Поморски Залив

(Пренасочено од Померански Залив)

Поморски Залив (полски: Zatoka Pomorska; германски: Pommersche Bucht; кашупски: Pòmòrskô Hôwinga) — залив во југозападниот дел на Балтичкото Море, на бреговите на Полска и Германија.

[[file:Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 42: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Германија Мекленбург-Западна Померанија" does not exist|300px|Поморски Зал. во рамките на Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 42: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Германија Мекленбург-Западна Померанија" does not exist]]
Поморски Зал.
Местоположба на Поморскиот Залив во Мекленбург-Западна Померанија, Германија
Устието на Швина во Балтичкото Море во Швиноујшќе, Полска.

На југ е одделен од Шчеќинскиот Залив со устието на реката Одра со островите Узедом/Узнам и Волин, поврзан со три премини или ракави на Одра: Ѓивна, Швина и Пене. Северна граница е линијата од ’ртот Аркона на германскиот остров Риген со светилникот Госки на исток од Колобжег во Полска.

Максимална длабочина е 20 метри, а соленоста е околу 8 ‰. Поморскиот Залив е пресечен од подлабок канал од пристаништето во Шчеќин, преку реката Одра, Шчеќинскиот Залив и Швина, со цел да им се овозможи да влезат и поголеми бродови во пристаништата во Швиноујшќе и Шчеќин.

Пристанишни места

уреди

Најважни пристанишни места во заливот се следниве:

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди

54°04′01″N 14°04′59″E / 54.067° СГШ; 14.083° ИГД / 54.067; 14.083