Лудово

село во Костурско, Егејска Македонија

Лудово (грчки: Κρύα Νερά, Крија Нера; до 1926 г. Λούδοβο, Лудово[2]) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Рупишта на Костурскиот округ во Западна Македонија, Грција. Населението брои 5 жители (2021) и до денес е целосно населено со Македонци.[3]

Лудово
Κρύα Νερά
Поглед на селото
Поглед на селото
Лудово is located in Грција
Лудово
Лудово
Местоположба во областа
Лудово во рамките на Рупишта (општина)
Лудово
Местоположба на Лудово во општината Рупишта и областа Западна Македонија
Координати: 40°25′N 21°11′E / 40.417° СГШ; 21.183° ИГД / 40.417; 21.183
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКостур
ОпштинаРупишта
Општ. единицаРупишта
Надм. вис.&10000000000000730000000730 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно5
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа во областа Костенарија, околу 10 км југозападно од градот Рупишта, на левиот страна на реката Галешово, на надморска височина од 730 м.[3]

Историја

уреди

Во Отоманското Царство

уреди

Според Тодор Симовски во минатото селото се наоѓало под денешната локација, односно било поблизу до Рупишта, но бидејќи постојано трпело напади од разбојнички банди, селаните го напуштиле и изградиле куќи до турскиот конак и станале чифлигари на бегот.[3]

Црквата „Св. Атанасиј“ потекнува од средниот век, но е слабо прочуена.[4]

Во даночните записници од средината на XV век Лундово е споменато со 18 глави на семејства, двајца неженети и три вдовици: Рајко, Тодор, Мано, Тодор, Димо, Петкос, Крушо, Јорг, Јорг, Никола, Томо, Димос, Добри, Дабижив, Велчо, Рајко, Димо, Герг, Кала, Кала и Варуна. Вкупниот приход за државата од селото изнесувал 1.593 акчиња.[5]

Во XIX век Лудово било македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Лудово имало 168 жители, сите Македонци.[6][7]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Лудово е чисто македонско село во Костурската каза со 13 куќи.[6][8]

На почетокот на XX век целото население на Лудово било под врховенството на Цариградската патријаршија, но по Илинденското востание на почетокот од 1904 г. прешло под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Лудово има 160 Македонци под влијание на егзархијата.[6][9]

Според грчки извори, во 1905 г. во Лудово имало 130 жители „Грци“.[10] Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканската војна имало 8 македонски семејства[6][11], а според Георги Христов покрај македонските, имало и една влашка.[12]

На етничката карта на Костурското братство од 1912 г. Лудово е означено како македонско село.[6][13]

Во Грција

уреди

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 59 жители. Нивниот број во 1920 г. се зголемил на 61.[3] Во 1926 г. името на селото било променето во Крија Нера (Κρύα Νερά), што значи „ладни води“.[2]

Во 1919 г. 1 жител на Лудово се иселил во Бугарија по официјален пат. Во селото имало 1 политичко убиство.[10]

Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) во 1921 г. напишал дека во Лудово имало 17 куќи на Македонци христијани.[14]

Селото настрадало за време на Втората светска војна од окупаторските власти.[15] Силно настрадало и во Граѓанската војна (1946-1949). Загинале извесен број селани, а 65 лица се преселиле во Македонија и источноевропските земји.[3] 24 деца се испратени надвор од Грција како деца-бегалци.[10]

Стопанство

уреди

Селото се смета за сиромашно, поради што жителите во минатото оделе на печалба и работеле како општи работници и мелничари. Машкото население одело на печалба во внатрешноста на Грција.[3]

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 124 41 65 44 47 48 32 16 5
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

уреди

Селото припаѓа на општинската единица Рупишта со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Рупишта, во округот Костур. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Старичани, во кој влегуваат селата Госно и Старичани.

Културни и природни знаменитости

уреди

Цркви

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 2024-02-10.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 30.
  4. Велев, Илија (1990). Преглед на средновековни цркви и манастири во Македонија. Наша Книга. стр. 27.
  5. Опширни пописни дефтери од XV век, том II, Архив на Македонија, Скопје, 1973, стр. 86
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 6,4 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  7. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 268. ISBN 954430424X.
  8. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 99.
  9. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 180–181.
  10. 10,0 10,1 10,2 Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Kria Nera Архивирано на 26 јули 2007 г..
  11. Бистрицки (1919). Българско Костурско (PDF). Ксанти: Издава Костурското Благотворително Братство „Надежда“ в гр. Ксанти. Печатница и книжарница „Родопи“. стр. 9.
  12. Марков, Георги Христов (2002). Хрупищко (PDF). Хасково: Държавен архив - Хасково, Интерфейс. стр. 198. ISBN 954-90993-1-8.
  13. Костурско. Софија: Издание на Костурското братство. 1940.
  14. Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 18.
  15. Мичев, Добрин. Българското национално дело в Югозападна Македония (1941 – 1944 г.)

Надворешни врски

уреди