Награда „4 Ноември“
Наградата „4 ноември“ која ја доделува Општина Битола по повод Денот на ослободувањето на градот Битола е највисоко општинско признание кое се доделува од 1958 година, а од 2002 година е воведена и награда за животно дело. Се доделува на физички и правни лица како знак на општествено признание за значајни остварувања во стопанството, науката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената заштита, социјалната заштита, спортот, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и други сегменти од животот, трудот и творештвото, што претставуваат посебен придонес за развојот на општината, Република Македонија и светот. Наградата за едногодишно остварување се доделува на правни и физички лица, додека пак, наградата за животно дело се доделува само на едно физичко лице.
Добитници на наградата за животно дело
уреди- 2002 - Тоде Ивановски (ликовен уметник) [1]
- 2003 - Коста Хаџи Антоновски (ликовен педагог)
- 2004 - Јоана Поповска (глумица)[2]
- 2005 - Владимир Костов (писател)
- 2006 - Петар Стојковски-Бабец (актер)
- 2007 - Ѓорги Димовски-Цолев (историчар)
- 2008 - Љубо Трифуновски (диригент)
- 2009 - Јане Димулковски (лекар)
- 2010 - Димитар Котевски (лекар)
- 2011 - Архимандрит Партениј Фидановски (игумен на Бигорскиот манастир)[3]
- 2012 - Љубиша Георгиевски (режисер)
- 2013 - Александар Стерјовски (историчар)
- 2014 - Вера Стојчевска-Антиќ (писателка).[4]
- 2015 - Ѓорги Здравев (музички педагог).
- 2016 - Милица Шперовиќ-Рибарски (пијанист и основач ИФК „Интерфест“) [5]
- 2017 - д-р Трајко Огненовски (професор по книжевност и лингвист) [6]
- 2018 - Виолета Томовска (пејачка) [7]
- 2019 - Благој Стефановски-Баге (глумец)[8]
- 2020 - Петар Георгиев-Калица (композитор)[9]
- 2021 - Петар Мирчевски (глумец)[10]
- 2022 - Петар Ставрев (новинар)[11]
- 2023 - Димче Миновски (новинар)[12]
- 2024 - Борис Чоревски (глумец)[13]
Добитници на наградата за едногодишно остварување
уреди- Факултетот за информатички и комуникациски технологии во Битола
- Сајтиро - претпријатие од Битола
- Биљана Стојановска–Ѓуриќ - лектор по македонски јазик на Филозофскиот факултет во Риека, Хрватска[15]
- Вања Атанасовски - триатлонец
- Бранислав Ангеловски - ракометен тренер
- Јован Стефановски – научен работник, самостоен истражувач
- Здружение на пијанисти и музички педагози „Пијано“ - Битола
- Гордана Петров–Такец – писателка, поетеса
- Фанче Л. Јошевска – писателка, наставничка
- НУ Народен театар - Битола
2021
уредиНаградата не е доделена.[10]
- Димитар Митревски и Благојче Тодоровски – меѓународен судиски пар
- Лидија Тфирст Митревска, директор на ЈОУДГ Естреја Овадија Мара
- Македонското научно друштво – Битола
- доцент д-р Владимир Рендевски – специјалист неврохирург
- Панде Димитровски, автор на проектот „Незаборав“
- Васко Михалчев, пилот во Дирекцијата за заштита и спасување, кој е предложен заради значаен придонес со своето учество во гаснење на повеќе од 90 настанати пожари, од кои само во еден месец имало повеќе од 45 пожари.
- Ѓорѓи Лазаревски, педагог, заради остварувањата и неговата активност во полето на литературата во изминатата година, посебно за неговите издадени две книги „Педагошко-психолошката служба во Битола и Битолско (1973-2018)“ и „Шепотот на пелагониските села“.
- д-р Јасмина Буневска Талевска, заради нејзините достигнувања и признанија добиени на европско ниво, а како резултат на вложениот труд, работа и ентузијазам на полето на подигнувањето на сообраќајната безбедност, култура и подвижност.
- Печатницата „Киро Дандаро“, го добива признанието како успешна компанија која не само во Битола туку и на европско тло опстојува како бренд повеќе од 70 години.
- м-р Марија Младеновска-Димитровска, психолог, заради нејзините достигнувања во областа на психологијата и успешното претставување на Општина Битола и Македонија на 16. Европски конгрес за психологија каде го изложи својот истражувачки труд на Московскиот државен универзитет Ломоносов.
- Марија Росенгрен, хуманист, заради остварувања од областа на хуманоста. Има направено повеќе хуманитарни дела, донации во училиштето Ѓорѓи Сугарев, во Заводот „Кочо Рацин“, во битолската болница и други.
