Очајни домаќинки (англиски: Desperate Housewives) е наградувана американска телевизиска серија создадена од Марк Чери, која почна со емитување на 3 октомври 2004 на телевизијата ABC. Низ целиот свет, ја следи публика од околу 119 милиони гледачи.[4]

Очајни домаќинки
Податотека:Desperate titlethem.jpg
Жанркомедија, драма
Создадена одМарк Чери
Режирана одЛери Шо
Дејвид Гросман
и други
УлогиТери Хачер
Фелисити Хафман
Марша Крос
Ева Лонгорија
Николет Шеридан
Дејна Дилејни
Рикардо Антонио Чавира
Марк Моусес
Андреа Боуен
Даг Савант
Кајл Меклахлан
Коди Кеш
Џејмс Дентон
РаскажувачБренда Стронг
Тематски композиторДени Елфман
Воведна темаDesperate Housewives Theme
Композитор(и)Стив Бартек[1]
Стујарт Коупланд[2]
Стив Јаблонски[3]
Земја на потекло САД
Првичен јазиканглиски
Бр. на сезони5
Бр. на епизоди87 (список на епизоди)
Производство
Извршен продуцент(и)Марк Чери
Том Специали (1. и 2. сезона)
Мајкл Еделстајн (1. и 2. сезона)
Џоу Кинан (3. сезона)
Џорџ Перкинс (3. и 4. сезона)
Боб Дејли (4. сезона)
Џон Парде и Џоу Марфи (4. сезона)
Кевин Марфи (ко-продуцент)
Крис Блек (ко-прод. 2. сезона)
Лери Шо (ко-прод. 3. сезона)
Дејвид Гросман (ко-прод. 3. сезона)
Камерамулти камера
Времетраење42 минути (без реклами)
Прикажување
Првична мрежаABC
Сликов формат480i (СДТВ),
576i (СДТВ),
720p (ХДТВ) ABC HD,
1080i (ХДТВ) Channel 4 HD
Звучен формат5.1-каналски просторен звук
Првично прикажување3 октомври 2004 – денес
Надворешни врски
Мрежна страницаabc.go.com/primetime/desperate/index

Моментално во САД и некои европски држави се емитува седмата сезона во која на главните глумци им се придружува уште една домаќинка, Ванеса Вилијамс, ѕвездата на Грдата Бети, која ја толкува улогата на Рене Пери, која е пријателка на Линет од средношколските денови, и се вселува во куќата во која живееше Иди Брит. Центарот на вниманието во седмата сезона е Пол Јанг, кој се враќа на Вистерија Лејн со својата нова сопруга, Бет Јанг. Карлос и Габриел дознаваат дека Хуанита не е нивна ќерка, додека Бри се наслонува на нејзиниот згоден мајстор после нејзиниот развод со Орсон. Сузан и Мајк се навикнуваат на животот во мал стан, откако се преселија од Вистерија Лејн, а Сузан прифаќа работа на мрежно место за возрасни.

Кај нас, серијата се емитува на А1 телевизија:

Основнo опкружување

уреди

Серијата е сместена во фиктивната улица Вистерија Лејн, во американското предградие Феарвју. Ги следи животите на пет жени, гледано од очите на нивната почината сосетка, како тие се справуваат со секојдневните нивни проблеми, додека во позадина се откриваат мистерии.

Сезони

уреди

Прва сезона (2004-2005)

уреди
Nielsen Ranking (2004-05 U.S. TV сезона; засновано на просечниот број на гледачи по епизода): #4 (23.7 милиони гледачи)[5]

Првата сезона почна со емитување на 3 октомври 2004 и е составена од 23 епизоди. Серијата почнува со мистериозното самоубиство на домаќинката Мери Елис Јанг, на еден убав ден во предградијата, на улица наречена Вистреија Лејн. Мери Алис, раскажувачот на серијата, имаше четири пријателки: Бри Ван де Камп, навидум совршена мајка (на двајца тинејџери) која се бори да го зачува својот брак; Линет Скаво, мајка на четири деца чиј сопруг е постојано на пат; Сузан Мајер, разведена мајка во потрага по љубов, која ќе се вљуби во својот сосед Мајк Делфино, кој пак, има своја тајна; и Габриел Солис, поранешна манекенка која го изневерува својот сопруг. Додека се обидуваат да бидат добри сопруги и мајки, четирите пријателки исто така се обидуваат да откријат зошто нивната пријателка извршила самоубиство. Откривањето на уценувачкото ливче меѓу алиштата на Мери Алис, касета од сесија кај психијатар во која открива дека нејзиното вистинско име било Ангела, и чудното однесување на нејзиниот вдовец, само повеќе ја разгорува нивната љубопитност во врска со мистеријата на нивната почината пријателка.

