Рахим Бурхан
македонско-германски режисер
Рахим Бурхан (ромски: Rahim Burhan; Скопје, 24 ноември 1949) — македонски режисер.
Рахим Бурхан Rahim Burhan | ||
Роден | 24 ноември 1949 Скопје, Македонија | |
---|---|---|
Националност | Македонски Ром | |
Познат | по режијата на: Не! Не Крвави свадби Божицата на виолината | |
Занимање | режисер |
Животопис
уредиБурхан е роден во Скопје на 24 ноември 1949 година. Тој е основач и раководител на Театарот на Ромите „Пралипе“ (на македонски „Братство“) во 1971 година во Скопје. Од 1991 година театарот „Пралипе“ соработува со театарот „Андер Рур“ во Милхајм, Германија[1]. Режирал многу претстави како: „Не! Не“, „Божицата на виолината“ („Маутие“), „Крвави свадби“, „Бибахтали“ („Несреќа“), „Соске“ („Зошто“), „Тхагар Едип“ („Кралот Едип“), „Орестија“, „Отело“, „Јерма“, „Ѕидот, водата“ и други. Живее во Нојс, Германија.
Наводи
уреди- ↑ Бубевска, Александра (12 септември 2004). „Режисерот Рахим Бурхан повторно во Македонија“. А1. Посетено на 2009-12-25.
Надворешни врски
уреди- Интервју со Бурхан Архивирано на 4 март 2016 г. Глобус магазин
- Website des Theater an der Ruhr Архивирано на 7 февруари 2009 г.
- Website von Pralipe Архивирано на 14 септември 2011 г.
- Germanistisches Magazin der Universität Szeged über Pralipe (2006)[мртва врска]