Липе (округ)

округ во Германија
(Пренасочено од Липе)

Липе (германски: Lippe) — округ во источниот дел на сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија, Германија. Се граничи со окрузите Херфорд, Минден-Либеке, Хекстер, Падерборн, Гитерсло и безокружниот град Билефелд, кои го образуваат регионот Источна Вестфалија-Липе.

Липе
Lippe
округ
Знаме на ЛипеГрб на Липе
Карта
Земја Германија
ПокраинаСеверна Рајна-Вестфалија
Адм. подр.Детмолд
СедиштеДетмолд
Површина
 • Вкупна1,246,4 км2 (0,4.812 ми2)
Население (31 декември 2023)[1]
 • Вкупно349.781
 • Густина280,000/км2 (730,000/ми2)
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Рег. таб.LIP
Мреж. местоlippe.de
Административна куќа во Детмолд

Округот е наречен по господарите на Липе, кои првобитно живееле крај реката Липе и таму го основале градот Липштат и нивното Кнежевство Липе. Било држава во рамките на Светото Римско Царство и формално ја задржала својата државност сè до 1947 г. кога станало округ во Северна Рајна-Вестфалија.

Историја

уреди

Липе како округ ја зафаќа речиси истата површина како историскиот крај Липе. За првпат се споменува во 1123 г. Со тек на време неговата положба постепено сее зајакнувала, така што во 1528 г. станало грофовија, а во 1789 г. достигнало статус на кнежевство.

 
Грофовијата Липе во XVIII век.

За разлика од многу други околни земји во Светото Римско Царство, Липе ја задржало својата независност во наполеонскиот период и затоа подоцна не било припоено кон Прусија. Подоцна станала една од најмалите земји-членки на Германското Царство.

По смртта на кнезот Волдемар in 1895 г. двете лози на династијата Липе цела деценија се бореле за намесништвото врз ова владене.

Последниот кнез на Липе бил принуден да абдицира со Ноемвриската револуција од 1918 г. по распадот на германската армија, кога Германија во целина добила нов државен поредок и име — Вајмарска Република. Округот станал слободна држава (Freistaat), еден од составните делови на новата република. Во 1932 г. Слободната Држава Липе е поделан на два округа: Детмолд и Лемго. Овие постоеле до 1947 г. кога Липе ја изгубило самобитноста, и по наредба на Британската окупациска власт било ставено во новата сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија; во 1949 г. собранието ја одобрило оваа промена. Во 1969/70 г. 168-те града и општини се споени во 16; со управните реформи во 1973 г. окрузите Лемго и Детмолд се соединети, образувајќи го денешниот округ Липе.

Географија

уреди

Округот Липе го опфаќа северниот дел на Тевтобуршката Шума, каде се наоѓа највисоката точка во него — возвишението Кетерберг (496 м) кај Лигде. Најниска точка е реката Везер, на 45,5 м. Главна река е Вере, а на северната окружна граница тоа е Везер. Реката Липе не тече низ Липе, но извира веднаш зад окружната граница во Бад Липшринге во округот Падерборн. Во речната долина се сместени малите територии на Липштат, Липероде и Капел, кои му припаѓале на Липе сè до средината на XIX век се сместени.

На грбот е прикажан традиционалниот симбол на Липе — розата, особено бидејќи округот ја зафаќа речиси целата територија на поранешната држава. Во средината на цветот има 16 прашници, кои ги симболизираат 16-те града и општини во округот. Грбот е усвоен во 1973 г.

И покрај скромната големина на Липе, липската роза е еден од трите симболи претставени на покраинскиот грб на Северна Рајна-Вестфалија.

Градови и општини

уреди
 
Градови и општини на округот Липе
Градови Општини
  1. Бад Залцуфлен
  2. Барнтруп
  3. Бломберг
  4. Детмолд
  5. Ерлингхаузен
  6. Лаге
  7. Лемго
  8. Лигде
  9. Хорн-Бад Мајнберг
  10. Шидер-Шваленберг
  1. Аугустдорф
  2. Дерентруп
  3. Екстертал
  4. Калетал
  5. Леополдсхее
  6. Шланген

Кујна

уреди

Најпознатото јадење од Липе е пикертот, кој во минатото го јаделе сиромашните. Главни состојки се компири, брашно и суво грозје.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Населеност на местата“. Статистичка служба на Северна Рајна-Вестфалија. 20 јуни 2024. (германски)

Надворешни врски

уреди

52°00′N 8°55′E / 52.000° СГШ; 8.917° ИГД / 52.000; 8.917