Тодор Паскали
Тодор Паскали (Охрид, 17 јуни 1936 - Охрид, 4 мај 2006) — македонски архитект и реставратор.[1]
Тодор Паскали | ||
Роден | 17 јуни 1936 Охрид | |
---|---|---|
Починал | 4 мај 2006 Охрид, Македонија | |
Занимање | архитект и реставратор |
Животопис
уредиПаскали е роден на 17 јуни 1936 година во Охрид. Основното и средното образование Паскали го завршил во неговиот роден град Охрид. Дипломирал на Техничкиот факултет во Скопје – отсек архитектура во 1961 година. Од 1965 година па сè до своето пензионирање во 1996 година бил во служба на спомениците на културата. За него археологот Паско Кузман рекол дека со својата деноноќна посветеност, Тодор Паскали е буквално вграден во неговите дела. Паскали работел како архитект–конзерватор во Заводот за заштита на спомениците на културата, каде подоцна бил назначен како директор на оваа институција. Во областа на заштитата на културното наследство изработил и реализирал повеќе проекти. Најзначајни се:
- Реставрацијата на Куќата на Робевци во Охрид (1979)
- Конзервацијата на црквата „Св. Ѓорѓи“ во Старо Нагоричане, Кумановско (1965)
- Конзервацијата на црквата „Св. Богородица“ во Матејче, Кумановско (1965)
- Конзервацијата на црквата „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник, Охрид
- Конзервација на црквата „Св. Никола Болнички“ во Охрид
- Конзервацијата на Самоиловата тврдина во Охрид
Паскали паралелно работел на архитектонски проекти. Специфичниот спој на работни задачи влијаел врз изразот во проектирањето, односно духот на традицијата се насетува и во неговата архитектура. Негови позначајни реализации се:
- Хотелот „Бисер“ во Калишта, Струга (1970)
- Хотел „Белград“ во Струга (1988)
- Ресторан во манастирот „Св. Наум“ (1982)
- Црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Велес (2006)
- Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Македонска Каменица (1998)
Тодор Паскали е еден од главните иницијатори за основање на работилницата, односно на ателјето за уметничка резба при Заводот за заштита на спомениците на културата во Охрид во 1975 година. Првите поголеми резбарски работи ова ателје ги изработило за Свечената сала на Македонската академија на науките и уметностите. Меѓу најзначајните потфати на ателјето се реконструкцијата и возобновувањето на Кралскиот дворец во Варшава, во соработка со полски реставратори и конзерватори.
Награди
уреди- Награда „11 Октомври“ - за својата долгогодишна активност во полето на заштита на спомениците на културата.
- Орден „Свети Климент Охридски“ на МПЦ
Наводи
уреди- ↑ Трајановски, Љубен. „Тодор Паскали / 1936 – 2006“. Македонска архитектура. Посетено на 4 јуни 2022.
Надворешни врски
уреди- Документарна сторија за градителот и архитект Тодор Паскали од Охрид документарен филм од Аљоша Симјановски на Јутјуб