Мигел Анхел Лопес

колумбиски велосипедист
(Пренасочено од Мигел Анхел Лопез)

Мигел Анхел Лопес (шпански: Miguel Ángel López; р. 4 февруари 1994) — колумбиски професионален друмски велосипедист, кој моментално вози за UCI World Tour екипата Астана Казахстан Тим.[2]

Мигел Анхел Лопес
Лични податоци
Цело имеМигел Анхел Лопес Морено
ПрекарСупермен
Роден4 февруари 1994(1994-02-04)(30 г.)
Песка,  Колумбија
Висина1,64 м[1]
Маса59 кг[1]
Податоци за клубот
Мом. клубАстана Казахстан Тим
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспецијалист во искачување
Аматерски клубови
2014 Лотерија де Бојака-Индепортес Бојака
Професионални клубови
2015- Астана
Значајни победи
Големи трки
Џиро д’Италија
Пласман за млад возач (2018, 2019)
Вуелта а Еспања
Пласман за млад возач (2017)
2 поединечни етапи (2017)
1 ТТТ етапа (2019)

Етапни трки

Тур де Свис (2016)
Волта а Каталуња (2019)

Еднодневни трки и класици

Милано-Торино (2016)
Последна промена
7 јануари 2020

Во 2016 година, Лопес ја освоил својата прва етапна трка во Светската турнеја на Тур де Свис.[3] и ја постигнал својата прва етапна победа на некоја голема трка следната сезона на единаесеттата етапа на Вуелта а Еспања, по што следела уште една победа на петнаесеттата етапа.[4][5] Во 2019 година ги освои трките Трка Колумбија и Волта а Каталуња.

Кариера

уреди

Лопес имал успеси во 2014 година, освојувајќи неколку етапни трки додека бил аматер. Во август ја освоил Тур де л’Авенир, најпрестижната трка за возачи под 23 години. Воедно ја освоил и Вуелта а Колумбија под 23 години.

По успесите во 2014 година, Лопес потпишал договор со Астана. Неговиот успех на етапните трки продолжил, завршувајќи четврти на крај и освојувајќи една етапа на Вуелта а Бургос, како и седмото место на Тур де Свис.

Во 2016 година, Лопес го имал својот пробив, прославувајќи победи на големи етапни трки. Завршил како четврти на Тур де Сан Луис, првата трка во неговата сезона. На трката ја освоил шестата етапа и младинскиот пласман. Еден месец подоцна, Лопес завршил трет и освоил една етапа на Тур де Лангкави, осумдневна трка во Малезија. Во јуни му се случила најголемата победа досега на Тур де Свис, кога ја освоил етапната трка пред Јон Изагире и Варан Баргиј. По овие успеси, Лопес бил еден од петте возачи кои ја претставувале Колумбија на Летните олимписки игри 2016, настапувајќи на друмската трка. Бил вклучен во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2016,[6] но ја напуштил на шестата етапа.[7]

Лопес бил именуван во почетниот состав за Вуелта а Еспања заедно со поранешниот победник на трката Фабио Ару. На единаесеттата етапа ја остварил својата прва етапна победа на некоја голема трка, оддалечувајќи се од фаворитите на трката Крис Фрум, Винченцо Нибали и Вилко Келдерман во последните 2 километри на искачувањето од прва категорија до опсерваторијата Калар Алто.[4] Добрата форма на Лопес во планините продолжила на четиринаесеттата етапа до Сиера де ла Пандера, каде уште еднаш се оддалечил од фаворитите, завршувајќи втор зад Рафал Мајка на првото искачување од екстра категорија на трката.[8] На следната етапа заминал сам во бегство на завршницата, остварувајќи уште една етапна победа.[9]

Во мај 2018 година бил именуван во почетниот состав за Џиро д’Италија 2018.[10] Трката ја завршил на третото место во генералниот пласман зад Крис Фрум и Том Димулен.

Лопес ја освоил четвртата етапа и генералниот пласман на Волта а Каталуња 2019 во март.[11]

Лопес ја завршил Џиро д’Италија 2019 на седмото место и го освоил пласманот за млад возач втора година по ред. На етапата 20, Лопес бил вклучен во инцидент со обожавател на околу 5 километри од целта. Го удрил гледачот четири пати, фрлајќи му ја капата од главата. Иако одредбите на управното тело на велосипедизмот, Меѓународниот велосипедистички сојуз (UCI), повикуваат на дисквалификација на возач кој ќе нападне некој на трка, судиите на трката одлучиле да не ја применат казната за Лопес. Подоцна се извинил за инцидентот, но изјавил дека возачите треба да добиваат повеќе почит од публиката.[12] Еден ден подоцна, откако Џиро завршило, UCI објавиле дека ќе го истражуваат непостапувањето во неговиот случај.[13]

