Либешево
Либешево (грчки: Άγιος Ηλίας, Агиос Илијас), до 1927 година (грчки: Λιμπίσοβο, Либисово)[2] до 1949 (грчки: Αϊλιάς, Ајлијас)[3]) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес Грција. Според пописот од 2011 година селото брои 8 жители
Либешево Άγιος Ηλίας | |
---|---|
Координати: 40°21′N 21°12′E / 40.350° СГШ; 21.200° ИГДКоординати: 40°21′N 21°12′E / 40.350° СГШ; 21.200° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Костур |
Општина | Рупишта |
Најм. вис. | 1 000 м |
Население (2011)[1] | |
• Општ. един. | 8 |
Часовен појас | EET (UTC+2) |
• Лете (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба Уреди
Селото лежи западно од селото Заковишта и југоисточно од селата Долени и Мангила на надморска височина од 1 000 м. Припаѓа на групата македонски села од Костенаријата. Атарот на селото е мал, околу 6 квадратни километри.
Историја Уреди
За време на Османлиското Царство Уреди
Кон крајот на XIX век Либешево е чисто македонско село во северниот крај на Костурската Каза на Османлиското Царство. Во статистиката на Васил К’нчов, во 1900 година Либешево е забележано како село со 350 жители Македонци.[4]
Во Грција Уреди
За време на Првата балканска војна во 1912 година во селото влегуваат грчки трупи и за време на Втората балканска војна во 1913 година Забрдени станува дел на Кралството Грција.
Во 1927 година името на селото е променето во Ајлијас, а во 1949 година во Агиос Илијас.
Меѓу двете светски војни доста жители од селото емигрирале во прекуокеанските земји заради сиромаштијата, но и заради малтретирањето од страна на грчките власти.
За време на Граѓанската војна селото настрадало, било напаѓано од вооружени десничарски банди и монархистите. Сепак, селото не се распаднало.
Демографија Уреди
Пописи Уреди
Движењето на населениото по години е следното[5]:
- 1913 - 323 жители
- 1920 - 253 жители
- 1928 - 247 жители
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 224 | 85 | 90 | 56 | 121 | 88 | 42 | 8 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство Уреди
Населението во селото произведува жито и компири, а во помала мера се занимава и со сточарство.
Наводи Уреди
- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Λιμπίσοβο -- Αϊλιάς
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Αϊλιάς -- Άγιος Ηλίας
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 268.
- ↑ Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија. 2. Скопје. стр. 28.