Втора сезона (2005-2006)

уреди
Nielsen Ranking (2005-06 U.S. TV сезона; засновано на просечниот број на гледачи по епизода): #4 (22.2 милиони гледачи)[6]

Втората сезона започна со емитување на 25 септември 2005 и има 24 епизоди. По откривањето на тајната на Мери Алис, домаќинките продолжуваат со своите животи. Брее, чиј сопруг штотуку почина, почнува да излегува со друг маж, не знаејќи дека тој го отрул нејзиниот сопруг за да биде со неа. Сузан, сè уште барајќи љубов по раскинувањето со Мајк, завршува во кревет со својот поранешен сопруг, кој е во врска со Иди Брит. Линет се враќа на својата кариера во адвертајзингот, а нејзиниот сопруг Том останува дома. Бремената Габриел решава да му биде верна на својот сопруг, кој е сега во затвор. Баш кога почнува да го прифаќа мајчинството, ќе го изгуби бебето. Водејќи ги своите натрупани животи, жените не можат а да не заприметат нешто сомнително кај нивните нови соседи: Бети (Алфре Вудард) и нејзиниот син Метју Еплвајт, кои се доселија во соседството преку ноќ, и чуваат затвореник во својот подрум.

Трета сезона (2006-2007)

уреди
Nielsen Ranking (2006-07 U.S. TV сезона; засновано на просечниот број на гледачи по епизода): #10 (17.5 милиони гледачи)[7]

Третата сезона започна со емитување на 24 септември 2006 и има 23 епизоди. Поминаа шест месеци откако Орсон Хоџ го прегази Мајк со својот автомобил. Бри, која конечно ја надмина смртта на својот сопруг, се венча со Орсон. На нивната забава се појавува мистериозна жена која го обвинува Орсон за убиството на својата прва сопруга, а понатаму во сезоната, ужасното минато ќе се обелодени. Додека пак, Линет мора да се прилагоди на уште едно дете во нивниот дом, откако бившата на Том ќе биде убиена и ќе мора да ја посвојат како нивна ќерка. Тие исто така ќе отворат пицерија. Габриел се разведува од Карлос откако дознава дека тој ја измамил со нивната слугинка, која патем, го носи нивното дете во својата утроба. Габриел ќе се вљуби во политичарот Виктор Ленг. На Иди конечно и се пружа шанса да биде со Мајк, бидејќи тој страда од амнезија. Сузан ќе биде во врска со згодниот Англичанец Ијан Хејнсворт. Исто така, синот на Иди доаѓа во посета, Треворс Меклејн, а и нејзиниот внук Остин, којшто започнува врска со Џули и Дениел.

Четврта сезона (2007-2008)

уреди
Nielsen Ranking (2007-08 U.S. TV сезона; засновано на просечниот број на гледачи по епизода): #6 (18.2 милиони гледачи)[8]

Четвртата сезона започна на 30 септември 2007, заврши на 18 мај 2008. Мистеријата во оваа сезона е центрирана на новата сосетка Кетрин Мејфер, која со своето семејство се враќа во Вистерија Лејн по отсуство од 12 години. Но, нејзината ќерка воопшто не се сеќава дека некогаш живеела во Вистерија Лејн. Кетрин се соочува со тајните на нејзиното минато, кои се мистерија сè до крајот на сезоната. Нејзината ќерка, Дилан Мејфер, живее во лаги. Кетрин сака да ја спаси Дилан од нејзиниот бивш маж, Вејн Дејвис, кој физички ја малтретирал и поради тоа избегала од него додека Дилан била мала. Се преселила кај нејзината тетка Лили на Вистерија Лејн. Таму Вејн повторно ги наоѓа и сака да ја земе Дилан со себе, но Кетрин не ја дава и го брка од куќата удирајќи го со сталак за свеќа, но во тој момент се слуша крш на стакло. Подоцна Кетрин и Лили ја откриваат Дилан мртва на катот, наоѓајќи се под шкаф. Дилан сакала да го земе мечето од татко и, но Кетрин го ставила на врв на шкафот. Малата Дилан, сакајќи да го земе мечето, умира со тоа што шкафот паѓа врз неа. Тогаш се разјаснува кршот на стаклото. Потоа Кетрин посвоила девојче од романско сиропиталиште, кое личело на Дилан. Но сето ова (смртта на Дилан) го има во последната епизода од оваа сезона кога Вејн открива дека Дилан е мртва и ги држи Кетрин и Бри како заложници со цел да му ја каже вистината за Дилан.

