Витан
Витан (грчки: Βοτάνι, Вотани; до 1927 Βίτανι, Витани[2]) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Рупишта од Костурскиот округ на Западна Македонија, Грција. Населението брои 41 жител (2021).
Витан Βοτάνι | |
---|---|
Координати: 40°24.53′N 21°18.25′E / 40.40883° СГШ; 21.30417° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Костурски |
Општина | Рупишта |
Општ. единица | Рупишта |
Надм. вис. | 849 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 41 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото се наоѓа на 7 км југоисточно од Рупишта (Аргос Орестико), на десниот брег на реката Бистрица. Црквата „Св. Јован Претеча“ е од XIX век.[3]
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиВитан во минатото бил македонско село, но жителите го напуштиле поради немирите за време на Али-паша Јанински. Потоа тука се доселиле Грци Качауни од Епир.[4] На крајот на XIX век Витан било грчко село село на самата македонско-грчка етничка граница — првото село на север е македонското Песјак. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Витан имал 80 жители, сите Грци.[5]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Витан е чисто грчко село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 25 куќи.[6] Истовремено картата дава село Витан населено со Грци-муслимани во Населичката каза на Серфичкиот санџак со 13 куќи.[7]
Според Георгиос Панајотидис, учител во Цотилската гимназија, Витани (Βιτάνι) во 1910 г. се состоел од 18 македонојазични грчки семејства.[8]
Во „Етнографија на Македонија“ (1924) Густав Вајганд го опишува Витсани како грчко село на македонско-грчката јазична граница.[9]
На етничката карта на Костурското братство за 1912 г. Витанъ е означен како грчко село.[10]
Во Грција
уредиЗа време на Балканските војни селото било окупирано од грчка војска и во 1913 г. влегло во состав на Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 107 жители кои во 1920 г. се намалиле на 99.[4]
Во 1928 г. селото е преименувано во Вотани, кога имало 107 жители.[4]
Витан силно настрадал во Граѓанската војна и населението значително се намалило, селејќи се во странство и поголемите градови во Грција.[4]
Селаните се занимаваат со одлгедување на градинарски култури.[4]
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 141 | 103 | 91 | 54 | 78 | 71 | 68 | 50 | 41 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
- ↑ Δήμος Άργους Ορεστικού, Архивирано од изворникот на 23 декември 2010, Посетено на 13 февруари 2021
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 11. ISBN 9989-9819-6-5.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 268. ISBN 954430424X.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 100.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 78.
- ↑ Παναγιωτίδης, Γιώργος Π. Σ (1911). „Τα Καστανοχώρια“. Μακεδονικόν Ημερολόγιον (грчки). εν Αθήναις: Τύποις «Αυγής Αθηνών», Θ. Ν. Αποστολοπούλου. Δʹ: 135. Архивирано од изворникот на 2020-10-25. Занемарен непознатиот параметар
|lang-hide=
(help) - ↑ Вайганд, Густав. Етнография на Македония, т. 1, София, 1992, стр. 465-466.
- ↑ Костурско. Софија: Издание на Костурското братство. 1940.