Петар Стојковски-Бабец
Петар Стојковски - Бабец (Битола, 1930 - Битола, 15 јули 2010) — македонски глумец и режисер.[1][2]
Петар Стојковски - Бабец | ||
Роден | 1930 Битола, Кралство Југославија | |
---|---|---|
Починал | 15 јули 2010 Битола, Македонија | |
Националност | Македонец | |
Занимање | глумец |
ЖивотописУреди
Стојковски е роден во Битола во 1930 година. Основното училиште го завршил во родниот град, во училиштето „Св. Кирил и Методиј". По завршувањето на основното училиште се запишал во битолската гимназија каде работела силна драмска група на која Стојковски веднаш и се приклучил. Прва негова улога во Народниот театар во Битола како професионален глумец е улогата на Милован во претставата „Фамилијата Бло" од Љубинка Бобиќ. Потоа следуваат уште многу други, како тие во претставите „Швејк во Втората светска војна" од Бертолт Брехт, „Дундо Марое" од Марин Држиќ, „Мистер Долар" од Бранислав Нушиќ, „Монсерат" од Е. Роблес, „Чорбаџи Теодос" и „Бегалка" од Васил Иљоски, „Глувечка патека" од М. Ѓарваш, „Арсеник и старите тантели" од Џ.О. Кесерлинг, „Вук Бубало" од Б. Ќопиќ и др. Дела кои ги има режирано се : „Педаче", „Сенката на господинот Вип", „Убавица и ѕвер", „Волшебникот од ОЗ", „Пипи Долгиот Чорап", „Трите волшебни кучиња" и многу други. Се пензионирал на 15 јануари 1993 година, додека починал на 15 јули 2010 година во Битола[3].
НаградиУреди
- „4 ноември“ на градот Битола
НаводиУреди
- ↑ Ivan Ivanovski (1988). Plodovi na vremeto: teatarski kritiki za dela od makedonski avtori: Zbor i misla. Kultura.
- ↑ Ivan Ivanovski (1983). Na svoja počva: makedonskata drama na profesionalnite dramski sceni vo Makedonija; Sovremeni makedonski avtori. Kultura.
- ↑ „Во Битола почина глумецот Петар Стојковски-Бабец“. Алфа Телевизија. 15 јули 2010, 13:24. Архивирано од изворникот на 2016-03-10. Посетено на 2010-12-08. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)