Паско Кузман

македонски археолог

Паско Кузман (15 октомври 1947, Вапила) е македонски поет[1] и археолог.

Паско Кузман
Паско Кузман со претседателот Ѓорге Иванов
Директор на управата за заштита на културното наследство
Претседател Ѓорге Иванов
Премиер Никола Груевски
Лични податоци
Роден(а) 15 октомври 1947(1947-10-15)(77 г.)
Вапила, Охридско, СФРЈ
Националност  Македонија
Професија археолог
Вероисповед православие
Портал uzkn.gov.mk

Животопис

уреди

Кузман завршил гимназија во Охрид, студирал медицина и право во Скопје и Белград, а студиите по археологија ги завршил на Филозофскиот факултет во Белград, СФРЈ. Во 1979 година се вработил во Заводот за заштита на спомениците на културата и Народен музеј во Охрид како советник археолог за праисториска и протоисториска археологија.[2].

Во јули 2014 година, Кривичниот суд во Скопје го осудил Паско Кузман на казна затвор во траење од три години за случајот на незаконското откопување и продажба на археолошки предмети, познат како "Фаланга 2". Кузман бил осуден за злоупотреба на службената положба, бидејќи на две лица им издал дозвола да вршат ископувања на два локалитета кај Катланово и кај Делчево.[3]

Професионални ангажмани

уреди

во три мандатни периоди (од формирањето, сè до 2005).

Награди и признанија

уреди

Истражувачки активности

уреди

Раководител на археолошки истражувања:

