Езерец (Костурско)

Езерец (грчки: Πετροπουλάκι, Петропулаки; до 1926 г. Έζερετς, Езерец[2]) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Рупишта од Костурскиот округ на Западна Македонија, Грција. Селото отсекогаш било македонско и останало такво до денес.[3]

Езерец
Πετροπουλάκι
Езерец is located in Грција
Езерец
Езерец
Местоположба во областа
Езерец во рамките на Рупишта (општина)
Езерец
Местоположба на Езерец во општината Рупишта и областа Западна Македонија
Координати: 40°22′N 21°8′E / 40.367° СГШ; 21.133° ИГД / 40.367; 21.133
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКостур
ОпштинаРупишта
Општ. единицаРупишта
Надм. вис.&10000000000000990000000990 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно12
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Селото се наоѓа во источното подножје на планината Горуша во областа Костенарија, на 24 км југозападно од Рупишта.

Историја

уреди

Потекло на името

уреди

Тодор Симовски дава две можности за потеклото на името Езерец. Според првата, преданието вели дека крај селото имало мало езеро кое одамна исчезнало. Втора можност е дека името води потекло од словенското племе Езерци, за кое се знае дека уште во VII век било населено на Пелопонез, и чии групи по востанието од IX век се населиле на север во овој крај.[3]

Во Османлиското Царство

уреди

Во XV век во селото Езерце, Горичка каза се заведени по име 41 стопан на домаќинствата.[4] На крајот од XIX век Езерец било македонско село во Костурската каза.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Езерец имал 105 жители, сите Македонци.[5][6]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Езерец е чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 30 куќи.[7]

Селото се наоѓало на самата македонско-грчката јазична граница — првото село на југ е Дислап, тогаш населено со Грци-муслимани (валахади), а на југозапад се Скумско и Ланга, населено со Грци христијани, а на север е албанското Вичишта.

На почетокот на XX век целото население на Езерец било под врховенството на Цариградската патријаршија, но по Илинденското востание на почетокот од 1904 г. прешло под врховенството на Бугарската егзархија.[8] Истата година турските власти не му дозволиле на учителот Н. Василев од Нестрам да отвори народно училиште во селото.[9] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Езерец има 240 Македонци, сите под егзархијата.[5][10]

Според Георги Константинов Бистрицки Езерец пред Балканските војни имал 30 македонски куќи.[5][11]

Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) исто така вели дека во овој период Езерец (Jезерец) имал 30 македонски куќи.[12] Селото било сочинето од два рода. На еден род припаѓале семејствата Томовци (4 куќи), Ставровци (3 куќи), Паскаловци (4 куќи) и Неновци (2 куќи). Овој бил староседелски род, со вкупно 13 куќи. Другиот понов род го сочинувале семејствата Димитровци (3 куќи), Кирјазовци (3 куќи), Насковци (5 куќи) и Миновци (5 куќи). Овој понов род имал вкупно 16 куќи. Нивниот чукундедо се доселил од Жервени за време на неговата исламизација во XVIII век, бидејќи не сакал да си ја смени верата.[13]

Селото било упориште на комитите во Костенаријата и на многу наврати е напаѓано од грчки андартски чети. Според зборовите на Христо Силјанов:

Имињата на селата Старичени, Езерец и Осничени станаа симболи на хероизам и мачеништво.[14]

Уште со поајвата на андартството во македонија, Езерец како прво големо македонско село на север од етничката граница станал мета на грчкиот терор. На почетокот на 1904 г. Георгиос Цондос (капитан Вардас) убил 6 членови на селскиот комитет на ВМОРО.[15] на крајот на ноември андартски четници убиле уште 8 езерчани.[16]

На 15 март 1905 година Езерец е нападнат од четата на Филипос Китрињарис (капетан Ливас), предводена од попот на селото Скумско, при што андартите утепале 8 селани.[17][18][19] Тана Насковска, бегалка од Езерец, се присеќава на тој напад:

Кога дојдоа андартите во нашето село јас имав 20 години. Прво вујко ми Петар го заклаа одазди на тилот. Потоа гледајќи дека е греота да ги убиваат како волови, почнаа да стрелаат. Убија 8 мажи. На двајца им ги извадија пршченчињата од колената и ги ставија во џебовите. Тогаш и мојот татко го заклаа. Ги убија зошто не се кажуваа Грци.[20]

Во одмазда на нападите, реонската чета на Кирјак Шкуртов го запалила Жиковишкиот манастир, кој служел како прибежиште на андартските чети.[19] На 20 декември/2 јануари 1905/06 г. селото повторно е нападнато од обединетите чети на Андонис Влахакис (капетан Лицас) и капетан Лукас Кокинос, кои изгореле две куќи и убиле неколку членови на селската милиција. На 1/14 јануари здружените чети на Лицас и Лукас повторно го нападнале Езерец, но овојпат биле одбиени од четата на Митре Влаот и селската милиција, при што андартите завршиле со 8 убиени и 1 ранет.[21][22] На 6 мај 1906 г. Езерец е нападнат од Андонис Влахакис истовремено со големиот напад врз Осничани; во оваа борба загинале самиот Влахакис и капетанот Леонидас Петропулакис.