Линет се бори со рак, но има проблем и со својата мајка: Линет сака мајка и да се исели, но таа нема каде да оди, но на крај ќе остане кај нејзиниот бивш маж и поранешен очув на Линет. Линет има проблем и со ќерката на Том, Кејла која сака да ја избрка Линет од куќата и сама да живее со Том, па ќе почне да ја обвинува Линет дека таа ја малтретира, со што Линет завршува во затвор. Таа набргу се ослубодува, а Кејла ја праќаат да живее со родителите на Нора (нејзината вистинска мајка, која е мртва).

Штотуку-венчаната Габриел има афера со нејзиниот поранешен маж Карлос. Тие сакаат да избегаат, но Виктор открива за нивната афера.

Сузан и Мајк ќе имаат бебе, но Мајк станува зависник од лекови и Сузан го праќа на рехабилитација.

Бри се преправа дека е бремена и планира да го одгледа детето на нејзината тинејџ ќерка.

Оваа сезона започнува со "обидот за самоубиство" на Иди, која тоа го наместила самоубиството со цел да го задржи Карлос и прави планови како да го задржи Карлос со неа.

Геј двојка, Ли (Кевин Рам) и Боб (Так Воткинс) се вселува во Вистерија Лејн, во куќата во која претходно живееше Бети Еплвајт.

Четвртата сезона на Очајни Домаќинки е највозбудливата и најинтересната. Во деветтата епизода, торнадо доаѓа на Вистерија Лејн. Епизодата е наречена "Something's Coming"-"Нешто Доаѓа". Епизодата започнува со разговор меѓу Габи, Бри, Линет и Сузан каде што Габи им кажува дека ќе се пресели со Карлос и сите се изненадени. Карен МекКласки ги известува дека доаѓа торнадо и сите се припремаат. Во меѓувреме, Кетрин забележува еден нејзин непријател, Силвија која била поранешна пациентка на нејзиниот маж Адам и имала афера со него. Бри сакајќи да дознае која е Силвија, ја поканува на кафе и кога зборуваат за Кетрин и Адам, Силвија се налутува и се заклучува во собата наменета како скривалиште за семејството Хоџ. Линет и нејзиното семејство се сместуваат во подрумот на Карен МекКласки каде е и Ајда. Ајда со неа ја чува нејзината мачка, Тоби, а Том е алергичен на мачки, па додека сите освен Карен спијат, Линет ќе ја однесе мачката горе а Карен оди по неа. Мачката бега надвор каде што веќе е очигледно дека наидува торнадото и Линет и Карен се сместуваат во домот на Линет. Адам и Кетрин дознаваат за Силвија дека е кај Бри, па тие ќе останат таму. Иди ги краде документите на Карлос наменети за подигање на голема сума на пари и Габи сака да ги врати. Двете се караат, но торнадото стигнува и се сместуваат во подрумот на Иди. Во тоа време Сузан е во болница бидејќи Мајк ја бутнал не сакајќи по скали додека се караат и Сузан се плаши дека ќе го изгуби бебето, но на крај излегува се добро. Торнадото беснее на Вистерија Лејн. Карлос и Виктор се тепаат поради Габи, и двајцата ја сакаат. Во моментот кога Виктор сака да го удри Карлос, еден шилец од ограда го прободува Виктор во стомакот. Силвија излегува од куќата на Бри и веднаш ја проголтува торнадото. Откако торнадото завршува, ги гледаме Габи и Иди живи и здрави, исто така и Бри, Орсон, Бенџамин (синот на Даниел Хоџ), Кетрин и Адам се живи. Веднаш потоа Линет и Карен излегуваат од засолништето и излегуваат на улицата. Линет вреска кога ја гледа куќата на Карен каде што се Том, децата и Ајда е целосно разурната. Останува прашањето: Кој преживеал, а кој не???

Оваа сезона има најмалку епизоди, 17. Прикажувањето и снимањето на сезоната беше паузирано на три месеци поради штрајкот на сценаристите во САД.

Петта сезона (2008-2009)

уреди

Петтата сезона е закажана да започне во септември 2008.

Постојат многу шпекулации за тоа што ќе се случува во наредните епизоди поради петгодишниот временски скок на крајот на четвртата сезона. Дали Иди Брит ќе се врати во Вистерија Лејн? Кој е мистериозниот нов сопруг на Сузан Маер? Дали Џејмс Дентон (Мајк Делфино) ќе се врати во серијата?

Продукција

уреди

Почетоци

уреди

Марк Чери ја понудил серијата на HBO, CBS, NBC‏‎, Fox, Showtime и Lifetime, но само ABC ја прифатила, иако на почетокот не биле задоволни со името предлагајќи имиња како "Вистерија Лејн" и "Тајните животи на домаќинките".

Во оригиналниот пилот што бил понуден на ABC, Шерил Ли ја глумела Мери Алис; Кајл Сиарлес го глумел градинарот Џон; а Мајкл Рајли Бурк го глумел Рекс Ван де Камп. Исто така, во оригиналниот пилот, во последната сцена бил присутен духот на Мери Алис гледајќи ги домаќинките со ливчето во рака.

