Висла (полски: Wisła; латински: Vistula; германски: Weichsel) е најдолгата, најголемата и најважната река во Полска. Таа е и најдолгата река од сливот на Балтичкото Море. Должината на Висла е 1.047 км. Изворот на реката се наоѓа на 1.106 метри надморска височина, на западните падини од Барања Гура (Baraniа Górа = „Овнова Планина“) во планинскиот венец Шлески Бескиди. Годишниот просечен проток изнесува 1.054 [[м3/с]], а максимална длабочина е 10 м.

Висла крај Модлин
Водостој на Висла во Варшава од 20 до 26 мај 2010 г.

Загаденоста во Висла е многу голема:од 894 километри контролиран тек на реката дури 93% се прекумерно загадени, а 7% се од трета класа. Годишно од Висла во Балтичко Море се влеваат околу 2,2 милиони кубни метри речен отпад, од кои 5.000 тони сол дневно од рудниците за камен јаглен; во Висла исто така растe нивото на бактериолошко загадување.

Потекло на името

уреди

Во античко време Висла била позната и опишувана од географите како „Вистла“ и „Вистула“, а за нејзино најстаро име се смета Wīstlā. Корeните на името се барани во келтските, германските и словенските јазици, но со оглед на недостатокот на информации, ништо од тоа не е докажано.

Поврзано

уреди