Отвори го главното мени
Maria Sharapova Indian Wells 2006.jpg

Марија Шарапова (родена во 1987) е руска професионална тенисерка. На крајот на 2006 година, таа беше најскапо платената спортистка во светот.

Шарапова има освоено три Гренд Слем турнири. Во 2004 година, на 17 години, таа стана третата најмлада освојувачка на Вимблдон (зад Лоти Дод и Мартина Хингис) откако во финалето извојува победа над американката Серена Вилијамс. Две години подоцна ја совлада Жастин Анин во финалето на УС Опен од 2006 година. Во 2008 година, по победата над Србинката, Ана Ивановиќ, Шарапова ја освои и својата трета гренд слем титула, овој пат на Австралијан Опен.

Родителите на Шарапова се преселуваат од Хомјел, Белорусија во Сибир, Русија после нуклеарната несреќа во Чернобил. Марија се раѓа следната година во Њаган. Прочитајте повеќе