Фудбалски куп на Хрватска
Фудбалски куп на Хрватска е фудбалско натпреварување во Хрватска кое се одржува секоја година.
Земја | ![]() |
---|---|
Основана | 1992 |
Број на клубови | 48 |
Актуелен шампион | ![]() (2018–2019) |
Најмногу титули | ![]() (15 титули) |
Мрежно место | Куп на Хрватска |
![]() |
Формат на натпреварувањеУреди
Во купот се натпреваруваат 48 клубови:
- 16 најдобро рангирани клубови според коефициентот на ХНС во претходните пет сезони
- 21 победник на жупанијскиот куп кое го организирале жупанијските фудбалски сојузи
- 11 поразени во финалето на жупанијскиот куп
32 клуба кои се квалификувале преку жупанијските купови играат во претколото на купот, додека преостанатите 16 ги чекаат победниците во шеснаесттина финалето.
Во завршниот дел на хрватскиот куп учествуваат 16 најдобри клубови според коефициентот на успешност во натпреварувањето во последните пет години, 21 освојувач на Жупанијскиот куп и 11 финалист од жупанијските сојузи со најголем број на регистрирани фудбалски клубови.[1]
Купот се игра на претколо, шеснаесттинафинале, осминафинале, четвртфинале, полуфинале и финале. Претколото, шеснаесттинафиналето и осминафиналето се играат на еден натпревар, во кој домаќин е послабата екипа по коефициентот. Во четвртфиналето и полуфиналето се игра на два натпревари, а паровите се одредуваат со извлекување независно од коефициентот на клубовите. Финалето од сезоната 2014-2015, се игра на еден натпревар и тоа на неутрален терен. Во случај да натпреварот заврши нерешено, се играат две продолженија од 15 минути, а ако ни тогаш нема победник, се шутираат пенали. Освојувачот на купот го добива пехарот Рабузиново сонце и стекнува право да учествува во УЕФА Лига Европа.
Победници и финалистиУреди
Титули по клубУреди
Екипа | Титули | Години на освојување на титулите |
---|---|---|
Динамо Загреб | 15 | 1994, 1996, 1997, 1998, 2001, 2002, 2004, 2007, 2008, 2009, 2011, 2012, 2015, 2016, 2018 |
Хајдук Сплит | 6 | 1993, 1995, 2000, 2003, 2010, 2013 |
Риека | 5 | 2005, 2006, 2014, 2017, 2019 |
Интер Запрешич | 1 | 1992 |
Осиек | 1 | 1999 |
ПовзраноУреди
НаводиУреди
- ↑ Frane Vulas: Nakon pet sezona ‘crveni’ direktno u Hrvatskom kupu; Odgođena utakmica Croatije i Splita u Zmijavcima, Slobodna Dalmacija, 25. ožujka 2015.