Сопранови е американска драмска серија создадена од Дејвид Чејс, емитувана на телевизијата HBO. Во центарот на серијата е шефот на мафијата од Њу Џерси, Тони Сопрано, кој со потешкотии се обидува да најде баланс помеѓу проблемите во неговиот дом и криминалната организација која ја води. Ѕвезди на серијата, меѓу другите, се Џејмс Гандолфини, Лорејн Брако, Иди Фалко и Мајкл Империоли.

Сопранови
Податотека:800px-Sopranos titlescreen.png
Лого на серијата
Жанрдрама
Создадена одДејвид Чејс
Улогивиди ликови
Тематски композиторАлабама 3
Воведна тема"Woke up this morning"
Земја на потекло САД
Првичен јазикАнглиски
Бр. на сезони6
Бр. на епизоди86
Производство
Извршен продуцент(и)Дејвид Чејс
Бред Грејз
Теренс Винтер
МестоположбаЊу Џерси
Силверкап Студија
Времетраење45-60 минути
Прикажување
Првична мрежаHBO
Сликов формат1080i HDTV
Звучен форматСтерео
Долби Дигитал 5.1
Првично прикажување10 јануари 1999 – 10 јуни 2007
Надворешни врски
Мрежна страницаhbo.com/sopranos/

Сопранови почна со емитување на 10 јануари 1999, а заврши на 10 јуни 2007. Се состои од шест сезони и севкупно 86 епизоди. Серијата е емитувана во околу 40-на земји.

Сопранови постигна успех на американската телевизија. Доби многу пофалби од критичарите и е нашироко прогласена за една од највеличествените серии во телевизиската историја.[1] Често е спомнато дека серијата донела повисоко ниво на уметност во медиумите и им го отворила патот на многу драми коишто следат. Серијата има освоено многу награди, вклучувајќи и 18 Еми награди и 5 Златни Глобуси.

Во Македонија, Сопранови беше во целост прикажана на А1 телевизија.

Ликови

уреди

Ентони „Тони“ Сопрано (Џејмс Гандолфини) е шефот на мафијата Ди-Мео и глава на семејството Сопрано. Тој има лични и професионални проблеми и оди на терапии кај психијатар поради неговите напади на паника. Неговиот психијатар е д-р Џенифер Мелфи (Лорејн Брако), исто така италоамериканка. Д-р Мелфи се обидува да ја задржи својата етичка и професионална позиција, и покрај тоа што е во опасност од Тони и неговата поврзаност со мафијата.

Семејството на Тони го сочинуваат неговата жена Кармела Сопрано (Иди Фалко), ќерка му Медоу Сопрано (Џејми-Лин Сиглер) и син му Ентони „Еј-Џеј“ Сопрано Јуниор (Роберт Илер). Кармела е горда мајка и посветена сопруга која се обидува да ги прифати криминалните активности на својот сопруг и неговите неверства, како и нејзината финансиска несигурност. Таа се дружи со други сопруги на мафијаши. Еј-Џеј е бунтовен тинејџер. Медоу е надарена студентка која расте со надеж да стане докторка. Во последната сезона, Медоу се предомислува и сака да се префрли од медицина на право.

Други роднини на Тони се мајка му Ливија Сопрано (Ненси Маршанд), сестрите Џенис Сопрано (Аида Туртуро) и Барбара Сопрано Џилионе (Николет Бурдет), вујко му Корадо „Џуниор“ Сопрано (Доминик Чајниз), братучед Тони Бландето (Стив Бусеми) и внук Кристофер Молтисанти (Мајкл Империоли). Ливија е манипулатор и си има свои емоционални проблеми. Таа не знае да покаже никаков вид на жалост или љубов. Џуниор е главен на мафијата и се бори да си ја зачува моќта.

Борбата за доминација на овие два лика, плус манипулациите на Ливија на Џуниор, водат до обид за убиство на Тони во првата сезона. Како резултат на тоа, врската меѓу Тони и Џуниор е напрегната во текот на целата серија. Џенис, која има дете во Квибек, побегнала во Сиетл на млади години, но се враќа во Њу Џерси години подоцна и има врски со некои од колегите на Тони. Барбара се оддалечила да си формира семејство. Бландето е израснат со Тони, но бил осуден поради вооружен кражба кога бил млад. Излегува од затвор дури во петатта сезона. Кристофер е втор братучед на Кармела, но Тони го смета за негов внук и му помага да се издигне во мафијата.

Блискиот круг во Ди-Мео мафијата го сочинуваат Силвио „Сил“ Данте (Стивен Ван Зандт), Питер Пол „Поли Волнатс“ Гвалтиери (Тони Сирико) и Салваторе „Биг Пуси“ Бонпенсиеро (Винсент Пасторе). Сил е најдобриот пријател на Тони. Поли и Биг Пуси се војници кои долго време работат за Тони и неговиот татко.

