Трајко Огненовски

Трајко Огненовски е роден на 13 јули 1938 год. во село Утово, Демирхисарско е македонски фолклорист, етнолог и јазичар. основно и средно образование завршил во своето родно место и Битола. Во 1969 година дипломира на филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на групата Историја на книжевностите на југословенските народи со Македонски јазик. Постдипломски студии завршува во 1978 година на отсекот на книжевните науки на Филолошкиот факултет при Универзитетот во Белград. Има објавено повеќе од 150 научни трудови од областа на македонската книжевна и културна историја, фолклористиката, етнологијата и лингвистиката. Посебна научна преокупација му е истражувањето и проучувањето на хуморот во македонскиот фолклор. Работеше како професор на Педагошкиот факултет во Битола.[1]

Наводи уреди

  1. Светите браќа Кирил и Методиј - Трајко Огненовски, Битола 1996