Портал:Спорт/Избрана статија/2008/септември
Аикидо — модерна јапонска боречка вештина. Основана е во периодот од 1930. до 1960.годинa од г. Морихеи Уешиба (Morihei Ueshiba) (наречен од аикидоките - О сенсеи - што во превод значи Големиот учител). Технички, главните делови на аикидото се преземени од Daitō-ryū Aiki-jūjutsu (大東流合気柔術) , една школа на џуџуцу со многу придружни техники од кенџуцу (剣術, kenjutsu) - јапoнски вештини со меч. Една од позначајните причини за остварувањето на посебност на аикидото во однос на другите боречки вештини, е влијанието од сектата Оомото Кјо – Шинто огранок, каде што членувал Морихеи Уешиба. Поради влијанието што Шинто религијата го извршила за негово создавање, многумина мислат дека аикидото е нејзин израз, но тоа не е точно, за што ни сведочи и неговата распространетост ширум светот. Религијата е нешто што е потполно одвоено од аикидото.
Оној што вежба аикидо се нарекува аикидока.
Јапонскиот збор аикидо е составен од три слога,
Преведено како „Начин на хармонизирање со енергијата“, името потполно ја изразува смислата на оваа боречка вештина, која се состои во принципот на неотпор. Овој принцип подразбира аикидоката да не се потпира на својата физичка сила во текот на борбата туку со точни и навремени движења да успева да ги пренасочува нападите на противникот не блокирајќи ги и не судирајќи се со нив. Прочитајте повеќе