Лошница

село во Костурско, Егејска Македонија, Грција

Лошница (грчки: Γέρμας, Гермас; до 1928 г. Λόσνιτσα, Лосница[2]) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Рупишта од Костурскиот округ на Западна Македонија, Грција.[3][4]

Лошница
Βοτάνι
Поглед на селото
Поглед на селото
Лошница is located in Грција
Лошница
Лошница
Местоположба во областа
Лошница во рамките на Рупишта (општина)
Лошница
Местоположба на Лошница во Костурскиот округ и областа Западна Македонија
Координати: 40°27.18′N 21°25.45′E / 40.45300° СГШ; 21.42417° ИГД / 40.45300; 21.42417
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКостурски
ОпштинаРупишта
Општ. единицаЈон Драгумис
Надм. вис.&10000000000000780000000780 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно560
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди
 
Вештачкото езеро до селото

Селото се наоѓа на 25 км југоисточно од Костур.[3] Лежи во котлина на Лошничка Река (Порос), која се образува од потоците Јазовино (извира во подножјето на Јаза, над Куманичево и тече на југ) и Муричка Река (Муриксио, извира западно под врвот Мурик). Лошница е сместена меѓу планините Саракина на запад и Мурик на исток.[5] Атарот зафаќа површина од 47 км2. Од нив 7,1 км2 се обратоблива земја, а 17 км2 се шуми.[3]

Историја

уреди

Праисторија и антика

уреди

Лошница за првпат е населена во неолитот. За ова сведочат три утврдени места во јужниот дел на селото — две во месноста Мелиси и една во месноста Кастри. Во древномакедонскиот период во местноста Керасово имало важна населба. Таму има многу урнатини од древномакедонско, римско и рановизантиско време. По традиција, таа населба е првото седиште на Шишанската митрополија, уништено околу 500 г. од Готите на Аларих I.[3]

Во Отоманското Царство

уреди
 
Икона на Пресвета Богородица Патеводителка од Лошница, дело на Хаѕитанасис Панајоту, 1916 г.

Селото првично било македонско, а потоа е погрчено.[4] Во првите векови на османлиското владеење на планината имало неколку малки сточарски села — Пираса, Свети Илија, Керасово, Билија, Лошница, Јазија, Саракина, Турија и Гостун. Околу 1750 г. жителите на Пираса, Свети Илија, Керасово и Билија биле подложени на напади от турски разбојници и за поголема сигурност се населиле во Лошница. Жителите на Саракина се преселиле во Горенци, на Турија во Костараџа, а на Гостун во Богатско. Жителите на Јазија се населиле во Горенци, Куманичево и Чурилово, но еден дел и во Лошница — семејството Дјафис, оставајќи ја својата земја во завештение на Чуриловскиот манастир — подоцниот чифлик Кукуфика. Жителите на Свети Илија се преселиле во куќите на семејството на Ахмед-бег, убиено во април 1800 г. од капетан Муцо (Муцогрекос). Бидејќи му припаѓале на родот Санација, маалото го добило името Санациско.[6]

Потоа во Лошница се изградени две цркви — парохиската „Св. Ѓорѓи“ во селото и гробишната „Св. Атанасиј“ на истоимениот рид. Во периодот од 1763 до 1777 г. Козма Етолски ја посетил Лошница на два наврата, а при првата посета го основал училиштето во селото. Во 1761 г. населението ја обновило поголемата парохиска црква „Св. Ѓорѓи“, а во 1775 г. ја украсиле со раскошен дрвен иконостас и убави преносни икони.[3]

Три лица од Лошница зеле учество во Грчкото востание во 1821 г. — Мисиос, убиен во Негуш за време на Негушкото востание, Довас и Кациапис, загинати при пробивот кај Месолонги.[3]

Во 1878 г. свештеникот Апостолос Зундикос се потпишал во името на жителите на Лошница и заедно со други жители на Шишанскат епархија испратил протестна нота до Големите сили против планираното присоединување на македонските територии кон новосоздадената бугарска држава.[3]

Во 1889 г. Стефан Верковиќ ја опишал Лошница како село со 130 куќи. Данокот им бил 11.650 пјастри, а инание-аскерие било 6.600. Во селото имало едно училиште.[7]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Лошница било село во Клисурската нахија на Костурска каза со 600 жители Грци христијани.[8]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Лошница се води како чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 80 куќи.[9]

По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Лошница имало 400 жители Грци.[10]

За врмее на Грчката вооружена пропаганда во Македонија од 1904 до 1908 г. Лошница била база и прибежиште за многу андартски чети кои војувале во Костурско, Леринско и Кожанско. На 16 јули 1907 г. четите на Николаос Цотакос - Гермас и Григорис Фалиреас - Закас се обиколени од турска војска во месноста Калогерико кај Лошница и во борбата загинале Цотакос и Василиос Цимбидарос заедно со 21 четник.[3]