Археолошки истражувања, член на стручна екипа

уреди

Библиографија

уреди
  • Збирниот наод од Лозишта кај Речица, Лихнид, кн. 5, Охрид 1983, 109-117.
  • Сеќавања, Васил Лахтов (1914-1964), Лихнид, кн. 5, Охрид 1983, 231-233.
  • Три Чељусти и Вртуљка, Требеништа 1972, Завод за заштита на спомениците на културата и Народен музеј, Охрид 1985 - 142 стр + илуст.- (Монографија)
  • Мешеишта во светлоста на археолошките податоци, Мешеишта (монографија), Охрид 1987, 25-28.
  • Makedonski arheološki dnevi v Sloveniji, 25-28 мај 1987, АРХЕО, бр. 6, Љублјана 1987, 34-35.
  • Хермелеја, Лихнид, кн. 6, Охрид 1988, 89-116,(Паско Кузман, Владо Маленко)
  • Прилог кон проучувањето на некрополата од железно време кај Радолишта близу Струга. Maced. acta archaeol. 9 (1983-1984), Скопје 1988, 103-112.
  • Јован Ковачевиќ: живот и дело, Maced. acta archaeol. 9 (1983-1984), Скопје 1988, 241-245.
  • Долно Трново, ранонеолитска населба, AP 28 (1987), Ljubljana 1989, 38-39. (П. Кузман, Д. Симоска, Б. Китаноски)
  • Тумба, Оптичари, повеќеслојна неолитска населба, AP 29 (1988), Ljubljana 1990, 63-66 (П. Кузман, Д. Симоска)
  • Зластрана, Средорече, населба од постариот неолит, AP 29 (1988), Ljubljana 1990, 72-74.
  • Зластрана, неолитска населба во Охридско, Maced. acta archaeol. 11, Скопје 1990, 35-50.
  • Ранохристијански споменици во Охридскиот регион, Црковен алманах „Светиклиментово слово", Охрид: Дебарско-кичевска епархија, 1990, 61-66.
  • Преглед на средновековните словенски црковни градби регистрирани како археолошки наоѓалишта во Охридската регија, Црковен Алманах „Светиклиментово слово", Охрид: Дебарско-кичевска епархија, 1992, 78-95.(Кузман Паско, Маленко Владо)
  • New Future, Macedonian news magazine, Special edition Archeology in Macedonia: No. 4-5 (May-June), Skopje 1992, 4.
  • Палеолит во Македонија, Maced. acta archaeol. 13 (1992), Скопје 1993, 9-16.
  • Македонија во светлоста на археолошките откритија, Историја на културата на Македонија, кн. 1, Скопје: МАНУ, 1995, 31-37.
  • Неколку нафрлоци во врска со содржинските и методолошките прашања на истражувањето на историјата на културата на Македонија, Историја на културата на Македонија, кн. 1, Скопје: МАНУ, 1995, 311-313.
  • Податоци за палеолитските култури во Македонија, Историја на културата на Македонија, кн. 2, Скопје: МАНУ, 1995, 11-21.
  • Археолошки траѓи за Египќаните во Југозападна Македонија, Зборник на трудови за етногенезата на Египќаните во Македонија, Скопје: Здружение на Египќаните во РМ, 1996, 165-185.
  • Кутлина, Maced. acta archaeol. 14 (1993-1995), Скопје 1996, 9-23.
  • Уметноста на Требеништа / Паско Кузман .- Скопје: НИП „Ѓурѓа", 1997 .- 64 стр.(Независни издан., коло 1); (Ликовна уметност, кн. 6)
  • Lychnidos dans la haute antiquite:(Nouvelles preuves archeologiques), Živa Antika, god. 47, t. 1-2, Skopje 1997, 19-28. (Вера Битракова Грозданова, Паско Кузман)
  • Археолошката професија, институциите за заштита на спомениците на културата и музејската дејност, релации меѓу нив и Предлог-шема за реорганизација и инкорпорирање во новата општествено-политичка стварност, Museol. Maced., Скопје: Македонски национален комитет ИКОМ, 1997, 128-134.
  • La Macédoine a la lumière des découvertes archéologiques, La Republique de Macédoine: Nouvelle venue dans le concert européen, Paris: L’Harmattan 1998, 137-140.
  • Lyhnidus во раната антика / Lyhnidus in the early Antiquty, МН, год. III, бр. 8, Скопје 1998, 3-16. (Вера Битракова Грозданова, Паско Кузман)
  • Директни и индиректни фактори што влијаат на заштитата на археолошкото богатство на Македонија (релации, организациона функционализација), Археолошко богатство на Македонија и неговата заштита, Скопје: Фондација за култура на Р Македонија, 1998, 51-56.
  • Миграционите движења и етничките промени во регионот на Охридското Езеро од најстарите времиња до крајот на првиот милениум пред н.е., Уздарје, кн. 17 - Зборник посветен на Драгослав Срејовиќ, Белград 1999, 281-284.
  • Lychnidus во раната антика(нови археолошки докази), Историја, год. 34/35, бр. 1-4 (1998-99), Скопје 1999, 97-112. (Вера Битракова-Грозданова, Паско Кузман)
  • (Prehistory Facts about Macedonia: Natural and Cultural Monuments, Skopje: Ministry of Information, 2000, 27-41.
  • Георги Шоптрајанов и неговата улога во заштитата на културното наследство во Македонија / Паско Кузман .- Охрид: Завод за заштита на спомениците на културата и Народен музеј, 2000 .- 42 стр; (Едиција: Од охридските ризници)
  • Охрид на крстопатот на милениумите, 40 години од Фестивалот „Охридско лето", Охрид: Фестивал „Охридско лето" 2000, 9-11.
  • Музеите во Охрид (монографија) / Паско Кузман. - Завод за заштита на спомениците на културата и Народен музеј-Охрид, 2001 (со Сашо Димоски, Лилјана Миладиновска).
  • Борис Чипан и Џеладин-бег, Долни Сарај - епизода од историјата на Охрид со Џеладин-бег / Борис Чипан,- Завод за заштита на спомениците на културата и Народен музеј-Охрид, 2001, 3-4.
  • Белешки за некои аспекти на археологијата во Македонија, Македонско археолошко научно друштво, Библиографија на македонската археологија 1945-2000. / Лилјана Миладиновска,- Завод за заштита на спомениците на културата и Народен музеј-Охрид, 2001, 17-34.
  • Тодор Паскали (монографија).- Завод за заштита на спомениците на културата и Народен музеј-Охрид, 2002 (подготовка).
  • Охридски богојавленски водосвет (монографија) / Паско Кузман.- Здружение на граѓани за целосна афирмација на МПЦ Богојавление - Охрид, 2005, 84 стр.

Каталошки единици

уреди
  • Муниципиум Стобенсиум – Западна некропола, 1992, Скопје: Музеј на Македонија, РЗЗСК; Велес: Народен музеј, 1994.
  • Археолошка карта на Република Македонија, Том 2, Скопје: МАНУ, Музеј на Македонија, Археолошки оддел, 1996 (Со В. Маленко).

Наводи

уреди
  1. Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 132.
  2. Asen Grupče (1998). Ohrid: kulturniot život i tvoreštvo vo Ohrid i Ohridsko vo 20. vek : pregled na poistaknati ličnosti od 20. vek. Matica makedonska.
  3. "За Бојчевски седум и пол години затвор, три години за Паско Кузман", Дневник, година XVIII, број 5525, петок, 25 јули 2014, стр. 11.