Бубачки (филм)
Бубачки — македонски краткометражен игран филм по сценарио и во режија на Игор Иванов Изи, во продукција на Сектор Филм Скопје. „Бубачки“ е номиниран за „Златна мечка“ на Берлинскиот филмски вестивал во 2004. година и е добитник на престижниот „Златен леопард“ на фестивалот во Локарно. Бубачки успева да се пласира помеѓу девет кратки филмови во трката за „Оскар“, но не се здобива со номинација. Улогите ги толкуваат: Ѓорѓи Крстевски, Оливер Митковски, Лабина Митевска, Владимир Јачев и Јелена Богојевиќ. Кинематографер е Томи Салковски, продуцент Владимир Анасатасов, монтажер Игор Андреевски, а музиката е на Зоран Спасовски.