Забрдени (Костурско)

село во Костурско, Егејска Македонија, Грција

Забрдени (грчки: Μελάνθιο, Мелантио; до 1927 година Ζαμπύρδενη, Забирдени[2]) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Рупишта на Костурскиот округ на Западна Македонија, Грција Населението брои 72 жители (2021).

Забрдени
Μελάνθιο
Забрдени is located in Грција
Забрдени
Забрдени
Местоположба во областа
Забрдени во рамките на Рупишта (општина)
Забрдени
Местоположба на Забрдени во општината Рупишта и областа Западна Македонија
Координати: 40°24′N 21°08′E / 40.400° СГШ; 21.133° ИГД / 40.400; 21.133
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКостур
ОпштинаРупишта
Општ. единицаРупишта
Надм. вис.&10000000000000820000000820 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно72
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа на околу 16 километри југозападно од општинскиот центар Рупишта (Аргос Орестико) и на 8 километри југоисточно од Нестрам (Несторио). Во селото се наоѓа забрденскиот манастир „Свети Ѓорѓи“.

Историја

уреди

За време на Османлиското Царство

уреди

Селото се споменува во османски дефтер од 1530 година под името Забердани со 63 христијански семејства и едно муслиманско[3] Кон крајот на XIX век Забрдени е исламизирано село во северниот крај на Костурската Каза на Османлиското Царство, потурчено најверојатно за време на Али-паша Јанински.[4] Во статистиката на Васил К’нчов, во 1900 година Забрдени е забелажано како село со 300 жители Македонци муслимани.[5] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Забарден се води како чисто „турско“ село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 60 куќи.[6] Треба да се напомене дека тогаш исламизираните Македонци биле нарекувани „Турци“. Според грчката статистика од 1905 година во Забрдени живееле 500 Турци.[7]

Во Грција

уреди

За време на Првата балканска војна во 1912 година во селото влегуваат грчки трупи и за време на Втората балканска војна во 1913 година Забрдени станува дел на Кралството Грција.

Во 1924 година муслиманските жители се иселуваат во Турција, а на нивно место се населиле бегалци, Грци од Турција. Во 1928 година селото е целосно бегалско со 72 семејства и 309 жители бегалци[8].

Во 1927 година името на селото е променето во Мелантион

Демографија

уреди

Пописи

уреди

Движењето на населениото по години е следното[9]:

  • 1913 - 579 жители
  • 1920 - 592 жители
  • 1928 - 320 жители

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 567 446 372 240 260 235 218 88 72
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

уреди

Населението во селото произведува главно жито, тутун, костени и друго овошје.

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ζαμπύρδενη -- Μελάνθιον
  3. Harun Yeni,Demography and settlement in Paşa sancaği sol-kol region according to muhasebe-i vilayet-i rumeli defteri dated 1530 [1530 tarihli Muhasebe-i Vilayet-i Rumeli defteri'ne göre Paşa Sancağı sol-kol bölgesinde demografi ve yerleşim], Ankara, 2006, стр. 116.
  4. Симовски, Тодор. Населените места во Егејска Македонија, Скопје, 1998.
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 266.
  6. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 101.
  7. „Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Melanthio“. Архивирано од изворникот на 2007-07-26. Посетено на 2017-04-05.
  8. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  9. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија. 2. Скопје. стр. 21.