Отвори го главното мени
Wood putter iron.jpg

Голф палките се користат во играње на голф за удирање на голф топче. Се смета дека се делат на три општи категории, и тоа:

  • Дрва (woods) Првично имале дрвени глави. Се користат за терање на топката на долги растојанија од подметка (ти, tee) или фервејот (fairway). Имаат различни степени на накосеност. Денеска се изработуваат од титаниум или мешовит материјал.
  • Железа (irons) Првично со метални глави. Исто така варираат по накосеност.
  • Вметнувач или патер (putter) Се користи за терање на топката низ кратки растојанија по земја со оптимална прецизност, обично по зеленилото со дупка (putting green).

Разни палки се направени со разни степени на накосеностна главата (clubhead). Оваа накосеност, по ударот, му дава голф топчето да оди по нагорна траекторија, но бидејќи главата е накосена, топчето не се удира со нагорен замав: со исклучок на стартниот удар, палката всушност ја удира топката во хоризонтално или малку надолно движење. Резовите на топчето даваат обратночасовнички вртеж (од гледна точка паралелна на замавот), познат како вртена топка (backspin), кој задно со отскочниот ефект на топчето, го подигаат. Прочитајте повеќе