Фламанско сликарство
Историја на холандското и фламанското сликарство | |
Ранофламанско (1400 – 1500) | |
Ренесансно сликарство (1500 – 1584) | |
Златно време (1584 – 1702) | |
Листа на холандски сликари | |
Листа на фламански сликари |
Фламанско сликарство — сликарското творештво кое го опфаќа периодот од XV сѐ до XVIII век на подрачјето на Фландрија. Оваа земја давала многу водечки сликари во северна Европа, а и привлекувала многу надежни таленти од околните земји. Овие сликари биле канети да работат на странските дворови и имале сеевропско влијание врз уметноста.
Доцна готика
уредиТаканаречените фламански „Примитивци“ биле првите кои ја популаризирале употребата на масленото сликарство. Нивната уметност влече корени од минијатурите на доцниот готски период. Меѓу нив, главни биле Јан ван Ејк, Ханс Мемлинг, Хуго ван дер Гус и Рогир ван дер Вејден.
Ренесанса
уредиОд раниот XVI век, фламанските сликари почнале да трпат влијанија од италијанската ренесанса. Но резултатот бил многу поразличен од типичното италијанско ренесансно сликарство. Тука водечкиот уметник бил Питер Бројгел Постариот.
Барок
уредиПо Опсадата на Антверпен (1584-1585), јужните провинции на Холандија („Фландрија“) останале под шпанска власт и биле одвоени од независната Холандска Република. Иако многу уметници пребегале во религиозните војни и се преселиле од Јужна Холандија во Холандската Република (видете златното време на холандското сликарство), фламанското барокно сликарство било во подем, особено Антверпенската школа за време на XVII век, под водство на Рубенс, Антонис ван Дајк и Јакоб Јорданс.
Пад
уредиПо смртта на важните уметници како Рубенс во 1640 и крајот на Осумдесетгодишната војна во 1648, културното значење на Фландрија опаднало.
Возобнова на сликарството во овој регион се случила дури по Белгиската револуција во 1830. Сликарите од овој период се сметаат за белгиски, а не фламански (видете Список на белгиски сликари).
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Сликање во слоеви (англиски)
- Сликари на мртва природа (англиски)