Македонска ракометна супер лига (мажи)
Македонската Ракометна Супер Лига е најдобро ракометно натпреварување во Македонија. Ракометната Федерација на Македонија е рангирана на 34-то место во светот.[1]
Земја | ![]() |
---|---|
Конфедерација | ЕХФ |
Создадена | 1992 |
Број на екипи | 12 |
Испаѓање во | Прва лига мажи |
Ниво на пирамидата | 1. ранг |
Домашен куп(ови) | Куп на Македонија Суперкуп на Македонија |
Меѓународни куп(ови) | Лига на шампиони Европска лига Европски куп |
Тековен првак | Еурофарм Пелистер 2022/23 (7. титула) |
Најмногу титули | Вардар 1961 (15 титули) |
ТВ партнери | МТВ |
Мрежна страница | macedoniahandball.com.mk |
![]() |
Формат Уреди
Супер лигата за мажи брои вкупно 12 екипи, а натпреварите од првиот дел се играат по еднокружен бод систем од 10 екипи (2 х 9 = 18 кола). Двете екипи кои се учесници во СЕХА лигата имаат загарантирано учество во плејоф фазата.
По завршување на 18. коло од државното првенство – Прв дел, прво пласираните четри екипи од Супер лигата вклучувајќи ги и двете екипи кои настапуваат во СЕХА лигата, играат плејоф за одредување првак на Македонија, учесници во Сеха лигата и пласман во Европските купови. Екипите почнуваат од 0 бодови.
Екипите кои завршиле од 5. до 10. место во првиот дел, играат плеј-аут натпревари, 5 кола Х 2 = 10 кола, односно вкупно 28 кола за секоја екипа. Екипите кои заземаат од 5. до 12. место во плеј-аутот, продолжуваат со освоените бодови од 1.-18. коло во ново направената мини табела составена од резултатите постигнати помеѓу плејаут екипите.
По завршувањето на 28. коло од првенството, 12. пласираната екипа од Супер машката лига ја напушта лигата, а 11. пласираната екипа игра бараж натпревар со 2. пласираната екипа од Првата машка лига за 11. место во Супер лигата. Прво пласираната екипа од Првата машка лига директно влегува во Супер лигата.
Шампиони Уреди
Победници по сезона Уреди
Сезона | Првак |
---|---|
1992/93 | Пелистер |
1993/94 | Пелистер |
1994/95 | Борец Агропин |
1995/96 | Пелистер Еврокар |
1996/97 | Преспа Јафа Промет |
1997/98 | Пелистер |
1998/99 | Вардар Ватростална |
1999/00 | Пелистер |
2000/01 | Вардар Ватростална |
2001/02 | Вардар Ватростална |
2002/03 | Вардар Ватростална |
2003/04 | Вардар Ватростална |
2004/05 | Пелистер Кометал |
2005/06 | Металург |
2006/07 | Вардар ПРО |
2007/08 | Металург |
2008/09 | Вардар ПРО |
2009/10 | Металург |
2010/11 | Металург |
2011/12 | Металург |
2012/13 | Вардар ПРО |
2013/14 | Металург |
2014/15 | Вардар |
2015/16 | Вардар |
2016/17 | Вардар |
2017/18 | Вардар |
2018/19 | Вардар |
2019/20 | Прекината сезона[1] |
2020/21 | Вардар 1961 |
2021/22 | Вардар 1961 |
2022/23 | Еурофарм Пелистер |
Клуб | Титули | Сезони |
---|---|---|
Вардар | 1998/99, 2000/01, 2001/02, 2002/03, 2003/04, 2006/07, 2008/09, 2012/13, 2014/15, 2015/16, 2016/17, 2017/18, 2018/19, 2020/21, 2021/22 | |
Пелистер | 1992/93, 1993/94, 1995/96, 1997/98, 1999/00, 2004/05, 2022/23 | |
Металург | 2005/06, 2007/08, 2009/10, 2010/11, 2011/12, 2013/14 | |
Борец | 1994/95 | |
Преспа | 1996/97 |
ЕХФ коефициент ранг Уреди
|
Рангирање на Лигата по сезони:
|
Поврзано Уреди
Белешки Уреди
- 1. a : Поради ширењето на заразата COVID-19 од вирусот SARS-CoV-2, Ракометната Федерација на Македонија на 12 март 2020 (после 17 одиграни кола) одлучила, поради безбедноста на ракометните работници, привремено да ја суспендира Супер лигата и останатите натпреварувања организирани од Федерацијата.[3] На 13 мај било одлучено дека првенството нема да добие сезонски првак, а дека лигата ќе биде проширена на дополнително две екипи од Првата лига.[4][5]
Наводи Уреди
- ↑ „International Handball Federation“. Архивирано од изворникот на 2017-07-31. Посетено на 2013-08-08.
- ↑ European cup 2018-2019 Men. Европска ракометна федерација.
- ↑ „Соопштение за јавност“. Ракометна Федерација на Македонија преку web.archive.org. 12 март 2020. Архивирано од изворникот на 2020-03-13. Посетено на 24 мај 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Официјално: Ракометната сезона без шампион, Супер-лигата проширена на 14 екипи“. ekipa.mk преку web.archive.org. 13 мај 2020. Архивирано од изворникот на 2020-05-18. Посетено на 24 мај 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Потврдено: Супер-лигата проширена, стартот без СЕХА-лигашите, но со шест нови екипи“. sportmedia.mk преку web.archive.org. 13 мај 2020. Архивирано од изворникот на 2020-05-24. Посетено на 24 мај 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
Надворешни врски Уреди
- Ракометна федерација на Македонија Архивирано на 7 март 2016 г.