Фаик Абди

македонски стопанственик и политичар

Фаик Абди (ромски: Faik Abdi; Скопје, 2 март 19372 октомври 2016) — македонски стопанственик и политички деец.

Животопис

уреди

Завршил средно образование, апотоа работел како советник во секторот за економика и план во Фабриката за хартија „Комуна“ во Скопје. Бил одборник во Собранието на Скопје и пратеник во Собранието на СРМ од 1969 до 1974 и на Република Македонија во 2 мандата од 1990 до 1998 година[1]. Повеќе години бил претседател на КУД „Пралипе“ во Скопје и на Партијата за целосна еманципација на Ромите во Македонија (ПЦЕРМ). Абди бил и учесник и на првиот ромски конгрес кој се одржал во Лондон во 1971 година[2]. Починал на 2 октомври 2016 година.[3]

Наводи

уреди
  1. „Фаик Абди“. Собрание на Република Македонија. Посетено на 2009-11-07.
  2. Љубица Гроздановска Димишковска, Александар Димишковски. „Портрет Фаик Абди, прв ромски пратеник на ПЦЕР“. Магазин „Едно“. Посетено на 2009-11-07.
  3. „Почина Фаик Абди, пратеник во првиот состав на Собранието, МКД.mk, 02.10.2016“. Архивирано од изворникот на 2023-08-27. Посетено на 2018-10-10.