Бела Црква (Костурско)
Бела Црква (грчки: Ασπροκκλησιά, Аспроклисија; претходно Μπελατσέρκβα, Белацерква[2]) — село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Рупишта од Костурскиот округ на Западна Македонија, Грција. Селото отсекогаш било македонско и останало такво до денес.[3]
Бела Црква Ασπροκκλησιά | |
---|---|
Поглед на Бела Црква | |
Координати: 40°24.22′N 21°15.23′E / 40.40367° СГШ; 21.25383° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Костурски |
Општина | Рупишта |
Општ. единица | Рупишта |
Надм. вис. | 703 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 332 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото се наоѓа ов најисточните пазуви на планината Одре во областа Костенарија, на 6 км јужно од Рупишта. Меѓу Бела Црква и соседното село Нестиме има праисториска скаменета шума.
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиЦрквата „Св. Атанасиј“, сместена на половина километар западно од селото крај патот за Нестиме, е изградена во 1851 г., но во неа има зачувано поствизантиски икони од постар храм.[4] На крајот од XIX век Бела Црква било македонско село во Населичката каза. Селото се наоѓало на самата македонско-грчка етничка граница — на југ има само грчки (т.е. погрчени македонски) и влашки села. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Бела Црква имала 210 жители Македонци христијани.[5][6]
На почетокот на XX век жителите на Бела Црква биле под врховенството на Цариградската патријаршија. Според Христо Силјанов во април 1904 г. Бела Црква прешла под врховенството на Бугарската егзархија.[7] Во 1904 г. при реорганизацијата на Костенариот револуционерен реон по Илинденското востание, во селото е создаден револуционерен комитет на ВМОРО.[8]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во селото имало 240 Македонци под патријаршијата.[5][9]
Во егзархиската статистика за 1908/09 г. Атанас Шопов го води Бѣла-Църква во списокот на македонските патријаршистички, полупогрчени села во Населичката каза.[10]
Според Георгиос Панајотидис, учител во Цотилската гимназија, Аспроклисија (Ασπροκκλησιά) во 1910 г. имало околу 30 македонојазични семејства „со грчка свест“ (во реалност, не можеле да ѝ се спротивстават на патријаршијата). Во селото работело грчко основно училиште со 1 учител и 18 машки ученици.[11]
Според Георги Константинов Бистрицки Бела Црква пред Балканските војни имала 40 македонски куќи,[5][12] а според Георги Христов покрај македонските, имало и една влашка.[13] Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека пред Балканските војни во Бела Црква имало 25 куќи на Македонци христијани и 4 куќи на погрчени Македонци или Власи.[14] Во селото никогаш не биле доселени грчки колонисти.[3]
На етничката карта на Костурското братство од 1912 г. Бела Црква (Бѣла църква) е означена како македонско село.[5][15]
Во Грција
уредиЗа време на Балканските војни селото е окупирано од грчка војска и во 1913 г. влегло во состав на Грција. Таа година населението броело 257 жители. Во 1920 г. бројот останал непроменет.[3] На пописот од 1928 г. во Бела Црква се заведени 273 лица.[3]
Селото настрадало во Граѓанската војна, кога еден дел жителите го напуштиле. По војната бројот на жители закрепнал.[3]
Име | Грчки | Ново име | Грчки | Опис |
---|---|---|---|---|
Бајраци | Μπαϊράτσι | Керасотопос | Κερασότοπος[16] |
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 410 | 360 | 395 | 354 | 380 | 414 | 419 | 358 | 332 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ ΠΛΜ 11:442
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 8. ISBN 9989-9819-6-5.
- ↑ Δήμος Άργους Ορεστικού, Архивирано од изворникот на 23 декември 2010, Посетено на 2021-02-12
- ↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 272. ISBN 954430424X.
- ↑ Силяновъ, Христо (1943). Освободителнитѣ борби на Македония (PDF). II. Следъ Илинденското възстание. София: Издание на Илинденската Организация. стр. 125.
- ↑ Шкуртовъ, Кириякъ (1940). „Революционната епоха въ Костенарията – 1903 1908 г.“ (PDF). Илюстрация Илиндень. Издание на Илинденската Организация. XII (112): 10. Занемарен непознатиот параметар
|month=
(help); no-break space character во|title=
во положба 37 (help) - ↑ Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 226–227.
- ↑ Георгиев, Величко, Стайко Трифонов (уред.) (1996). История на българите в документи 1878 - 1944. I, част втора: Българите в Македония, Тракия и Добруджа. София: Издателство „Просвета“. стр. 247. ISBN 954-01-0558-7.
- ↑ Παναγιωτίδης, Γιώργος Π. Σ (1911). „Τα Καστανοχώρια“. Μακεδονικόν Ημερολόγιον (грчки). εν Αθήναις: Τύποις „Αυγής Αθηνών“, Θ. Ν. Αποστολοπούλου. Δʹ: 135. Архивирано од изворникот на 2020-10-25. Занемарен непознатиот параметар
|lang-hide=
(help) - ↑ Бистрицки (1919). Българско Костурско (PDF). Ксанти: Издава Костурското Благотворително Братство „Надежда“ в гр. Ксанти. Печатница и книжарница „Родопи“. стр. 9.
- ↑ Марков, Георги Христов (2002). Хрупищко (PDF). Хасково: Държавен архив - Хасково, Интерфейс. стр. 199. ISBN 954-90993-1-8.
- ↑ Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 18.
- ↑ Костурско. Софија: Издание на Костурското братство. 1940.
- ↑ „Διατάγματα. Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 266. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 79): 711. 1969. Занемарен непознатиот параметар
|month=
(help)