Други значајни ликови во фамилијата се Боби „Бакала“ Бакалиери (Стивен Р. Ширипа), Ричи Април (Дејвид Провал), Ралф Сифарето (Џо Пантолиано), Јуџин Понтекорво (Роберт Фунаро) и Вито Спатафоре (Џосеф Р. Ганасколи). Боби е потчинето лице на Џуниор и Тони често го задева. Боби подоцна се венчава со Џенис. Сифарето е амбициозен, но му задава многу проблеми на Тони. Ричи Април излегува од затвор во втората сезона и веднаш станува противник на Тони. Понтекорво е млад војник. Спатафоре се издигнува на повисоки места како што неговите претпоставени умираат, но има тајна која не се открива сѐ до петтата сезона.

Пријатели на Сопранови се Херман „Хеш“ Рабкин (Џери Адлер), Адријана Ла Серва (Дреа де Матео), Росали Април (Шерон Енџела), Енџи Бонпенсиеро (Тони Калем), Арти Буко (Џон Вентимиља) и Шармејн Буко (Кетрин Нардучи). Хеш е советник и пријател на Тони. Адријана е долго време девојка на Кристофер; тие имаат бурна врска. Росали е блиска пријателка на Кармела; вдовица на претходниот шеф на мафијата, Џеки Април, и е поврзана со организацијата. Енџи е жената на Салваторе Бонпенсиеро која подоцна ќе започне свој бизнис. Арти и Шармејн се школски пријатели на Сопранови и сопственици на популарниот ресторан Весувио.

Џон „Џони Сек“ Сакримони (Винс Куратола), Фил Лиотардо (Френк Винсент) и „малиот“ Кармајн Лупертаци (Реј Абрузо) се сите значајни ликови од њујоршката мафија на Лупертаците, која дели бизнис со Сопрано организацијата. Иако нивните интереси се често различни, Тони се обидува да одржува врска со нив и да договара за интересот на двете фамилии. Меѓутоа, потешко е да се работи со Фил Лиотардо, кој е амбициозен и не се мисли многу ако треба да изврши насилство против Тони и неговите колеги.

Сезони

уреди

Прва сезона

уреди
 
Тони Сопрано во првата епизода

Серијата започнува со Тони Сопрано, како паѓа поради напад на паника. Ова го тера да започне терапија кај д-р Џенифер Мелфи. Постепено, приказната ни открива дека мајката на Тони е манипулатор и е психотична, неговите деца немаат добра иднина, некој од организацијата зборува со ФБИ, а неговиот вујко сака да го убие. Вујко му Џуниор е поставен како шеф на мафијата додека Тони ги контролира работите во позадина. Бесен на Џуниор поради планот да го убие, Тони се обидува да му врати со иста мера, и се соочува со неговата мајка за нејзината улога во планот на Џуниор. Таа добива удар. ФБИ го апси Џуниор.

Втора сезона

уреди

Ричи Април излегува од затвор. Започнува врска со сестра му на Тони, Џенис. Пријателот на Тони, „Биг Пуси“ се враќа во Њу Џерси по чудно отсуство, и Тони сфаќа дека тој контактира со ФБИ. Тогаш, Тони лично го убива, а Џенис го убива Ричи во жолчна расправа пред да може Тони да се справи со него.

Трета сезона

уреди

Во третата сезона се враќа амбициозниот Ралф Сифарето во организацијата, по долг престој во Флорида. Се вплеткува со пријатели на Тони и иако тој лично не сака, Тони го унапредува. Џеки Април Јуниор се впушта во врска со ќерка му на Тони, а подоцна и сè повеќе се вплеткува во криминал. Тони сака да го оттргне од ваквиот живот, но Џеки претерува со тоа што организира кражба и при тоа убива неколку луѓе. Тони остава на Ралф да одлучи како понатаму со Џеки и Ралф решава да го убие.

Четврта сезона

уреди

Тони го убива Ралф бидејќи е убеден дека Ралф го убил нивниот тркачки коњ со тоа што подметнал пожар. Однесувањето на Ралф до таа точка беше станало многу насилно и напорно, вклучувајќи и убиствата на девојките на Силвио во третата сезона. Напнатоста меѓу Тони и Кармела доаѓа до кулминација, кога поранешната љубовница на Тони, Ирина, се јавува кај нив дома. Нивниот брак конечно се распаѓа и Кармела го напушта. Џони Сек му се приближува на Тони, со предлог да го убијат Џони Лупертаци, но Тони одбива.