Летото истата 1906 г. Езерец повторно е нападнат и изгорен од обединените чети на Лукас Кокинос и Вангелис Влахас.[23] Во септември 1906 г. османлиски единици успеале да убијат тројца четници на ВМОРО обиколени во Езерец.[24]

Според Георгиос Панајотидис, учител во Цотилската гимназија, во 1910 г. во Езереци (Έζερετςι) имало 25 семејства од кои тогаш останале само 20 бидејќи селото било упориште за комитите и е изгорено од Турците во 1906 г.[25]

Во Грција

уреди
 
Борци на ДАГ во Езерец за време на Граѓанската војна.

За време на Балканските војни селото е окупирано од грчка војска и во 1913 г. влегува во состав на Грција. Во истата 1913 г. Езерец имал 209 жители.[3] Милоевиќ бележи дека од насилствата во ова време се 5 куќи од Езерец се преселиле во Рупишта.[26] Во 1926 г. селото е преименувано во Петропулаки, во чест на андартскиот капетан Леонидас Петропулакис.[27] На пописот од 1928 г. забележани се 235 жители.[3]

За време на Втората светска војна селото настрадало од окупациските власти.[28] На страната на паравоената организција „Охрана“ имало 7 селани, а на страната на ЕЛАС се бореле 10 партизани, потпомогнати од 16 соработници.

Селото силно настрадало во Граѓанската војна. Вкупно 46 жители на Езерец се бореле на страната на Демократската армија на Грција (ДАГ). Селото претрпело 11 блокади. Во ноември 1946 г. во казнена операција изгорени и ограбени се куќите на Т. Гата, Т. Варсамовски, А. Варсамовски, Евтим Насковски и Н. Насковски. Изгорени са уште 5 плевни, претепани се А. Томовски и П. Миновски, стариот Варсамовски и А. Варсамовски, а ранета е Панајота Томовска.[29]

Во нападот во 1947 г. на вооружените сили на чело со И. Спиропулос од селата Ланга и Забрдени е убиен Х. Кочовски, тепани се Д. Николовски, Г. Миновски, В. Насковски, Х. Томовски, П. Гата и жена му, Сидерула Зиковска, Елефтерија Зиковска, Андромахи Варсамовски, Зоица Варсамовска и Зоица Миновска и други — вкупно 31 лице. Затворени се К. Томовски, В. Насковски, И. Миновски и П. Миновски. Ограбени се речиси сите куќи.[29] Украдени се 1000 овци, 50 волови, 4 прасиња, 100 килими, 100 рала чорапи, 500 оки жито, 400 оки грав, 350 оки сирење и 120 оки масло. Обесчестени се жените Димитра Николовска и Марија Томовска. Селото дало многу жртви. 47 семејства и 17 поединци го напуштиле Езерец и во селото станале само 14 семејства.[30] Вкупно 72 деца од Езерец се изнесени од државата како деца-бегалци.

Жителите традиционално се занимаваат со сточарство, а подоцна почнале да ја обработуваат и слабо плодната земја во нивниот атар. Езерчани често оделе на печалба како мајстори за производство на ќерамиди.[30] Во периодот на Првата светска војна Милоевиќ забележал дека на рамните површини околу селото се одгледувале житни култури, а падините под нивите биле засадени со лозја.[31]

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 310 54 94 45 33 30 35 10 12
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Личности

уреди
Родени во Езерец[29]
  • Андон Сидеровски (р. 1954) — предавач, роднокраен историчар
  • Вангел Ставровски — кмет на Езерец
  • Ѓорѓи Сотиров (1879/1880 – ?) — борец во Балканските војни, воденичар со завршено IV одделение, служел во Втората и во нестројната чета на Седмата кумановска дружина на Македонско-одринскиот полк[32]
  • Димитар Зиковски (1930 – 2011) — македонски и чилеански комунист, партизан на ДАГ, иселенички деец во Австралија, интернационалист
  • Елефтерија Зиковска (1927 – 2004) — медицинска сестра, партизанка на ДАГ
  • Јордан Миновски (1929 – 1948) — комунист[33]
  • Ристо Миновски (р. 1941) — електроинженер, професор и декан на Електротехничкиот факултет во Скопје
  • Зико Зиковски (1898 – 1966), командант во ЕЛАС и ДАГ
  • Кољо Езерски (1869 – ?) — каменоделец, деец на ВМОРО од 1895 г., во 1903 г. бил војвода на реонската чета[34]
  • Павле Зиковски (1923 – 1947) — комунист и партизан — офицер во ЕЛАС и ДАГ
  • Сидерула Зиковска (1900 – 1976) — учителка
  • Ристо Насковски (? – 1944) — член на „Охрана
  • Ристо Сидовски — активист за човековите права на Македонците[35]

