Повлекување на српската војска преку Албанија
Повлекување на српската војска преку Албанија или Албанска голгота — термин за егзодусот врз српскиот народ и војската при нивното повлекување преку замрзнатите планини на Албанија и Црна Гора, кон крајот на 1915 и почеток на 1916 година, поради тројната инвазија од страна на Централнте сили врз Србија во текот на Првата светска војна. Ова повлекување се реализирало во неколку колони преку Косово и Метохија кон брегот на Јадранското Море, каде се очекувала помош од сојуѕничките сили кои требало да ги префрлат бегалците со организиран транспорт и да ги префрлат на беѕбедните грчкии острови во Јонското Море, Италија и Северна Африка. Бројот на жртвите на војската и народот во ова повлекување никогаш не бил точно утврден, според извештаите на сојузниците бројката е заедничка за војската и цивилите и изнесува над 200.000, а според српската Воена команда евидентирано е околу 70.000 војници.
Причини
уредиПо неочекуваната победата на српската војска врз австроунгарските сили во 1914 година, под команда на фелдмаршалот Аугуст фон Макензен, засилени со војска од над 500.000 припадници на Единаесеттата германска армја, со 10 ескадрили на авиони, бројната речна флота на Дунав и современото оружје од Германија, Австроунгарските балкански трупи на 6 октомври 1915 извршиле силна инвазија. Отпорот на српската војска бил залуден до 15 октомври под налет на Централните сили биле заземени Белград, Смедерево, Пожаревац и Голубац, по што српската војска била принудена на повлекување кон југот.
Во интересите на сојузниците Србија по победите во 1914 била од интерес зз повлекување на дел од австроунгарските и германските сили како од Западниот фронт, така и од Источниот, но во интерс на сојузниците било и Бугарија да се вовлече на својата страна.
Уште на почетокот на август, сојузниците уште еднаш се потрудиле да ја наговорат Бугарија на влез во војна против Турција, ветувајќи дека воено ќе го окупира источниот дел на Вардарска Македонија и дека на Србија нема да ѝ допуштат проширување на запад додека не ја предаде ветената територија. Истовремено, на Софија ѝ било нудено територијално проширување во Егејска Македонија, Тракија и Добруџа.
Соочена со претстоечкиот напад на Централните сили, со претешки дипломатски притисок од сојузниците и можноста да биде обвинета за евентуален пораз на Балканскиот фронт, српската влада на 1 септември 1915 година изјавила дека со „болка во срцето го отстапува, не одрекувајќи се национално од Македонија, она што сојузниците го бараат, речисицела линија од 1912 година, под услов Бугарија во најкраток рок со сите сили да ја нападне Турција.[1]
Бугарската влада истовремено преговарала и со Централните сили, одлучувајќи конечно да ја прифати нивната понуда – цела Македонија и делови од Србија до Велика Морава. Покрај останатото, таа одлука била и резултат на упорната „подземна работа“ на придобивање на Бугарија, која Виена ја интензивирала.[2]
На 15 октомври 1915 година без објава на војна, две бугарски комплетни армии ги нападнале и потиснале српските сили во долината на Јужна Морава кај Врање, а до 22 октомври ги зазеле Куманово, Штип, Скопје, ја прекинале моравско-вардарска комуникација и оневозможиле повлекување на српската војска кон Грција.
На тој начин, српската војска и бегалците кој го сочинувал народот што се повлекувал пред страотите на окупацијата се нашле во безизлезна ситуација на територија на Косово и Метохија. Под притисок од добро вооружен, поткрепен со добро снабдување и свежи сили троен непријател, српските сили кои не ја добиле очекувана поддршка од сојузниците, по епидемија на тифус, со лошо вооружување и недостаток на оружје, муниција, храна и медицинска опрема били пред потполн пораз.
Врховна команда на српската војска на 24 ноември 1915 година одлучила војската да ја повлече преку Албанија на Јадранско Море. Таа одлука била донесена по неуспешниот обид војската да се повлече по долината на Вардар поради продорот на бугарските армији. Таа одлука се сметала за единствена можна, бидејќи капитулација била категорично неприфатлива бидејќи би значела крај на државата, а предлогот на војводата Живојин Мишиќ да се изврши противнапад бил одбиен поради реалната слика на силите. Според договорот со сојузниците, српските сили требало да бидат пречекани од сојузниците кои ќе овозможат приклучување на Солунскиот фронт. Во меѓувреме српската влада постигнала договор со претседателот на албанската влада Есад-паша Топтани за слободан премин на војската преку Албанија. Српската војска и бегалците на чело со српската влада.
По оваа одлука на чело со српската влада со нејзиниот претседател Никола Пашиќ и кралот Петар I, српската војска и бегалците тргнале во еден од најужасните егзодуси во 20 век.