Петта сезона

уреди

Во петатта сезона, братучедот на Тони, Тони Бландето излегува од затвор заедно со неколку други ликови од мафијата. Кармајн неочекувано умира, но пред тоа не остава ни еден да ја води фамилијата, па затоа доаѓа до борба за превласт во Њујорк. И покрај тоа што се обидува да го ибегне враќањето во организираниот криминал, Бландето се вмешува во војната против наредбите на Тони. Кога Бландето го убива братот на Фил Лиотардо, Џони бара од Тони да го предаде. Тони одбива, но евентуално тој лично го убива Бландето за да не го предаде на другите да го мачат. Тони успева да ја убеди Кармела да му се врати. Кристофер дознава дека Адријана соработува со ФБИ и му кажува на Тони, кој му наредува на Силвио Данте да ја убие. Баш кога Џони и Тони треба да го прекинат крвопролевањето меѓу двете фамилии, ФБИ го апси Џони.

Шеста сезона

уреди

На почетокот на шестата сезона, во Тони пука неговиот веќе сенилен и збунет вујко Џуниор. По пукањето, Тони паѓа во кома и има многу живописни соништа. Откако ќе се разбуди, го чекаат многу проблеми во бизнисот.Вито е откриен дека е хомосексуалец и Тони треба да се справи со Фил Лиотардо, сега шеф на Њујорк, затоа што Џон Сек е во затвор. Тони ќе потклекне да му помогне на Вито, и Фил го убива. Се чини дека семејствата се на работ на војна.

Во вториот дел од шестата сезона, проблеми со наследства и следбеници наидуваат поради осветољубието и паранојата на Тони. Тој го убива Кристофер, откако двајцата ќе доживеат сообраќајна несреќа. Еј-Џеј Сопрано паѓа во уште подлабока депресија откако ќе го остави неговата вереница, и се обидува да се убие, фрлајќи се во базенот. Пријателите на д-р Мелфи ја убедуваат дека кај Тони не се забележува никаков напредок, и дека најверојатно ги користи сесиите за негова социопатска добивка. Таа го остава како пациент.

Џони Сек умира од рак во затворот и Лиотардо ја зацврстува својата позиција во фамилијата Лупертаци. Тој го убива својот противник и официјално ја презема улогата. Фил не сака да се согласи со Тони во врска со некои договори. Откако Тони ќе нападне еден војник од Лупертаци поради тоа што ѝ досадувал на Медоу, Фил наоѓа можност да се одмазди. Фил го нарачува убиството на Боби. Силвио завршува во кома, а Тони се крие. Во Лупертаци, се договараат да не го убијат Тони и да му дадат шанса нему да оди да го убие Фил. Агент од ФБИ го информира Тони за локацијата на Фил, и Тони нарачува да го убијат. Со смртта на Фил, заканата од Њујорк е уништена и Тони, Кармела, Медоу и Еј-Џеј одат на вечера... Последната секвенца од серијата го покажува лицето на Тони и одеднаш се појавува црна слика, оставајќи ги гледачите во неизвесност дали Тони умира или преживува.

Критики

уреди

Сопранови е една од најкритикуваните серии на сите времиња. Многупати е сметана за една од најдобрите серии на телевизија, а според TV Guide е прогласена за најдобрата драма на сите времиња. Сопранови се појавува на петтото место на списокот на 50 нај серии на TV Guide, позади Сајнфелд, Ја сакам Луси, Меден месец и Сѐ во семејството. Серијата беше на врвот на сите листи за најдобра серија кога започна во 1999.[2]

Сопранови е најуспешната серија која се прикажувала на кабелска телевизија во САД, достигнувајќи гледаност дури до 13.4 милиони гледачи на премиерата на четвртата сезона.[3] Како знак за популарност, рекламите за серијата за четвртата сезона ги покажуваа само ликовите, без насловот. Ова ни сугерира дека гледачите не мора да го видат насловот, бидејќи ги знаат ликовите и знаат за што се работи.[4] Рекламните постери за шестата сезона содржеа само дата на премиера, 12 март, а наместо Р во март, стоеше пиштол. И покрај намалената гледаност поради хит серијата Очајни домаќинки, Сопранови беше најгледаната серија на кабловска за таа сезона.

Белешки

уреди
  1. Sopranos Invitation Архивирано на 3 јули 2007 г., dga.org, accessed 2007-06-04.
  2. Oxford, Jesse. Family Man Архивирано на 20 февруари 2012 г., standfordalumni.org, accessed May 8, 2007.
  3. Hollywood Reporter. 'Sopranos' may have harmed 'Housewives' Архивирано на 16 април 2007 г., cnn.com, April 17, 2007, accessed May 9, 2007.
  4. Romano, Allison. Chris Albrecht's goombas, bpradcastincable.com, September 9, 2002, accessed March 25, 2007.