Грчка статистика од 1905 г. го претставува селото како двапати поголемо со 1500 жители гркојазични Грци.[11]

Во Грција

уреди

За време на Балканските војни селото било окупирано од грчка војска и во 1913 г. влегло во состав на Грција согласно Букурешкиот договор.[3] Таа година броело 903 жители, а во 1920 г. во истото се попишани 900 лица.[4]

Няколку лица од Лошница учествувале во Грчко-турската војна (1919-1922). Георгиос Пројос загинал во битката кај реката Сангариос.[3] Во 1926 г. селото е преименувано во Гермас, по псевдонимот на андартскиот капетан Николаос Цотакос.[3] На пописот од 1928 г. селото покажало пораст на 1.024 жители.[4]

За време на Втората светска војна се одиграла битка помеѓу германски единици и грчка паравоена чета, и тогаш селото е опожарено.[12] Селото настрадало и од напади на Германци, Италијанци и Бугари, со 10 загинати жители. Во Граѓанската војна загинале уште 48 лица.[3] По војната започнало иселување во прекуокеанските земји.[4]

Селото традиционално е познато по гравот и житото.[4]

Месности во Лошница преименувани со службен указ на 5 мај 1969 г.
Име Грчки Ново име Грчки Опис
Гамза[13] Γκαμζιὰ Гидовуно Γιδόβουνο[14] местност ЈИ од Лошница[13]
Јаза[15] Γιάζας Воскорема Βοσκόρεμα[14] река на Саракина, почеток на Лошничка Река[15]
Карагацјо Καραγκάτσιο Фтелиес Φτελιές[14]

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 1186 1032 1017 799 747 830 720 560
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Во селото има осум цркви: парохиската „Св. Ѓорѓи“, гробишната „Св. Атанасиј“, пештерната „Св. Троица“ и „Св. Константин“, „Воскресение Христово“, „Св. Кузман“, „Св. Ирина“ и „Успение на пресв. Богородица“ во поранешното село Керасово.[16]

Културни и природни знаменитости

уреди
Цркви

Литература

уреди
  • Γεωργίου Χρ. Γ., Το Γλωσσικό Ιδίωμα Γέρμα Καστοριάς, Εταιρεία Μακεδονικών Σπουδών, Θεσσαλονίκη 1962.
  • Филипова-Байрова, М. Български думи в говора на с. Гермас (Лошница), Костурско - Известия на Института за български език, 16, 1968, с. 163 - 169.

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. . Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece http://pandektis.ekt.gr/dspace/handle/10442/169812. Посетено на 12 април 2021. Занемарен непознатиот параметар |заглавие= (help); Отсутно или празно |title= (help)
  3. 3,00 3,01 3,02 3,03 3,04 3,05 3,06 3,07 3,08 3,09 3,10 3,11 „Τα χωριά της Ελλάδας: Γέρμας Καστοριάς (εικόνες)“. Fouit.gr. 28 март 2016. Посетено на 5 април 2022.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 30. ISBN 9989-9819-6-5.
  5. . Ο Γέρμας Καστοριάς [Τα μικρά γεφύρια του Γέρμα Καστοριάς Τα μικρά γεφύρια του Γέρμα Καστοριάς] Проверете ја вредноста |url= (help). Посетено на 4 февруари 2021. Отсутно или празно |title= (help)
  6. Αλεξίου, Γιώργος Τ (20 јули 2019). „Το εγκαταλειμμένο χωριό Αϊ-Λιάς της Καστοριάς“. Fiout.gr. Посетено на 5 април 2022.
  7. Верковичъ, Стефанъ (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи (PDF). С. Петербургъ: Военная Типографія (въ зданіи Главнаго Штаба). стр. 186.
  8. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 267. ISBN 954430424X.
  9. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 99.
  10. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 182–183. no-break space character во |pages= во положба 4 (help)
  11. Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Germas Архивирано на 26 јули 2007..
  12. Мичев, Добрин. Българското национално дело в Югозападна Македония (1941 – 1944 г.)
  13. 13,0 13,1 Grevená GSGS (Series); 4439. 2nd ed. Lambert conical orthomorphic spheroid Bessel proj. Prime meridians: Greenwich and Athens. "Reproduced from M.D.R. 610/9542." In collections: Greece 1:100k Topographic Maps. Digital Archive McMaster University. London: War Office. 1944.
  14. 14,0 14,1 14,2 „Διατάγματα. Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 266. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 79): 712. 1969. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)
  15. 15,0 15,1 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
  16. „Ο ιερός ναός τής Παναγίας στην περιοχή Κεράσοβο του Γέρμα Καστοριάς. Αρχές 20ου αιώνα“. Φως της Καστοριάς. 6 септември 2023. Посетено на 18 септември 2023.

Надворешни врски

уреди