Разговор за Википедија:ВикиПроект Филм

Последен коментар: пред 12 години од SmartM&M на темата Неактивност
ВикиПроект Филм
ВикиПроект Филм
Добредојдовте на страницата за разговор за ВикиПроект Филм
  • Оставајте ги новите коментари најдoлу
  • Потпишувајте ги коментарите со четири тилди ~~~~

Почнете нова секција


Реактивирање на проектот.

уреди

Пред речиси четири години проектот редовно работеше со што неколку членови дискутираа за статиите од оваа област. Главна активност беше пишување и предложување на статии за филмскиот портал. По некоја мала заинтересираност решивме да го реактивираме проектот. Денес - 12.08.2012 е официјално првиот ден на новата работа.

Од искуство знам дека целата Википедија има малку членови и мала активност, проектите за жал спаѓаат во таа категорија. Сакам да го смениме тоа и поредовно да работиме и одвреме-навреме тука дискутираме. Ја реновирав целата проектна страница со сите потребни работи:

Од цели до план за работа. Има и предложени награди за стимул. Поттикнувам редовно доделување на награди и пофалби, но со мера. Најголема новост на целата Википедија е воведување на Административен одбор. Ќе прочитате што тоа значи. Се решив за овој потег бидејќи сметам дека е подобар за организирање. Но се уште е во тест-фаза, ако видам неактивност целиот одбор ќе претрпи промени (најверојатно ќе се сведе на две позиции) и ако дури и тогаш не функционира во тој случај ќе го исфрлиме целосно. Ве молам да прочитате се на главната проектна страница и да се запознаете со сите новости.

Мој предлог за почеток е мало средување и правење план за работа со приоритетни цели. Сметам дека порталот е непотребен, барем не по неколку месеци работа и доста статии зад нас. Тој план нема да биде „итен“. Што значи нема да се врши притисок да се заврши, но сепак постепено секој од членовите да се зафати за една од задачите. Пополека и трпеливо да ги средиме статиите за филм.

Предложив корисникот Brainmachine да го води проектот, но бидејќи е администратор и има повеќе обврски функцијата на Координатор ќе падне на мене. Останатите фунцкии треба да ги средиме што побрзо. Доколку некој смета дека посоодветен за мојата функција нека каже. Ќе повторам дека одборот нема никаква хиеархија и дека сите сме еднакви во духот на Википедија. Одборот постои само за подобра организација.

Како тој што го реактивира проектот и еден од најактивните во минатиот „циклус“ сметам дека за почеток јас сум најсоодветен за Координатор.

Слободно дадете ги вашите коментари и идеии за почеток и откако ќе ги средиме формалностите ќе го предложам првиот план за работа.

Добре дојдовте назад! Макс(разговор) 17:39, 12 август 2012 (CEST)Одговори

Браво! Прво, би сакал да појаснам уште од почеток дека не можам да бидам многу активен овде, но ќе ви ја следам работата и ви помогнам во било кое време за било какви технички проблеми или совети. Можеби ќе напишам и по некоја статија, чисто од мерак :)
Би сакал да ги предложам следниве чекори, како идеи за почеток:
  1. Известување за потенцијални уредувачи за проектов;
  2. Пишување на нови статии, поточно, оние кои се со црвена врска во списокот Википедија:ВикиПроект Филм/Статии за уредување;
  3. Средување и проширување на веќе постоечките статии од тој список;
  4. Прочистување на списокот и дополнување со нови потребни статии;
  5. Оценување, по квалитет и важност, на неоценетите филмски статии во оваа категорија.
Со ова би требало да тргне работата на проектот и да почнат да се вршат корисни работи.
За крај, еден совет: не заглавувајте премногу со бирократија; не губете време на избирање на разни членови на совети и правење на комплицирани планови со сложени задолженија, туку пишувајте и средувајте статии и... дружете се :) Поздрав, Brainmachine (разговор) 18:05, 12 август 2012 (CEST)Одговори
Одлични совети. И точно целиот проект е само олиснителна работа воопшто не комплицирана бирократија. Најверојатно е јасно. --Макс(разговор) 18:09, 12 август 2012 (CEST)Одговори
Мило ми е што проектов е реактивиран. Јас пред некое време ги средив статиите од шаблонот ОскарФилм, но периодов планирам да го посветам на завршување на уште неколку статии за македонски села од егејот. Очекувајте ме со активно учество околу 15 септември. Поздрав и благодарам за поканата. Kekev (разговор) 20:15, 14 август 2012 (CEST)Одговори
Нека се јават повеќе и ќе се договориме. Но се разбира кога сакаш можеш да уредуваш. Поздрав. Макс(разговор) 20:38, 14 август 2012 (CEST)Одговори

Неактивност

уреди

Без разлика на обидот за реактивирање, очигледно нема да го оживееме проектот како порано. Без разлика, се останува исто, кој е заинтересиран може слободно да уредува статии поврзани со филмот. Ако има некоја идеја и му треба некаква помош, исто така може тука да се обрати. Администратиниот одбор се отфрла исто така.

Би ве замолил сите што ќе го видите ова да барем одвреме-навреме кога уредувате статија од ова поле да се обратите тука во однос на филмската терминологија. Сакам и оттсекогаш постоел стремеж на википедија за унифицирање на одредена терминологија. Пријатна работа и се надевам на некогашна соработка. --Макс(разговор) 19:45, 12 септември 2012 (CEST)Одговори

Назад на проектната страница „ВикиПроект Филм“.