Нова Костараџа
Нова Костараџа (грчки: Νέο Κωσταράζι, Нео Костарази) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Рупишта на Костурскиот округ во Западна Македонија, Грција. Населението брои 609 жители (2021).
Нова Костараџа Νέο Κωσταράζι | |
---|---|
Поглед на Нова Костараџа | |
Координати: 40°26.9′N 21°19.51′E / 40.4483° СГШ; 21.32517° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Костур |
Општина | Рупишта |
Надм. вис. | 720 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 609 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото се наоѓа на 20 км јужно од градот Костур и на 5 км северно од с. Богатско. Лежи на левиот брег на реката Ѓоле, во западното подножје на планината Саракина. На 4 км на запад горе на Саракина се наоѓаат урнатините на старото село Костараџа, од кое останала само црквата „Рождество на пресв. Богородица“.
Историја
уредиЗа време на Граѓанската војна (1946 - 1949) старото село Костараџа тешко настрадало и неговите жители се расеале по градските центри и рамничарските села. Подоцна ова население е преместено во Нова Костараџа доста пониско.[2]
Во 1997 г. влегло во состав на општината Јон Драгумис, која на 1 јануари 2011 г. е припоена кон општината Рупишта согласно законот „Каликратис“.[3]
Стопанство
уредиСелото произведува жито, тутун и грав. На пространите пасишта има доста добиток.[2] Атарот зафаќа површина од 2202 хектари.
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 941 | 1128 | 927 | 955 | 949 | 874 | 742 | 609 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 34. ISBN 9989-9819-6-5.
- ↑ Ν. 3852/10 (PDF), Архивирано од изворникот (PDF) на 5 јули 2010, Посетено на 5 јули 2010