Достигнувања

уреди
2014
1. Краен пласман Вуелта а Колумбија под 23 години
1. Етапа 4
1. Класика де Самака
1. Етапа 1
1. Етапа 2
1. Етапа 1 Класика Фусагасуга
1.   Краен пласман Тур де л’Авенир
1. Етапа 6
  Планински пласман
2015
4. Краен пласман Вуелта а Бургос
1.   Пласман за млад возач
1. Етапа 2 (ТТТ)
1. Етапа 4
7. Краен пласман Тур де Свис
8. Национално друмско првенство
2016
1.   Краен пласман Тур де Свис
1. Милано-Торино
3. Краен пласман Тур де Лангкави
1. Етапа 4
4. Краен пласман Тур де Сан Луис
1.   Пласман за млад возач
1. Етапа 6
4. Национално друмско првенство
2017
3. Краен пласман Трка околу Австрија
1. Етапа 4
4. Краен пласман Вуелта а Бургос
1. Етапа 5
8. Краен пласман Вуелта а Еспања
1.   Пласман за млад возач
1. Етапа 11
1. Етапа 15
2018
2. Краен пласман Вуелта а Бургос
1.   Бодовен пласман
1. Етапа 3
2. Краен пласман Трка околу Оман
1.   Пласман за млад возач
1. Етапа 5
2. Милано-Торино
3. Краен пласман Џиро д’Италија
1.   Пласман за млад возач
3. Краен пласман Вуелта а Еспања
3. Краен пласман Трка Абу Даби
1.   Пласман за млад возач
3. Краен пласман Трка на Алпите
1. Етапа 2
2019
1.   Краен пласман Волта а Каталуња
1.   Пласман за млад возач
1. Етапа 4
1.   Краен пласман Трка Колумбија
1.   Пласман за млад возач
2. Национално хронометарско првенство
5. Краен пласман Вуелта а Еспања
1. Етапа 1 (TTT)
  Награда за борбеност на етапа 1 и на цела трка
7. Краен пласман Џиро д’Италија
1.   Пласман за млад возач

Распоред на резултати

уреди
Распоред на резултатите на големите трки
Голема трка 2015 2016 2017 2018 2019
  Џиро 3 7
  Тур
  Вуелта СО 8 3 5
Распоред на резултатите на поголемите етапни трки
Етапна трка 2015 2016 2017 2018 2019
  Париз-Ница 28
  Тирено-Адријатико 16
  Волта а Каталуња СО 42 1
  Трка околу Баскија 20
  Тур де Романди СО
  Критериум ди Дофине
  Тур де Свис 7 1 СО

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Astana - Pro Team“. Архивирано од изворникот на 2020-08-22. Посетено на 21 октомври 2019.
  2. „Astana Pro Team“. UCI.org. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот на 1 јануари 2020. Посетено на 1 јануари 2020.
  3. „Tour de Suisse 2016: Stage 9 Results“. cyclingnews.com.
  4. 4,0 4,1 „Stage 11 - Lorca > Observatorio Astronómico de Calar Alto“. La Vuelta 2017 (шпански). Посетено на 3 септември 2017.
  5. „La Vuelta: Miguel Angel Lopez wins again as Chris Froome extends lead after Stage 15“. Eurosport. 3 септември 2017. Посетено на 4 септември 2017.
  6. „71st Vuelta a España“. ProCyclingStats. Посетено на 20 август 2016.
  7. „71st Vuelta a España: Stage 6 » Monforte de Lemos › Luintra. Ribera Sacra“. ProCyclingStats. Посетено на 25 август 2016.
  8. „Stage 14 - Écija > Sierra de La Pandera“. La Vuelta 2017 (шпански). Посетено на 3 септември 2017.
  9. „Lopez secures second mountaintop win at Vuelta a Espana“. Cyclingnews.com (англиски). Посетено на 4 септември 2017.
  10. „2018: 101st Giro d'Italia: Start List“. ProCyclingStats. Посетено на 3 мај 2018.
  11. „Volta a Catalunya 2019“. CyclingStage.com. Посетено на 31 март 2019.
  12. Браун, Грегор (1 јуни 2019). „Miguel Ángel López reacts to spectator crash: 'Riders deserve more respect but I'm sorry'. Cycling Weekly. Посетено на 3 јуни 2019.
  13. Фаранд, Стивен (2 јуни 2019). „UCI jury decision under scrutiny after Lopez's assault on Giro d'Italia fan goes unpunished“. cyclingnews.com. Посетено на 3 јуни 2019.

Надворешни врски

уреди