- Градинката „Мајски цвет“ ќе го добие признанието заради достигнување во областа на социјалната заштита, организирање повеќе обуки, работилници, како и ментор на студентите од прва година на Педагошкиот факултет во Битола.
- доцент д-р Александар Литовски - за достигнувања во областа на литературата
- Јован Василев - за неговите достигнувања во спортот како претседател на женскиот ракометен клуб Пелистер
- проф. д-р Иван Додовски - за неговите достигнувања во областа на науката и културата
- д-р Васо Радивоевиќ - за достигнувања од областа на здравствената заштита
- Драган Најденовски - самостоен ликовен уметник, за неговата огромна ангажираност на полето на ликовниот живот во Битола
- Менка Николовска - за остварувања од областа на хуманоста и филантропијата
Претходни години
уредиДоделени се повеќе од 300 награди меѓу кои и на:
- Организација на жени на Општина Битола
- СОУ „Јосип Броз-Тито“ - Битола, 1975
- Ансамбл за фолклор „Гоце Делчев“
- НУУБ „Св. Климент Охридски“
- ХО „Самарјанин“
- Фабрика „Цермат“
- Огнен Дранговски
- Болница „Плодност“
- д-р Вангел Тодоров
- д-р Зоран Пејковски
Наводи
уреди- ↑ http://www.idividi.com.mk/vesti/makedonija/358312/
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2014-10-18.
- ↑ http://www.bigorski.org.mk/index.php?content_type=feljton&action=details&record_id=139
- ↑ http://bitolskivesnik.mk/bitolski-vesnik-dobitnik-na-4-noemvriskata-nagrada/
- ↑ http://sitel.com.mk/nagradata-zhivotno-delo-na-opshtina-bitola-za-milica-shperovikj-ribarski
- ↑ 6,0 6,1 „Доделени наградите 4 ноември“. Архивирано од изворникот на 2022-01-03. Посетено на 2017-11-06.
- ↑ „Виолета Томовска, добитник на наградата за животно дело, по повод 4 ноември“. Bitola News. Посетено на 4 ноември 2018.
- ↑ „Наградата за животно дело на Битола, годинава, за Благој Стефановски-Баге“. Bitola news. Посетено на 31 октомври 2019.
- ↑ „АВТОРОТ НА ПЕСНАТА „АКО ОДАМ ВО БИТОЛА" ПЕТАР ГЕОРГИЕВСКИ – КАЛИЦА ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА „4 НОЕМВРИ" ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО“. СДК. 31 октомври 2020. Посетено на 4 ноември 2020.
- ↑ 10,0 10,1 „АКТЕРОТ ПЕТАР МИРЧЕВСКИ ЈА ДОБИ ОПШТИНСКАТА НАГРАДА НА БИТОЛА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО „4 НОЕМВРИ"“. СДК. 25 октомври 2021. Посетено на 26 октомври 2021.
- ↑ 11,0 11,1 „Доделени наградите "4-ти Ноември" на Општина Битола, плакета за животно дело на Петар Ставрев (фотогалерија)“. bitolanews. 5 ноември 2022. Посетено на 7 ноември 2022.
- ↑ 12,0 12,1 „По повод Денот на ослободувањето на Битола доделени награди на заслужни битолчани“. bitolanews. 5 ноември 2023. Архивирано од изворникот на 2023-11-07. Посетено на 7 ноември 2023.
- ↑ „АКТЕРОТ БОРИС ЧОРЕВСКИ, ДОАЈЕН НА БИТОЛСКОТ ТЕАТАР, ЈА ДОБИ НАГРАДАТА „4 НОЕМВРИ" ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО“. СДК. 30.10.2024. Посетено на 31 октомври 2024. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „Доделени наградите „4-ти Ноември" на Општина Битола, плакета за животно дело на Борис Чоревски“. Bitolanews. 4.11.2024. Посетено на 7 ноември 2024. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „НАГРАДАТА „4 НОЕМВРИ" ЗА РИЕЧКАТА ЛЕКТОРКА БИЛЈАНА СТОЈАНОВСКА-ЃУРИЌ, БИТОЛЧАНКА ПО РАЃАЊЕ, КОЈА ГИ УЧИ СТУДЕНТИТЕ ВО ХРВАТСКА НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК“. СДК. 5.11.2024. Посетено на 7 ноември 2024. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „Доделени 4-то ноемвриските награди“. ТВ Тера. 4 ноември 2020. Посетено на 4 ноември 2020.[мртва врска]
- ↑ „Кои се добитниците на наградата „4 ноември"“. ТВ Тера. 31 октомври 2019. Посетено на 4 ноември 2019.[мртва врска]
- ↑ Доделени 4-ноемвриските награди во Битола Архивирано на 6 ноември 2018 г. на семережното место на телевизија Тера