Семаси

село во Костурско, Егејска Македонија

Семаси (грчки: Κρεμαστό, Кремасто; до 1928 г. Σέμασι, Семаси[2]) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Рупишта од Костурскиот округ на Западна Македонија, Грција. Селото отсекогаш било македонско и останало такво до денес.[3]

Семаси
Κρεμαστό
Семаси is located in Грција
Семаси
Семаси
Местоположба во областа
Семаси во рамките на Рупишта (општина)
Семаси
Местоположба на Семаси во Костурскиот округ и областа Западна Македонија
Координати: 40°21.27′N 21°12.12′E / 40.35450° СГШ; 21.20200° ИГД / 40.35450; 21.20200
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКостурски
ОпштинаРупишта
Општ. единицаРупишта
Надм. вис.&10000000000000640000000640 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно3
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Селото се наоѓа на 3 км западно од Рупишта, на десниот брег на реката Бистрица. Над селото се наоѓа пештерната црква „Св. Никола“.[4] Селската црква се нарекува „Св. Атанасиј“.[5]

Историја

уреди

Во Отоманското Царство

уреди

На крајот од XIX век Семаси било малко македонско село во Костурската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Семаси имало 50 жители, сите Македонци.[6][7]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Семаси е чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 10 куќи.[8]

На почетокот на XX век целото население на Семаси било под врховенството на Цариградската патријаршија. По податоци егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Семаси имало 80 Македонци, сите под патријаршијата.[6][9]

Според Георгиос Панајотидис, учител во Цотилската гимназија, Семаси (Σέμασι) во 1910 г. било чифлик со 8 македонијазични семејства.[10]

Според Георги Константинов Бистрицки Чифлик Семаси пред Балканските војни имал 6 македонски куќи.[6][11] Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) за приближно истиот период го води Семаси со 5 куќи на Македонци христијани и 1 куќа на Арнаути муслимани.[12]

Во Грција

уреди

За врема на Балканските војни селото е окупирано од грчки единици и во 1913 г. влегло во состав на Грција. Истата година селото имало 54 жители, кои во 1920 г. биле 49 лица.[3] По 1919 г. 1 човек од Семаси се преселил во Бугарија официјален пат.[13]. Во 1928 г. селото е преименувано во Кремасто. Таа година населението броело 36 жители.[3]

Селото претежно произведува градинарски култури и жито, а делумно се занимава и со сточарство.[3]

Семаси не настрадало во Граѓанската војна (1946-1949).[3]

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 77 65 58 31 25 10 2 9 3
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). I дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 41. ISBN 9989-9819-5-7.
  4. Άι Νικόλας "Κρεμαστός"
  5. „Παρεκλήσια“. Ι.Ν.Αγίας Παρασκευής Άργους Ορεστικού. Архивирано од изворникот на 28 јануари 2022. Посетено на 24 август 2015.
  6. 6,0 6,1 6,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  7. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 268. ISBN 954430424X.
  8. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 98.
  9. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 180–181.
  10. Παναγιωτίδης, Γιώργος Π. Σ (1911). „Τα Καστανοχώρια“. Μακεδονικόν Ημερολόγιον (грчки). εν Αθήναις: Τύποις «Αυγής Αθηνών», Θ. Ν. Αποστολοπούλου. Δʹ: 135. Архивирано од изворникот на 2020-10-25. Занемарен непознатиот параметар |lang-hide= (help)
  11. Бистрицки (1919). Българско Костурско (PDF). Ксанти: Издава Костурското Благотворително Братство „Надежда“ в гр. Ксанти. Печатница и книжарница „Родопи“. стр. 9.
  12. Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 18.
  13. Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Kremasto Архивирано на 26 јули 2007.