Каналот Одра-Шпре (германски: Oder-Spree-Kanal) — канал во источниот дел на Германија. Ја поврзува реката Даме, кај Шмеквиц, југоисточните предградија на Берлин, со реката Одра, кај Ајзенхитенштат. Обезбедува важна трговска пловна врска помеѓу Берлин и Одра, а оттука и Полска.[1]

Брана на каналот во Вернсдорф

Каналот има неколку поврзувања со реката Шпре. На околу 20 километри близу Фирстенвалде, каналот ја користи реката како дел од неговиот тек, а оттука има пловна врска со горниот тек на реката, иако овој дел е доста плиток и оттука обично е користен само за рекреација. Меѓутоа, главната врска е преку реката Даме, која се влева во реката Шпре кај Кепеник, источно од центарот на Берлин.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Sheffield, Barry (1995). Inland Waterways of Germany (англиски). Сент Ив: Imray Laurie Norie & Wilson. стр. 113–122. ISBN 0-85288-283-1.