Иднината на серијата

уреди

Во февруари 2007, беше објавено дека Марк Чери и главните ѕвезди имаат потпишано договор до мај 2011 (што би било крај на седма сезона). Чери рече дека би сакал серијата да се снима барем седум сезони.[9]

Улоги

уреди

За време на премиерата на серијата, имаше тринаесет главни улоги чии имиња беа дел од почетната шпица. Веќе во втората сезона, некои глумци, повеќето од нив деца и тинејџери кои дотогаш беа гости, беа унапредени како регуларни глумци без нивните имиња да се појават во шпицата. Наместо тоа, нивните имиња се појавуваа во првите минути од секоја епизода. Ова продолжи и во третата и четвртата сезона.

Глумец Лик Прво
појавување
Последно
појавување
Тери Хачер Сузан Делфино 2004 2012
Фелисити Хафман Линет Скаво 2004 2012
Марша Крос Бри Хоџ 2004 2012
Ева Лонгорија Габриел Солис 2004 2012
Николет Шеридан Иди Брит 2004 2008
Алфре Вудард Бети Еплвајт 2005 2006
Дејна Делејни Кетрин Мејфер 2007
Бренда Стронг Мери Елис Јанг 2004 2012
Џејмс Дентон Мајк Делфино 2004 2012
Стивен Калп Рекс Бан де Камп 2004 2007
Рикардо Антонио Чавира Карлос Солис 2004 2012
Марк Моусес Пол Јанг 2004 2011
Даг Савант Том Скаво 2004 2012
Роџер Барт Џорџ Вилијамс 2005 2006
Ричард Бурги Карл Мајер 2004 2010
Кајл Меклен Орсон Хоџ 2006 2012
Џес Меткалф Џон Роланд 2004 2010
Коди Кеш Зек Јанг 2004 2007
Андреа Боуен Џули Мајер 2004 2012
Шон Пајфром Ендру Ван де Камп 2004 2012
Џои Лорен Даниел Ван де Камп 2004 2011
Мехкад Брукс Метју Еплвајт 2005 2006
Нашон Кирс Калеб Еплвајт 2005 2006
Џош Хендерсон Остин МекКен 2006 2007
Линзи Фонсека Дилан Мејфер 2007 2008
Рејчел Фокс Кејла Скаво 2006 2008
Брент Кинсман Престон Скаво 2004 2008
Шејн Кинсман Портер Скаво 2004 2008
Зејн Хует Паркер Скаво 2004 2008

Интернационални адаптации

уреди

Има четири официјални верзии на серијата моментално, сите се одобрени од ABC и Buena Vista International. Аргентинската верзија “Amas de Casa Desesperadas” започна со емитување во 2006. Првата сезона беше успешна, и сега се подготвува втора. Бразилската верзија “Donas de Casa Desesperadas” е во продукција и е најавена да започне во август 2007. Колумбиската (RCN TV) и Еквадорската (Teleamazonas) верзија ја заврши продукцијата во април 2007 и во Еквадор почна да се емитува во мај 2007. Исто така, во подготовки е уште една американска верзија, но на шпански јазик, од страна на каналот Univision. Ќе го носи истиот наслов “Amas de casa desesperadas”. Најавено е дека продукцијата ќе почне во јули 2007.[10]

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. Stevebartek.com – Desperate Housewives, Retrieved 5 август 2007
  2. Micallef, Ken: Stewart Copeland – Staring Down The Future Архивирано на 14 септември 2007 г., Retrieved 5 август 2007
  3. Schweiger, Daniel: E-Notes: Steve Jablonsky Morphs his Music to Score Transformers Архивирано на 21 јуни 2008 г., iF Magazine, 10 јули 2007
  4. Desperate Housewives On SABC3 Confirmed Desperate Housewives On SABC3 Confirmed, TVSA News Desk, 3 април 2007.
  5. „2004-05 Final audience and ratings figures“. Hollywood Reporter. 27 мај 2005. Архивирано од изворникот 2005-12-26. Посетено на 2007-06-28.
  6. „2005-06 prime time wrap“. Hollywood Reporter. 26 мај 2006. Архивирано од изворникот 2006-05-29. Посетено на 2007-06-28.
  7. „2006-07 primetime wrap“. Hollywood Reporter. 25 мај 2007. Архивирано од изворникот 2007-05-28. Посетено на 2007-06-28.
  8. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2007-12-16. Посетено на 2008-05-24.
  9. „Desperate Housewives: Creator Sets ABC Series End Date“. TV Series Finale. 21 февруари 2007.[мртва врска]
  10. http://www.variety.com/article/VR1117964896.html?categoryid=14&cs=1