Чернобил
Оваа статија е за градот Чернобил во Украина. За несреќата во Атомската централа Чернобил од 1986. стиснете тука.
Чернобил (украински: Чорнобиль, руски: Чернобыль) — мал град во Северна Украина во Киевската Област близу до границата со Белорусија. Градот првпат се споменува во повелба од 1193 година опишан како ловечка колиба на кнезот Ростиславич. Во 13. век имал статус на кралско село на Војводството Литванија. Селото му било доделено како посед на Филон Кмита, капетан во кралската коњица во 1566. Целата провинција била преземена од Кралството Полска во 1569, а потоа анектирана од Руската Империја во 1793. До 20 век Чернобил бил населен од украински и полски селани и голема еврејска заедница.
Во 1986. година сите тогашни 14.000 жители биле евакуирани поради високите нивоа на зрачење предизвикани од експлозијата во Атомската централа Чернобил, која се наоѓа на 14,5км на север од градот. Иако централата е наречена по Чернобил, тој не бил живеалиште на вработените во централата. Повеќето вработени во централата живееле во блискиот град Припјат кој бил изграден токму за таа намена.
Денес во Чернобил живеат околу 500 лица: научници - главно радијациски физичари, како и администратори на Забранетата зона (видете Чернобилска несреќа) во која припаѓа и самиот град.
Поврзано
уредиОваа статија од областа на географијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |