева го држи јаболкото - причината за нивното истерување од рајот. Адам изгледа како да исчекорува од сликата, давајќи ѝ тридимензионален изглед.

Над нив е сликано Авраамовото жртвување на Исак и убиството на Авел од брата си Каин. Ван Ејк ги насликал сликите на тој начин што тие изгледаат како статуи, давајќи ѝ длабочина на сликата.

За време на пуританскиот 19 век голотијата на Адам и Ева се сметала за неприфатлива и тие табли биле заменети со облечени препродукции, кои сѐ уште можат да се видат во катедралата надвор од Вијдтовата капела.

Долни предни табли

уреди

Долна централна табла

уреди

Долните предни табли го прикажуваат Поклонението на Агнецот и луѓе кои надоаѓаат од сите страни за да се поклонат. Од небото еден гулаб, кој го претставува Светиот Дух, ја осветлува сцената. Агнецот е опкружен од четиринаесет ангели. Во преден план фонтаната на животот тече во мала рекичка, додека нејзиното дно е покриено со драги камења.

Во преден план на лево можеме да видиме група еврејски учени кои ја држат Светата Книга. Позади нив се паганите, кои дошле од селиот свет како што може да се види по нивните оринетални ликови и разни видови на капи и шапки кои ги носат. Ликот во бело е веројатно Вергилиј, кој понекогаш бил претставуван како avant-la-lettre на христијанството. На лево ги гледаме дванаесетте апостоли, а позади нив светци и папи. Во толпата може да се забележи присуството на Свети Стефан кој ги носи камењата со кој каменувал.

Во позадината исто така гледаме маченици, мажи на лево и жени на десно, сите носат маченича палма. Некои од жените се препознатливи по предметите кои ги носат.

Долни странични табли

уреди

Близу средишната табла можеме да видиме уште групи на луѓе. Двете табли на лево ги прикажуваат „Праведните судии“ и „Христовите витези“. На десно гледаме испосници и аџии, меѓу кои е и џиновскиот Свети Кристофер, патрон на патникот.

Долната табла најлево, Праведсни судии, била украдена во 1934. Истата никогаш не била најдена и се верува дека е уништена. Била заменета во 1945 со копија насликана од Јеф Вандервекен.

Детал

уреди

Ван Ејк обрнува подеднакво внимание на убавината на земните и на религиозните ликови и прдмети. Одеждите и накитот, фонтаната, природната околина, црквите и пејзажот во позадината, сѐ е насликано во неверојатен детал. Пејзажот содржи неверојатно големо богатство од вегетација, голем дел од која е неевропска.

Задни табли

уреди

Благовестение

уреди

Горните табли го прикажуваат благовестението на Марија. На лево можеме да ја видиме пораката на архангел Гаврил, а на десно одговорот на Марија (напишан превртено). Постојат шпекулации за тоа дали погледот од прозорот е всушност погледот од прозорецот на Ван Ејковото работно место во Гент; ова би можело да ни покаже каде Ван Ејк живеел и работел.

Јос Вијдт и Лизбета Борлут

уреди

Јос Вијдт бил многу богат трговец. Тој и сопругата немале деца и сакале да продолжат со животот на поинаков начин, како покровители на ова монументално дело.

Поврзано

уреди

Извори

уреди
  • Schmidt, Peter (2005). Het Lam Gods. Ловен, Белгија: Uitgeverij Davidsfonds. ISBN 90-77942-03-3.

Надворешни врски

уреди