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). I дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 18–19. ISBN 9989-9819-5-7.
  4. Гандев, Христо. Българската народност през XV век. Демографско и етнографско изследване, Наука и Изкуство, II изд., София, 1989.
  5. 5,0 5,1 5,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  6. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 268. ISBN 954430424X.
  7. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 99.
  8. Силяновъ, Христо (1943). Освободителнитѣ борби на Македония (PDF). II. Следъ Илинденското възстание. София: Издание на Илинденската Организация. стр. 125.
  9. Райчевски, Стоян. 1904 – 1906 Гоненията на българите в Македония и Одринско. София, 2011, стр. 34 – 36.
  10. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 180–181. no-break space character во |pages= во положба 4 (help)
  11. Бистрицки (1919). Българско Костурско (PDF). Ксанти: Издава Костурското Благотворително Братство „Надежда“ в гр. Ксанти. Печатница и книжарница „Родопи“. стр. 9.
  12. Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 18.
  13. Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 99.
  14. Силяновъ, Христо (1943). Освободителнитѣ борби на Македония (PDF). II. Следъ Илинденското възстание. София: Издание на Илинденската Организация. стр. 196.
  15. Силяновъ, Христо (1943). Освободителнитѣ борби на Македония (PDF). II. Следъ Илинденското възстание. София: Издание на Илинденската Организация. стр. 197.
  16. Шкуртовъ, Кирякъ (1940). „Революционната епоха в Костенарията – 1903 – 1908 г.“ (PDF). „Илюстрация Илиндень“. София. XII (4 (114): 8. Занемарен непознатиот параметар |month= (help); no-break space character во |title= во положба 36 (help)
  17. Φίλιππος Κιτρινιάρης – καπετάν Λίβας
  18. Силяновъ, Христо (1943). Освободителнитѣ борби на Македония (PDF). II. Следъ Илинденското възстание. София: Издание на Илинденската Организация. стр. 210.
  19. 19,0 19,1 Шкуртовъ, Кирякъ (1940). „Революционната епоха в Костенарията – 1903 – 1908 г.“ (PDF). „Илюстрация Илиндень“. София. XII (4 (114): 10. Занемарен непознатиот параметар |month= (help); no-break space character во |title= во положба 36 (help)
  20. Даскалов, Георги. Българите в Егейска Македония, МНИ, София, 1996, стр. 61.
  21. Douglas Dakin, Ο Ελληνικός Αγώνας στη Μακεδονία, εκδ. οίκος αδελφών Κυριακίδη, 1996, Архивирано од изворникот на 6 март 2016, Посетено на 18 ноември 2007
  22. Силяновъ, Христо (1943). Освободителнитѣ борби на Македония (PDF). II. Следъ Илинденското възстание. София: Издание на Илинденската Организация. стр. 220. Според Силјанов нападот се случил на 9 јануари.
  23. Αντώνης Βλαχάκης – Καπετάν Λίτσας
  24. Марков, Георги Христов (2002). Хрупищко (PDF). Хасково: Държавен архив - Хасково, Интерфейс. стр. 170. ISBN 954-90993-1-8.
  25. Παναγιωτίδης, Γιώργος Π. Σ (1911). „Τα Καστανοχώρια“. Μακεδονικόν Ημερολόγιον (грчки). εν Αθήναις: Τύποις „Αυγής Αθηνών“, Θ. Ν. Αποστολοπούλου. Δʹ: 137. Архивирано од изворникот на 25 октомври 2020. Занемарен непознатиот параметар |lang-hide= (help)
  26. Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 110.
  27. Λεωνίδας Πετροπουλάκης – Καπετάν Λεωνίδας
  28. Мичев, Добрин. Българското национално дело в Югозападна Македония (1941 – 1944 г.)
  29. 29,0 29,1 29,2 Изворните македонски имиња се преземени од страницата Τα χωριά της Καστοριάς - γεωγραφία της ιστορίας („Костурски села - географија и историја“) на Димитрис Литоксоу
  30. 30,0 30,1 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 19. ISBN 9989-9819-6-5.
  31. Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 115.
  32. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 621. ISBN 954-9800-52-0.
  33. „Elizabeth Kolupacev Stewart, For Sacred National Freedom: Portraits Of Fallen Freedom Fighters, Politecon Publications, 2009“. Архивирано од изворникот на 21 март 2012. Посетено на 29 септември 2011.
  34. Пелтеков, Александър Г (2014). Революционни дейци от Македония и Одринско (Второ допълнено издание. изд.). София: Орбел. стр. 159–160. ISBN 9789544961022. no-break space character во |pages= во положба 4 (help)
  35. CASE OF SIDIROPOULOS AND OTHERS v. GREECE (57/1997/841/1047)