Рупишта (општина)

општина во Костурско, Егејска Македонија
(Пренасочено од Орестида (општина))
Општина Рупишта
Δήμος Ορεστίδος

Карта на општина Орестида (Рупишта)
Податоци
Област: Западна Македонија
Округ: Костур
Гео. област: Костенарија
Население: 11.653 (2021)
Седиште: Рупишта
Нас. места: 31
Пошт. бр.: 520 59
Пов. бр.: 24670-72
Портал: dimos-orestidos.gr

Рупишта или Хрупишта (дијалектно: Рупишча или Хрупишча; грчки: Δήμος Ορεστίδος, Димос Орестидос) — општина во западниот дел на Егејска Македонија, денес во Грција. Административен центар е градот Рупишта (Аргос Орестико). Ги опфаќа селата во Костурското Поле и областа Костенарија.

Наречена е по нејзиното главно населено место — гратчето Рупишта (Хрупишта), кое пак на грчки подоцна е преименувано според горномакедонската област Орестида, согласно грчката политика на присвојување на древната историја на Македонија.

Населени места

уреди

Општината е создадена на 1 јануари 2011 г., со спојување на две поранешни општини: Рупишта (до септември 2006 г. службено наречена Орестида) и Јон Драгумис, наречена по грчкиот пропагандист Јон Драгумис.

Општинска единица Рупишта

уреди

Општинската единица Рупишта ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

 
Поранешната општина Рупишта на картата на некогашниот округ Костур.
  • Општински оддел Рупишта (7 560)
  • град Рупишта (Рупишча или Хрупишта; Άργος Ορεστικό, Аргос Орестико)
  • село Семаси (Κρεμαστό, Кремасто)
  • Општински оддел Бела Црква
  • Општински оддел Жиковишта
  • село Жиковишта (или Жиковишча; Σπήλιος, Спилиос)
  • село Бухин (Ανθηρό, Антиро)
  • село Лучишта (или Лучишча; Κερασώνα, Керасона)
  • Општински оддел Жужелци
  • село Жужелци (Σπήλαια Спилеја)
  • село Долени (Ζευγοστάσιο/Ζευγοστάσι, Зевгостасио или Зевгостаси)
  • Општински оддел Забрдени
  • Општински оддел Либешево
  • Општински оддел Ланга
  • Општински оддел Моласи
  • Општински оддел Нестиме
  • Општински оддел Осничани
  • село Осинчани (или Сничени; Καστανόφυτο, Кастанофито)
  • село Мангила (или Монгила, Могила; Άνω Περιβόλι; Ано Периволи)
  • Општински оддел Песјак
  • Општински оддел Скумско
  • Општински оддел Старичани

На територијата на општинската единица се наоѓале и денес напуштените села Оловраде (Головраде или Лувраде; Скиеро), Марчишта (Като Периволи), Лагор (Лагора) и Братмир.

Општинска единица Јон Драгумис

уреди
 
Поранешната општина Јон Драгумис на картата на некогашниот округ Костур.

Општинската единица Јон Драгумис, наречена по грчкиот пропагандист Јон Драгумис, со седиште во Богатско (Вогацико) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

  • Општински оддел Богатско
  • Општински оддел Здралци
  • село Здралци (Αμπελόκηποι, Амбелокипи)
  • Општински оддел Костараџа
  • Општински оддел Лошница
  • Општински оддел Слимништа

Поврзано

уреди

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди