Волин
Волин (полски: Wolin; германски: Wollin) — полски остров во Балтичко Море. Се наоѓа на север на полскиот брег, и административно припаѓа на Западнопоморското војводство. Волин е одделен од островот Узедом (Узнам) со теснецот на Швина, и од копното Померанија со теснецот на Ѓивна. Островот има површина од 265 км2 и највисока точка е планината Гживац на 116 м.н.в. Бројот на жители е 30.000. Во средината на островот се наоѓа Волинскиот национален парк.
Сателитска фотографија од Ландсат на Лагуната Одер - Волин е источен дел од двата големи острови што ги делат водите на Лагуната од Балтичко Море, а западниот остров е Узедом | |
Карта на Волин | |
Географија | |
---|---|
Место | Балтичко Море |
Координати | 53°55′N 14°30′E / 53.917° СГШ; 14.500° ИГД |
Површина | 265 км2 |
Држава | |
Војводство | Западнопоморско војводство |
Округ | Камјењски Округ/Швиноујшќе |
Најголема населба | Швиноујшќе |
Демографија | |
Етнички групи | Полјаци |
Дополнителни податоци | |
Часовен појас | |
• Лето (ЛСВ) |
Водата од реката Одра се влева во лагуната Шчеќински Залив и оттаму преку Пене западно од Узедом, Швина и Ѓивна во Поморскиот Залив во Балтичкото Море.