Повлекување
уредиСостојбата на српската војска била исклучително неповолна, владеела истоштеност, немало доволно хтана, воениот материјал недостасувал, а зимата била силна. Воениот врв не се откажувал од сојузништвото и не помислувало на предавање.
Прва колона тргнала на 26 ноември 1915година, од Призрен преку Везировог моста кон Скадар и Љеш, во неа бил кралот, воениот врв и дипломатскиот кор, српската влада тргнала 2 дена порано. На 30 ноември од Призрен тргнала и втората колона, но во друг правец, креће друга колона, преку Љум Кула, Пишкопеја, Елбасан и Тиран. Од Пеќ тргнуваат сите три српски армии во правец Андријевица - Подгорица - Скадар. Дел од трупите во правец Ђаковица - Везиров мост - Љум Кула - Скадар, а Тимочката војска и ореди од западна Македонија преку, Дебар и Струга во Елбасан.
За состојбата на српската војска можеби најдобро говори соопштение на германската команда од 29 ноември: "Бидекќи српската војска веќе не постои, туку постојат само нејзини бедни остатоци кои се разбегале по дивите албански и црногорски планини, каде без храна во ваква зима ќе ја најдат својата смрт, се прекинуваат понатамошни операции и веќе нема да се даваат известувања од балканскорото боиште".
Иако состојбата била зрела за капитулација, некои од српските војсководачи ја поддржувале идејата на војводата Живојин Мишиќ за противнапад. По разматрање на реалните можности на четири систаноци на (29 ноември - 1 декември) со Степа Степановиќ, Павле Јуришиќ Штурм и Михаило Живковиќ, идејата не била прифатена.
По уништување или закопување на тешката и полската артилерија, последните српски трупи тргнале на 3 декември преку Црна Гора за Албанија. Според податоци на српската Врховна команда, на албанскиот брег пристигнале околу 110.000 војници и 2.350 офицери. Се претпоставува дека животот го загубиле околу 72.000 војници. Преку Албанија преминале вкупно околу 54.000, а преку Црна Гора околу 90.000 луѓе. Освен исклучително решки, нечовечки напори во екстремни услови, српската војска постојано имала окршаи со припадниците на албанските племиња кои не ја почитувале наредбата и не ја признавале власта на Есад-паша Топтани.[3]
Пристигање на брегот на Јадранското Море
уредиПоповеќе од еден месец страдање во тешките маршеви, гладни, промрзли и изнемоштени српски трупи пристигнале со Скадар, Драч и Валона, но за нив тоа не значело крај на маките и страдањара. На брегот не ги дичекала ветената сојузничка помош и поддршка, а еден од сојузниците Италија се однесувал како непријател. На 28 декември на премиерот Никола Пашиќ му била врачена изјава на италијанската влада со која на српската војска ѝ се забранува да помине преку реката Шкумба.
По интервенција од страна на Русија односите се смириле. А по личната интервенција на рускиот цар Николај II, на 18 јануари 1916 година, кој се заканил дека ќе излезе од војната доколку на српската војска не ѝ се помогне, британските и француските сојузници су убрзали помош, а Италијанците дозволиле влез на војската во Валона.
На 28 јануари француската влада донела одлука нејзината морнарица да ги одложи сите други транспорт, сè додека српските трупи не бидат извлечени од Албанија. До 15 февруари на грчкото острово Крф биле префрлени над 135.000 луѓе, а до април таа бројка се искачила на 151.828 војници и цивили. Во тек на првите денови измаената и изнњмоштената војска била изложена на постојан дожд без облека и огрев, без доволно храна и без медицински материјал. Наместо спас огромен број од нив го загубил животот на островот.
На островот Видо биле оставани најтешко ранети и болни, најчесто најмлади кои немале доволно искуство и сила за патот што го поминале. Од 23 јануари до 23 март 1916 година починале 4.847 луѓе. Мал остров Видо кој Крф бил организиран како болница, но постепено станал „остров на смртта“, а море околу него сина гробница[4] во која биле спиштени околу 5.400 мртви. Од почит кон починатите, грчките рибари не ловеле риба во тие води следните 50 години.
Надворешни врски
уреди- Марш смрти дуж обале Јадранског мора, Политика, Јован Гајић, 8. јануар 2016.
- „Кројачи српске судбине“[мртва врска], др Петар Опачић, Вечерње новости, фељтон, 25. октобар - 8. новембар 2009.
- Албанска голгота и крфски васкрс, РТС, 17 април 2016.
- https://www.youtube.com/watch?v=AFCaImTwZKM
Наводи
уреди- ↑ Петар Опачић, „Србија и Солунски фронт“,Књижевне новине, Београд, 1984, стр. 19 - 20.
- ↑ Мира Радојевиќ, Љубодраг Димиќ, Србија у Великом рати 1914 -1918, Слово љубве - Буквибукс, Скопје, 2018, стр. 203.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2013-09-27. Посетено на 2018-06-15.
- ↑ https://www.youtube.com/watch?v=Fk0UziUWJxo