Хафел
Хафел (германски: Havel) — река во североисточниот дел на Германија и поминува низ германските покраини Мекленбург-Западна Померанија, Бранденбург, Берлин и Саксонија-Анхалт. Таа е десна притока на реката Елба, а нејзината должина е 325 километри. Меѓутоа, непосредното растојание помеѓу нејзиниот извор и нејзиниот влив е само 94 километри.
Текот на Хафел (темносино) и на Рин (синозелено) | |
Место | Мекленбург-Западна Померанија, Бранденбург, Берлин и Саксонија-Анхалт |
---|---|
Должина | 334 км [1] (вкл. ја Шпре 560 км) |
Извор | Кај Анкерсхаген (МЗП) 53°17′02″N 12°34′05″E / 53.284° СГШ; 12.568° ИГД |
Висина на изворот | 62,6 м над м.н. |
Утока | Кај Гневсдорф (ББ) во Елба 52°32′35″N 11°31′26″E / 52.5430° СГШ; 11.5238° ИГД |
Висина на утоката | 22 м над м.н. |
Спуст | 40,6 м |
Слив | Елба |
Одлив | Елба → Северно Море |
Слив | 23.858 км² [1] |
Истек со Хафелберг-Штат мерило |
Рекордно низок: 11,5 м³/С (во 23.08.1998) Просечен низок: 18,8 м³/с Просечен среден: 103 м³/с Просечен висок: 215 м³/с Рекордно висок: 324 м³/с (во 24.01.1982) |
Десни притоки | Рин, Досе |
Леви притоки | Воблиц, Бризе, Тегелер Флис, Шпре, Нуте, Плане, Букау |
Градови | Берлин, Потсдам |
Помали градови | Ораниенбург, Хоен Нојендорф, Хенигсдорф, Вердер, Бранденбург, Ратенов |
Паланки | Везенберг, Фирстенберг, Цеденик, Кецин, Прицербе, Премниц, Хафелберг, Вербен (Елба) |
Пловност | 285 км; до Узеринското Езеро |
Хафел кај Дец |
Во голем дел од нејзината должина, Елба е пловна, и обезбедува важна врска во водните врски помеѓу источниот и западниот дел на Германија.
Тек
уредиИзворот на Хафел се наоѓа на Езерската област Мекленбург, помеѓу езерото Мириц и градот Нојбранденбург. Не постои вистински видлив извор во форма на врело, туку реката потекнува од езерата близу Анкерсхаген. Оттука, реката првично тече кон југ, за на крај да се влие во Елба, која се влева во Северното Море. Секоја река североисточно од нејзе тече кон Балтичкото Море. Реката влегува во Бранденбург близу градот Фирстенберг. Во нејзиниот горен тек и помеѓу Берлин и Бранденбург на Хафел реката создава неколку езера.
Главната притока на Хафел е реката Шпре, која се влева во Хафел во Шпандау, западен округ на Берлин, и е подолга и носи повеќе вода отколку самиот Хафел за време на нивната утока. Втората најголема притока е Рин, именувана во средниот век од доселениците од долна Рајна. На јужниот крај на Рупинското Езеро, браните можат да ги распределат водите на Рин или кон исток или кон запад.
Областа околу и северно од средниот тек на Хафел е наречена Хафеланд. Се состои од песочни ридови и мочуришта. Неколку километри на реката пред нејзиното влевање во Елба близу Хафелберг се наоѓаат во покраината Саксонија-Анхалт. Поради малиот спуст на реката, таа е подложна на поплави од страна на Елба.
Градови кои се наоѓаат на текот на реката се: Фирстенберг, Цеденик, Ораниенбург, Берлин, Потсдам, Вердер, Кецин, Бранденбург, Премниц, Ратенов и Хафелберг.
Историја
уредиВо раните грчки и латински извори, како „Древна Германија“ на Такит, името на реката било пишувано и како Хабола, Хабула, Хафела. Името на реката Хафел е поврзано со германскиот збор Haff, habe, hafen, Hafen кој означува пристаниште.
Подоцна, Словените кои се населиле долж областа на реката Хафел биле нарекувани Хефелер во германските извори (понекогаш како Хавелјани).
Галерија
уреди-
Парк Бабелсберг во зима
-
Брана на канлот Фос во Либенвалде-Бишофсвердер
-
Брана Гневсдорф
-
Канал Вентов во Цеденик
-
Вердер на Хафел, Бранденбург
-
Брана Лениц во Ораниенбург
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Gewaessersteckbrief-Elbe, Plan Hochwasservorsorge Dresden, 2010 Auf: dresden.de (PDF-Datei; 8,3 MB)
„Хафел“ на Ризницата ? |